1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нема повеќе СМС пораки на Android!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Allex, 13 oктомври 2013.

  1. Allex

    Allex
    Practice makes perfect

    810
    1,028
    8 Март 2013
    Машко
    [​IMG]


    Да, добро прочитавте, најверојатно Google целосно ќе ги отстрани СМС пораките на новите Android уреди или барем таа политика ќе важи за сите смартфони откако ќе направат надградба со новиот софтвер.

    [​IMG]

    Но, пред да се исплашите дека повеќе нема да може да се допишувате и да испраќате пораки треба да знаете дека целта на Google е да го искористи својот сервис за комуницирање Hangouts во кој се вклучени бесплатни пораки, но тој функционира како чет, а некако SMS сервис


    [​IMG]

    Според основачот на Android Police Артем Русаковски, кој во последно време открива најнови информации, Google ќе ја направи оваа промена со наредната надградба на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и сигурно ќе ги изнервира операторите кои ќе изгубат голем дел од профитот за испраќање на СМС пораки.

    [​IMG]

    Од друга страна пак оваа идеја и не е така лоша, потребно е само сервисот Hangouts да биде компатибилен со сите мобилни платформи како iOs, BlackBerry и Windows со што ќе имаме можност за бесплатно допишување.

    [​IMG]

    Втората пречка која ќе треба да ја надмине Google е да ги направи пораките достапни за обичните телефони, како и за тие кои немаат инсталирано Hangouts, што во овој момент изгледа невозможно, па затоа и оваа протечена информација земете ја со блага резерва.

    Извор
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Apple лајкс дис


    [edit]
    Не, сериозно!
    На кој му е потребна ваква кретенска постапка. Прво и основно: Ова ќе биде пречекано на нож во Америка ..па и во Европа.
    За порака ти треба интернет. Добро.
    Ваљда се раководат од логиката каде што има GSM сигнал ќе има и интернет ама Google девелоперите изгледа не знаат дека постојат и вукојебини каде што интернетот е скап. Да сум безобразен би рекол дека една од тие вукојебини сме ние ама не сум безобразен и не велам така :D
     
    viktoraleks, dejan_str, RagingDemon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. LifeBindeR

    LifeBindeR
    Intern

    107
    37
    29 Мај 2013
    Машко
    Голем феил од гугл ако ова е точно. Значи јас сум припејд и ако сакам да испратам порака треба да вклучам 3Г да ми земе 20-30денара и да пишам порака...
     
  4. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,294
    2,565
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Уште не е време за вакво нешто. Има категории корисници (припејд на пример), на кои овој сервис нема да им испадне бесплатно. Покрај тоа има алтернативни сервиси (WhatsApp, Viber) кои веќе го нудат ова, паралелно со обичниот СМС сервис.
     
  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Расипан телефон е муабетов, гугл нема вакви рестриктивни политики. Најверојатно се работи за некоја верзија на вистината пренесена од новинар кој има работно искуство стекнато во Македонија.

    СКАНДАЛОЗНО!!! НА КИМ КАРДАШИЈАН И СЕ ВИДЕ ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДАТА!!!

    ЕКСКЛУЗИВНО: ПРВИ ГО ПРЕВЕДОВМЕ ТЕКСТОВ ОД ИНТЕРНЕТ ВОВ, КЛИКНЕТЕ НА ЕДЕН ОД 50ТЕ ФЛЕШ БАНЕРИ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА ВИП/ТМОБИЛ/ОНЕ...

    Куротресонија.
     
    На viktoraleks, The_Man, kjosmofon и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Како беше она, македонски портали партали :oh:
    Така е кога некој ќе слушне/прочита нешто и нема да разбере, па ќе си додаде нешто од себе...
    Гугл во новата верзија на Андроид нема да ги тргне СМС пораките (ЛОЛ) туку ќе ги интегрира во Hangouts апликацијата, т.ест нема да има Messaging апликација.
     
    На HoLfElDeR, The_Man, xhktw и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,787
    19 Мај 2011
    Машко
    SMS и Hangouts ќе бидат една иста апликација во андроид 4.4. Овие од телефони.мк можат извршат самоутепанство !
     
    HoLfElDeR, тотето, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Allex

    Allex
    Practice makes perfect

    810
    1,028
    8 Март 2013
    Машко
    И јас помислив дека ќе биде така, сакав само да видам мислења. Инаку на многу портали кружеше веста не само на овој...
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Ова е само погрешна интерпретација.

    Hangouts во себе ќе го интегрира СМС сервисот/апликацијата. Намерата е сите различни апликации кои се наменети за комуникација да бидат интегрирани во еден софтверски пакет со што ќе се добие можност за голема интеграција на контакти, логови на комуникација и слично.

