1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

"Неограничен интернет" и "Политика за фер користење"

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од dekomote, 6 Јуни 2019.

  1. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Дали некој може да ми објасни како телеком може да пишува и да нуди неограничен интернет со политика за фер користење 1ТБ после кои интернетот се прекинува тотално? Како е тоа неограничен интернет? Можам ли да го оспорам договорот со ова?
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,643
    23 Јануари 2008
    Манга
    Неограничен би значело и пристап до сите можни адреси, како и неограничен во брзина.
     
  3. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    неограничен во брзина не е, убаво си пишува 50/50

    >пристап до сите можни адреси
    Па колку што знам по закон не може да ти ограничуваат адреси секако.
     
  4. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    342
    321
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Во оваа наша чудесна држава сė е возможно и секој си толкува како му одговара. Во културни земји ваквата непрецизност скапо се плаќа.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не, зашто се заштитени со политиката на фер користење, затоа е и напишана.
     
  6. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Ама тоа не е политика за фер користење, тоа е ограничување. Политика за фер користење е да ти намалат брзина, да ти намалат аптајм во зависност од искористеност итн итн
     
    На SmartGuru и moongose им се допаѓа ова.
  7. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    цитирам: „Вклучен интернет месечен сообраќај (download + upload) - Неограничен. Доколку интернет сообраќајот надмине 1ТБ месечно според политиката на фер користење, интернет услугата се прекинува;“

    Баш вака пишува во договорот.
     
    На DarthJe5us му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kazaam

    Kazaam
    Gaining Experience

    130
    81
    20 Септември 2013
    Машко
    Затоа си земаш од Неотел интернет, истата мрежа, само политика на фер користење 5ТВ и после мислам само ја намалува брзината, ама не сум сигурен за ова последново
     
  9. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    521
    450
    20 ноември 2013
    Машко
    епа ти го имаат кажано дека ќе го прекинат затоа се читаат договорите до крај... тоа Неограничен е маркетинг трик / есхол дизајн

     
    На barneymk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Јасно ми е, го прочитав до крај, сеа глеам ако можам да се ратисам од нив, да си идам на неотел.
     
    На Вајкинг му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Па тоа е тоа, нивната политика на фер користење е да ти го исклучат интернетот штом надминеш еден тера. Кај ВИП политиката на фер користење е да ти го успорат штом надминеш 700 или 750 гига, не знам точно. Во секој случај не можеш ништо да оспориш зашто они си се правно покриени.
     
  12. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Тоа и планирам, само имам уште 8 месеци договор со телеком :(
     
  13. imortel

    imortel
    Gaining Experience

    98
    125
    18 Февруари 2012
    Машко
    И јас до пред некое време користев од “неограничениот“ интернет на ВИП, 500 гига лимит, штом ги надминеш брзината од 150mbps паѓаше на 50, па штом надминев 750гига брзината ми паѓаше на 5mbps.
    Во договорот стои дека доколку 3 месеци по ред корисникот го надминува трансферот предвиден со политиката за фер користење, операторот ќе започне со зголемување на сметката.
     
    На boro1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toplel

    toplel
    On your way to fame

    551
    587
    18 Август 2016
    Машко
    Слобода имаме сите, така? Епа, таа не е неограничена иако самиот термин иницијално не тера да мислиме така. Таа има „граници“ и престанува сѐ додека не ја нарушиш слободата на друг и обратно. Зошто, аку не беше условена и ограничена кој ќе ти ја гарантираше тебе слободата?

    Така и со „неограничениот“ интернет. За да овозможат доволно „дата“ за сите корисници подеднакво во секое време, компанијата зема за право да одредува ограничување што тие сметаат дека би задоволила (карикирам) минимум 95% од корисниците на таа услуга. Во случајов, останатите 5% што трошат на 1TB интернет се зема предвид дека го користат за профитабилни цели, односно заработуваат на некој начин и не би имале финансиски хендикеп за доплата.

    И, секако, главно служи како маркетингшки трик со тоа што со фуснота се дополнува значењето. За сѐ да биде транспарентно треба да се одземе статусот и користењето на такви ексклузивни права што е законски дозволено. Исто како во промотивните флаери на фирмите кај шо најдолу пишале: „Име на Фирма“, го задржува ексклузивното право на ревизија на цените во случај на грешка. Пишале на флаер пример телефон од 20,000 мкд за 16,000 мкд. и сега ојш да го купиш во салон и ти викет: Извини дечко, тој е 18,000 мкд. А тие уствари намерно го пишале за да примамат муштерии ама, уживкич, целосно си се покриени од тон „ексклузивни“ права.
     
    На Rukfash и Krkac им се допаѓа ова.
  15. Mr.47

    Mr.47
    Intern

    32
    30
    13 Февруари 2018
    Машко
    ВИП имаат мислам две граници. Едната е 500гб, закоја сум сигурен 100%, а за другата не знам. После 500гб, 150 => 50, a за втората не знам колку е намалувањето, затоа што само еднаш сум отишол.
    Вип се тешка го*нарија, со оглед на тоа дека кај Близу немаше фер политика, беше баш неограничен(FLAT; GB=∞), па овие го направија со фер.

