Неколку вистини за правење пари онлајн

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од D, 10 Декември 2007.

  1. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Преку форумов имам забележано дека на голем број од корисниците (барем тука), целта им е како да се заработи на Интернет, бидејќи чуле (но не дочуле) дека е многу "лесно" и "за кратко време можат да се направат огромни пари."

    Неколку пати имам разговарано на оваа тема со неколку членови, и со овој пост, напишан од лично искуство, би сакал да напишам нешто кое се надевам би било основа за сите оние кои планираат да почнат онлајн бизнис или оние кои би се вклучиле во некоја програма...

    Епа да разрешиме неколку работи кои очигледно не се јасни:
    - "Пари лесно се заработуваат на Интернет бидејќи промоцијата на продуктите/услугите е многу лесна и брза"
    Точно е дека Интернетот овозможи брзо создавање на пазар и промовирање на продукти навистина брзо и ефикасно, и секаде го читаме тоа... со помош на Интернетот Гугл стана Гугл, MySpace направи милиони, YouTube се продаде за милијарди, Yahoo! стана тоа што е, и многу други примери... читајќи и гледајќи ги овие и сличните примери, многу луѓе си претпоставуваат дека истото ке се случи и со нивниот продукт/услуга... а тоа не е точно. За да ви се случи и на вам истото, потребно е да поседувате оргинален производ или услуга која му е потребна на некого. Не очекувајте дека со правење на веб страна (колку и да е супер истата) ке се случи бум и веднаш ке бидете контактирани од Гугл да ви ја купи страната или продуктот.

    - "
    Најлесно се заработува со ставање на реклами" (пр. AdSense)
    Да, точно е дека луѓе заработуваат и по 600, па и 100,000 долари месечно преку AdSense и слични програми, но не е точно дека и вие ке заработите големи пари доколку направите веб страна со цел да ставите AdSense и да правите "огромни пари". За оние кои го имаат пробано принципот на рекламирање преку автоматизирани сервиси, знаат што зборувам и уште поважно знаат колку е тешко да се заработи првиот долар, е на па да се заработи минимумот за исплата. Освестете се малку, потребно ви е повторно, нешто оргинално за вистинска заработка и знајте тие програми обично имаат неколку милиони корисници кои секојдневно прават нови страни и се обидуваат да заработат.

    - "Јас ке заработам огромни пари бидејќи го правам истото што го правел некој кој сега е познат и има милиони, затоа што го читам неговиот блог"
    Блоговите на кои луѓе ви кажуваат како да заработите пари затоа што они направиле милиони или затоа што се добри во душата и сакаат да ви помогнат се чиста глупост. Обично на таквите блогови/сајтови нивните креатори се обидуваат да ви ја продадат нивната книга, да го искористат вашето присуство за да заработат од продажба на реклами или пак за да создадат своја публика која би им го покачила рејтингот и истите би биле повикани на семинари и конференции и би биле платени за тоа. Во човечката природа е да бидеме скржави, особено за начини како да се заработи богатство, размислете го убаво тоа. Никој (ок, има случаи) нема да ви каже како да направите исто пари како него затоа што тој е оној кој сака секогаш да биде над вас, да биде вашиот "бог".

    - "Другар ми заработува преку оваа или онаа онлајн програма, знам 100%, ми кажа колку пари заработува и ми покажа онлајн"
    Ајде де... почнете да размислувате... исто како што нема да ми верувате мене сега кога ке ви кажам дека сум Супермен, исто не треба да верувате во се` што ке чуете и видите (да дојде времето кога и она што го гледаме може да не е точно, пример тука.) На еден македонски блог кој "ги учи посетителите" како да "заработат онлајн", кој нема да го споменам затоа што е чиста глупост, го прочитав следново:
    "На сите оние кој ке се РЕГИСТРИРААТ на овие 6 веб сајта, им ГАРАНТИРАМ во првиот месец 30 $ (само вие да кликате)..Бидејки секој од вас, сам, на овие сајта најмалку ке прави по 5 $ долари месечно, + ако викнете барем 1 до 2 активни ваши луге кој ке кликаат (што е многу лесно), тогаш ви ГАРАНТИРАМ 70 $, па и нешто повеке.
    А замислете 5 ваши луге (тогаш 140 $ )...а 10 луге..."

    Овие пирамидални шеми се едни од најголемите измами кои постојат денеска на Интернет. За оние кои сакаат да дознаат повеќе, како пример ја посочувам корпорацијата Quixtar (да да, оргинална, регистрирана Американска корпорација), за повеќе тука.

