D
Администратор
Преку форумов имам забележано дека на голем број од корисниците (барем тука), целта им е како да се заработи на Интернет, бидејќи чуле (но не дочуле) дека е многу "лесно" и "за кратко време можат да се направат огромни пари."
Неколку пати имам разговарано на оваа тема со неколку членови, и со овој пост, напишан од лично искуство, би сакал да напишам нешто кое се надевам би било основа за сите оние кои планираат да почнат онлајн бизнис или оние кои би се вклучиле во некоја програма...
Епа да разрешиме неколку работи кои очигледно не се јасни:
- "Пари лесно се заработуваат на Интернет бидејќи промоцијата на продуктите/услугите е многу лесна и брза"
Точно е дека Интернетот овозможи брзо создавање на пазар и промовирање на продукти навистина брзо и ефикасно, и секаде го читаме тоа... со помош на Интернетот Гугл стана Гугл, MySpace направи милиони, YouTube се продаде за милијарди, Yahoo! стана тоа што е, и многу други примери... читајќи и гледајќи ги овие и сличните примери, многу луѓе си претпоставуваат дека истото ке се случи и со нивниот продукт/услуга... а тоа не е точно. За да ви се случи и на вам истото, потребно е да поседувате оргинален производ или услуга која му е потребна на некого. Не очекувајте дека со правење на веб страна (колку и да е супер истата) ке се случи бум и веднаш ке бидете контактирани од Гугл да ви ја купи страната или продуктот.
- "Најлесно се заработува со ставање на реклами" (пр. AdSense)
Да, точно е дека луѓе заработуваат и по 600, па и 100,000 долари месечно преку AdSense и слични програми, но не е точно дека и вие ке заработите големи пари доколку направите веб страна со цел да ставите AdSense и да правите "огромни пари". За оние кои го имаат пробано принципот на рекламирање преку автоматизирани сервиси, знаат што зборувам и уште поважно знаат колку е тешко да се заработи првиот долар, е на па да се заработи минимумот за исплата. Освестете се малку, потребно ви е повторно, нешто оргинално за вистинска заработка и знајте тие програми обично имаат неколку милиони корисници кои секојдневно прават нови страни и се обидуваат да заработат.
- "Јас ке заработам огромни пари бидејќи го правам истото што го правел некој кој сега е познат и има милиони, затоа што го читам неговиот блог"
Блоговите на кои луѓе ви кажуваат како да заработите пари затоа што они направиле милиони или затоа што се добри во душата и сакаат да ви помогнат се чиста глупост. Обично на таквите блогови/сајтови нивните креатори се обидуваат да ви ја продадат нивната книга, да го искористат вашето присуство за да заработат од продажба на реклами или пак за да создадат своја публика која би им го покачила рејтингот и истите би биле повикани на семинари и конференции и би биле платени за тоа. Во човечката природа е да бидеме скржави, особено за начини како да се заработи богатство, размислете го убаво тоа. Никој (ок, има случаи) нема да ви каже како да направите исто пари како него затоа што тој е оној кој сака секогаш да биде над вас, да биде вашиот "бог".
- "Другар ми заработува преку оваа или онаа онлајн програма, знам 100%, ми кажа колку пари заработува и ми покажа онлајн"
Ајде де... почнете да размислувате... исто како што нема да ми верувате мене сега кога ке ви кажам дека сум Супермен, исто не треба да верувате во се` што ке чуете и видите (да дојде времето кога и она што го гледаме може да не е точно, пример тука.) На еден македонски блог кој "ги учи посетителите" како да "заработат онлајн", кој нема да го споменам затоа што е чиста глупост, го прочитав следново:
"На сите оние кој ке се РЕГИСТРИРААТ на овие 6 веб сајта, им ГАРАНТИРАМ во првиот месец 30 $ (само вие да кликате)..Бидејки секој од вас, сам, на овие сајта најмалку ке прави по 5 $ долари месечно, + ако викнете барем 1 до 2 активни ваши луге кој ке кликаат (што е многу лесно), тогаш ви ГАРАНТИРАМ 70 $, па и нешто повеке.
А замислете 5 ваши луге (тогаш 140 $ )...а 10 луге..."
Овие пирамидални шеми се едни од најголемите измами кои постојат денеска на Интернет. За оние кои сакаат да дознаат повеќе, како пример ја посочувам корпорацијата Quixtar (да да, оргинална, регистрирана Американска корпорација), за повеќе тука.
- "Па еве јас заработувам онлајн, зошто трескаш глупости"
За сите оние кои се тврдоглави и ке ми кажат дека не сум во право, и на некој начин успеале да заработат пари на Интерент преку оние лесни методи, ке им дадам пример кој денеска го слушнав, од еден член на овој форум:
Членот ми кажа дека преку некој сајт каде што пишува кратки (една страна ваљда) артикли е платен откако истите ке бидат одобрени. И дека ги заработил своите први 4$... му реков браво, а после што го запрашав е колку сати има потрошено за да ги напише истите, ми одговори околу 4 часа... проста математика, 4 часа / 4$ испаѓа дека работи за 1$ на час... Wow a? Замислете да работи 400 часа, ке направи 400 долари... така? Ех драги мои, 400 часа се 17 дена работа ден и ноќ, а просечно човекот работи по 5-6 часа дневно... да кажеме да работи 5 часа, ке му се потребни (од памет, извинете ако грешам) околу 80-90 дена за да ги заработи тие 400 долари. Тоа се три месеци. Па доколку поседувате барем некој квалитет, јас би ве вработил за 400$ на три месеци плата ама секој ден да работите еве, немора 5, по 4 часа... ама работа 4 часа! You get my point?
Но и покрај сето ова... вистина е дека може да заработувате онлајн.
Со сите примери што ги кажав не реков дека е невозможно да заработите онлајн, туку дека е претешко (блиску до невозможно) да заработите ако целта ви е само правење пари, или следите некои патерни за заработка на интернет. Доколку размислите малку, сето тоа време кое го трошите во правење на лажни сајтови или сајтови кои не се баш вистински, доколку малку размислите можете да почнете нешто навистина иновативно, уникатно, и да заработите на тоа.
Направите производ/услуга и тогаш седнете и планирајте како да го монетаризирате тоа што го имате. Првин смислите што ке правите и што ке нудите (за да остварувате сообраќај мора да сте им потребни на Интернет корисниците бидејќи тие го диктираат вашето опстојување, не обратно), па потоа која програма за рекламирање ке користите.