    Колку што можам да прочитам на кратко Hangouts ќе го побара вашиот мобилен број (исто како и досега апликацијата за SMS) со цел да може да праќа и прима SMS пораки. Пртпоставувам дека тогаш кога е можно SMS ќе стигне бесплатно а кога не апликацијата ќе го користи SMS сервисот на мобилниот оператор.

    Едит: БРЕЕЈ колку наеднаш пишале пред мене. Да знаев не се мучев да арчам зборови. Ј/К :D Добро е ова.
     
    На SaleSk, RagingDemon, Allex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Allex

    Allex
    Practice makes perfect

    810
    1,028
    8 Март 2013
    Машко
  11. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Ова. Плус во најновото видео од 7 минути од Нексус 5 нема Messaging апликација.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    868
    524
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Ова според мене се деинформации..
     
  13. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    329
    8 Мај 2007
    Нема шанси да се случи ова. Доколку гугл се ддрсне да го иведе тоа, тогаш производителите и операторите ќе стават изменета верзија на андроид која ја соржи потребната подршка за СМС(и моментално речиси сите телефони доаѓаат со custom-изирана верзија на андроид).
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
    Moре море нашиве портали незнаат и да превеедат како што треба .

    Со андрод 4.4 во hangouts ќе биде интегрира SMS апликацијата ,а се очекува во галеријата да биде интегрирана G+ photos и youtube да биде интегриран во видеа .
    [​IMG]

    Сепак Самунг, Сони , Хтц во нивниот софтвер ваљда повторно ќе ставаат нативна апликација за пораки.

    ps: Овие telefoni.mk бетер од gsm.mk биле . Новиот таблет на Самсунг офпозади обложен со кожа:oh:
     
    На dejan_str, тотето, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. тотето

    тотето
    Спамер

    705
    673
    4 oктомври 2011
    Машко
    Без гајле, Младен ќе го хакни андроид и ќе овозможи пораки.
     
    На MarkoHF и xhktw им се допаѓа ова.
  16. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,490
    2,483
    14 Мај 2008
    Машко
    Толкава узбуна кренавте. И да се случи ова (а нема) тогаш солуција би било инсталирање на SMS.apk од предходен ром и чао пријатно. Не се ко Apple па да биде скроз затворен оперативниот систем....
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.
  17. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Предходен ром на 4.4? :uwotm8:
    Нема шанси да биде компатибилно постаро SMS.apk на понова верзија Android, али како и да е кажано е дека ќе биде интегрирано во Hangouts.
     
  18. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,331
    1,448
    25 Март 2013
    Машко
    Мастер планот на Гугл како што сигурно и повеќето знаете е се да биде аплоудовано во облак.
    -затоа сите контакти од телефонот автоматски ги зачувува на гугл акаунтот
    -затоа нудат солидно простор на Гугл Драјв, а не нудат подршка за мемориска картичка за Нексусите.
    -затоа е интеграцијата на сликите
    -и затоа е и ова со пораките се со цел сите пораки да бидат зачувани на акаунот.

    Со тоа се што имаме на телефонот за некои сервиси практично ќе има и своја back up копија на cloud.
    Овој Гугл за некое време ќе почне да ме знае подобро одколку што се познавам самиот себеси
     
  19. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    И да не биде компатибилно, има апликации за СМС/ММС, Sliding Messaging на пример.
    Али како што беше кажано и претходно, веста нема ни врска ни логика, Гугл ќе ги укинува смс пораките (хахах) во време кога Т-Мобиле ги направи СМС пораките бесплатни во над 100 земји (не и во нашата вукојебина), seems legit.
    http://www.droid-life.com/2013/10/0...-takes-lte-network-nationwide-to-233-markets/
     
  20. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,034
    512
    9 Мај 2012
    Машко
    Мислам дека може ,тоа ќе биде како парче системски портиран фајл за тој-тој верзија и ќе биде компактибилен не е ова iOS туку Open Sourse Андроид :)
     
  21. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Сакаш да ми кажеш дека .apk од Gingerbread ќе работи исто така и на ICS/JB?
     
  22. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,490
    2,483
    14 Мај 2008
    Машко
    Да.
     
  23. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,294
    2,565
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Генерално да, ама тука збориме за системска апликација, и може да прави проблем со клучевите искористени за потпишување на апликацијата. Не мора, но може.

    Ама да, било која не-системска апликација која може да се инсталира како нормална апликација, ќе функционира.
     
  24. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,034
    512
    9 Мај 2012
    Машко
    Да може,ама за жал можно е да се појави Force Close поради системски не се усогласуваат ама можно е да се заобиколи на пример апк.фајл од ХТЦ сенсајшн портиран во ХТЦ оне Х и т.к.н Еве на пример exe.file од Виндоус ХП ќе тера и на виста :)
     
  25. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    И не само тоа?ако се сличи тоа 1000 SMS апликации ке излезат на google play.Барем Со андроид е лесно кога е во прашање правење апликации
     

Сподели

Вчитување...