    - "Па еве јас заработувам онлајн, зошто трескаш глупости"
    За сите оние кои се тврдоглави и ке ми кажат дека не сум во право, и на некој начин успеале да заработат пари на Интерент преку оние лесни методи, ке им дадам пример кој денеска го слушнав, од еден член на овој форум:

    Членот ми кажа дека преку некој сајт каде што пишува кратки (една страна ваљда) артикли е платен откако истите ке бидат одобрени. И дека ги заработил своите први 4$... му реков браво, а после што го запрашав е колку сати има потрошено за да ги напише истите, ми одговори околу 4 часа... проста математика, 4 часа / 4$ испаѓа дека работи за 1$ на час... Wow a? Замислете да работи 400 часа, ке направи 400 долари... така? Ех драги мои, 400 часа се 17 дена работа ден и ноќ, а просечно човекот работи по 5-6 часа дневно... да кажеме да работи 5 часа, ке му се потребни (од памет, извинете ако грешам) околу 80-90 дена за да ги заработи тие 400 долари. Тоа се три месеци. Па доколку поседувате барем некој квалитет, јас би ве вработил за 400$ на три месеци плата ама секој ден да работите еве, немора 5, по 4 часа... ама работа 4 часа! You get my point?

    Но и покрај сето ова... вистина е дека може да заработувате онлајн.
    Со сите примери што ги кажав не реков дека е невозможно да заработите онлајн, туку дека е претешко (блиску до невозможно) да заработите ако целта ви е само правење пари, или следите некои патерни за заработка на интернет. Доколку размислите малку, сето тоа време кое го трошите во правење на лажни сајтови или сајтови кои не се баш вистински, доколку малку размислите можете да почнете нешто навистина иновативно, уникатно, и да заработите на тоа.

    Направите производ/услуга и тогаш седнете и планирајте како да го монетаризирате тоа што го имате. Првин смислите што ке правите и што ке нудите (за да остварувате сообраќај мора да сте им потребни на Интернет корисниците бидејќи тие го диктираат вашето опстојување, не обратно), па потоа која програма за рекламирање ке користите.
     
    На goceiva, JasSum, ImTheDude и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. NoLander

    NoLander
    Intern

    216
    15
    11 ноември 2007
    Секоја чест за оваа мислење малку е пишано со нервоза , но вистината и фактите се изнезнесени барем за гугле додека да ја направиш 50ка-та за потврда треба да мине многу време . А дали ке добиеш пари тоа е друга приказна бидејки секогаш има причина да бидеш баниран.

    ПС.
    Од Adsense не сум видел сајт на македонски кој има зарботено многу и секој месец му стига чек барем со 100ка ако има некој нека пише не мора да кажува колку зима ( со содржина на македонски)
     
  3. sstefan

    sstefan
    Intern

    73
    0
    10 Декември 2007
    bravo za postot od tebe imam uceno i pred toa :D
     
  4. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Мислењето не е напишано со нервоза, туку со желба другите малку да почнат да размислуваат пореално.

    Гугл не нуди AdSense за сајтови со македонска содржина. На таквите се појавуваат огласи од јавниот сервис на Гугл.
     
  5. Dare

    Dare
    Intern

    141
    2
    8 Април 2007
    D, не работам по 5-6 часа дневно туку едвај 2-3.
    Сервисот е Triond (www.triond.com) и испадна мала забуна со плаќањата, времето кога ти кажував имав заработено 2 долари што не е многу. На крајот сватив дека не вреди да се мачам бидејќи наплаќаат толку малку и не планирам да продолжам со тоа, верувај :D....

    Инаку, изгледа дека е вистина дека money seeds money бидејќи после 5 дена ми дојде исплата на Squidoo od 6$ за месец октомври.

    Anyway, правење пари на интернет НЕ Е ЕКСТРЕМНО ТЕШКО ниту ЕКСТРЕМНО ЛЕСНО. НАЈТЕШКО Е ДА СЕ ЗАРАБОТИ ПРВИОТ ДОЛАР. Потоа се некако оди полесно (барем според мене). Лично со 30 day challenge (www.thirtydaychallenge.com) кој го видов уште од август од кога и почнав па се до сега ми требаа, хм...4 МЕСЕЦИ да го заработам првиот долар. Persistence pays after all, huh?