    Нема логика никаква да користиш НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ, па да ставиш ФЕР КОРИСТЕЊЕ каде што те сечат на 0. Без разлика на операторот(Телеком во случајов). Ова неограничен со кинење на брзина е исто како БЕЗДНА длабока 100 метри.....

    Ја се мислам на префрлање, најмногу поради ТВ(арена), но интернетот не ми се свиѓа ич. 60mbps D/S и пад од 90мбпс споредено со моите од близу 150, и ТОТАЛНО НЕПОТРЕБЕН 60 U/S, иако поголем за 55 од тој на близу.
    Не ми се случило да надминам 1тб, и можеби и не би надминал ни тука кај телеком, но по одредени коментари дека ТВ-то јаде ГБ, ме премислува и тоа.
     
    На Krkac и NecrotoX им се допаѓа ова.
  16. imortel

    imortel
    Gaining Experience

    98
    125
    18 Февруари 2012
    Машко
    Оператор: Само уредот е 20 000 денари, на претплата од 2500 денари месечно е 16 000 денари.
    Тоа се тие ефтини маркетинг трикови, исто како на СуратТефтер(Facebook) групите за продажба, ставиле слика од “вметни артикл“ со наслов се продава нов/половен без цена.
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,179
    8,519
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Исто и јас. Ќе им претам секој месец со по еден меил дека после 15 години претплата кај со 4 пакети во 4 стана ќе ги менувам за Неотел. Ќе им речам дека единствен начин да ме задржат како клиент ќе биде истото тоа да го плаќам само 99 денари месечно. Секако дека нема да сакаат, ама бар ќе ги дупам, како што тие ме дупат мене толку години со Неограничен интернет и неФЕР политики.
     
    На Multipass, Rukfash, Krkac и уште 6 други им се допаѓа ова.
  18. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,286
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Неограничено до 1тб со брзина од 50/50, после тоа брзината паѓа на 2/2 и е неограничен (ако можеш и 100 тб направи со таа брзина). На хартија е неограничен само што после тие 1тб интернетот станува неподносливо спор.
     
  19. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    342
    321
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Неограничен интернет со политика на фер користење каде што брзината се намалува после исполнување на одреден сообраќај е во ред, бидејќи реално интернет можеш да користиш неограничено и по надминувањето на одредената квота, но во случајов каде целосно се прекинува користењето на интернет после надминувањето на одредена квота се коси со зборот НЕОГРАНИЧЕН.

    Она што мене ми е посебно нејасно (а често има тука кои пишуваат дека треба да прочиташ пред да потпишуваш договор) е како тој договор поминал низ АЕК. Имено, секој договор кој се презентира на корисниците мора да помине на ревизија во Агенцијата за Електронски Комуникации. Кога во преходната фирма каде што работев, составував договор за склучување со корисници пред 2-3 години, договорот ми беше вратен 3-4 пати на доработка дури и за најмали ситници.

    Вакви маркетиншки трикови не треба да бидат дозволени од страна на АЕК.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    743
    527
    11 ноември 2015
    Машко
    Јас сум на оператор од мојот град Гевгелија, истото и кај нив е напишано во договорот, За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење. Јас сум на 50/50 на 400+гб ограничен, после надминувањето на лимитот ми се намалува интернетот на 2/2, но не прават проблем ако им се јавам и им речам да ми пуштат, само да не се повторува истото секој месец. Јас им се имам јавено до сега 3-4 пати, без разлика на кој период од месецот сме. Инаку интернет и телевизија плаќам 1200денари.
     
  21. xristijanGTI

    xristijanGTI
    Gaining Experience

    274
    296
    7 Март 2011
    Машко
    Студенат
    Не е точно после надминување на 1тб НЕМАШ ВООПШТО ИНТЕРНЕТ, го искусив тоа предходниот месец, иако не знам кај ги потрошив 1тб никој дома нема....тоа е друг муабет, бтв ми се јавија и ми дадоа број од некоја си екипа што требало да дојде да утврди дека сето тоа потрошено (1тб) е поради лош/расипан рутер......КАКО!?????

    И да сите проблеми почнаа со промената од 3 макс оптик на магента 1, колку магично.
     
  22. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    592
    558
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ова е по старо .. по ново им вика дека гасат скроз и да си докупиш ехтра 10GB за 199мкд .. тука е проблемот со неограничен, а да си докупиш

    по старо беше да неограничен, со намалена брзина
     
  23. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    592
    558
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    нивни зборови (може имаш обновено пред ова? пошто ова е по тазе ствар):

    "Пакетите со неограничен интернет подлежат на Политика на фер користење од 1 TB. По надминување на сообраќајот од 1 TB, услугата се прекинува и во интернет прелистувачот се појавува страница преку која можете да докупите интернет сообракјај од 10 GB за 199 ден. со важење до крајот на месецот"
     
  24. dekomote

    dekomote
    On your way to fame

    289
    509
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Не е така со новите пакети (од лани) Сега скрос губиш нет и треба да си доплаќаш
     
  25. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,286
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Е тоа незнам, кај мене кога ќе надминам (во екстремни случаеви) ми се намалува. Корисник на 3 Макс пакет.

    Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...