D
Администратор
Интернетот конечно го препозна распадот на Југославија и на Србија и Црна Гора им одобри посебни национални домејни, па така од крајот на оваа година, српските сајтови ќе завршуваат на суфиксот .RS а црногорските интернет страни ќе го добијат .ME домејнот.
Одобрувањето на домејните од страна на Интернет организација за доделување имиња и броеви (ICANN), значи дека досега употребуваниот суфикс .YU ќе замине во историјата. Управниот одбор на ICANN наложил промената на кодовите целосно да биде завршена до 30 септември 2009-та година.
Процедурата на гаснење домејни на интернет не се случува многу често, поради што е прилично сложена и бавна. Во случајот со Србија и Црна Гора, главниот проблем беше политиката. Со поделбата на Југославија, наместо тогашниот .YU, Србија и Црна Гора го добија кодот .CS, кој никогаш не беше употребен поради распаѓањето на заедницата.
Превземено од Он.нет