    За ова:
    Направите производ/услуга и тогаш седнете и планирајте како да го монетаризирате тоа што го имате. Првин смислите што ке правите и што ке нудите (за да остварувате сообраќај мора да сте им потребни на Интернет корисниците бидејќи тие го диктираат вашето опстојување, не обратно), па потоа која програма за рекламирање ке користите.

    --------------------------------------------

    Да, со други зборови ова се вика marketing research :D. Не само на интернет, туку секаде секој сака да види нешто оригинално и иновативно, такви веројатно беа Google, Yahoo, ebay итн.

    Меѓутоа, може малку да ни дадеш некои мали инструкции или примери за правење на вакви нешта. Не зборувам за Google, ebay и слично, туку некој помал бизнис. Можеби самиот си го почнал.

    а, да и за ова...
    Со сите примери што ги кажав не реков дека е невозможно да заработите онлајн, туку дека е претешко (блиску до невозможно) да заработите ако целта ви е само правење пари, или следите некои патерни за заработка на интернет.

    -------------------------------

    D, ова не е точно. Има многу се*ковци што продаваат книги "How to make money fast" и прават огромни пари со такви работи. Меѓутоа среќата е што луѓево се повеќе сваќаат дека ова се чисти глупости и се надевам дека тие луѓе ќе завршат out of business.
    Кој е најдобриот начин да правиш 100$ per day?
    Write a book, named "How to make 100$ per day" :LOL:
     
  6. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    60
    1 Март 2007
    "Правење пари онлајн" e малку поширок поим, мене ми е многу сличен со поимот "Работење на компјутер".

    Оние што се поискусни, ќе ме сфатат. Како што поимот "работење на компјутер" не им е јасен на некои личности и мислат дека е тоа се' спаѓа во ист кош (како на пример, некој што знае microsoft word пишува во CV дека има познавање од компјутери а незнае како изгледа RAM а за Java мисли дека е нешто поврзано со коњи).
    Така и заработување на пари "онлајн" не се разликува од општо правење пари.
    Како што некој може да работи сешто на компјутер, така може и да заработува пари онлајн на безброј начини. Разликата тука е што може да се работи од било каде во светот и локацијата не е многу значајна, бидејќи се работи за интернет, нели.

    Ако човек работи и е талентиран/способен, ќе биде успешен, без разлика дали тоа е во RL или Online. Некогаш се заработува полесно, некогаш потешко, исто како и во животот.

    Сајтовите од типот pay to surf, правење refresh на сајтови и само кликање на некои линкови за да заработите ми се идентични како некој да ве плаќа да скокате во место. Или да читате некоја новина која има повеќе реклами одколку вистинска содржина, за 10 денари на ден.


    Во ред е темата, но несакам тие што планираат да заработат пари на нет да се откажат на самиот почеток. Доколку некој има воља/желба и е доволно упорен, ќе постигне нешто, само верувајте, треба време. Никој не седнал и почнал да заработува пари.
    Доколку сите процеси на заработка ви се јасни (не зборувам за pay to shit kind of sites) ќе ви требаат 6 до 12 месеци за првата реална заработка. Поуспешните ќе имаат успех и за 3.
    Работата во никој случај не е "лесна" ама може да биде многу полесна од некоја која моментално ја работите.
     
  7. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    60
    1 Март 2007
    Во суштина, ништо не лесно. А доколку се има воља и желба за нешто, не е ни екстремно тешко.
    Една иста работа, за некого е тешка за друг пак е лесна, ова важи и за online заработката.

    За мене на пример, 10 саати канцелариска работа и баратање со документи е напорно и тешко, ама прашајте некој што копа од сабајле до вечер, ќе ви каже дека тоа би било лесно.
    Истото важи и за online work :)
     
  8. Noe

    Noe
    Intern

    106
    2
    23 ноември 2007
    Како и да е во секоја работа си има своја тежина и секоја работа се вреднува некако не е ништо лесно. Се си има свое но ако се сака се се може, така да може на секаков начин да заработиш само треба да имаш добра идеја.
     
  9. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Споредување на работи, умствен vs. физички напор е малку поголема тематика.

    Со овој пост сакав само да им расчистам неколку работи на оние кои влегуваат во ова поле со многу надежи а потоа одма се разочаруваат затоа што не е така како што разбрале.

    Постот ми е повеќе наменет за оние кои немаат баш искуство, и доколку некој не се сложува - тоа е негово, ова е напишано од мое искуство.
     
  10. sonic

    sonic
    Intern

    529
    5
    13 ноември 2007
    Со други зборови најбитно е да работиш нешто во кое гледаш своја иднина и напредок и уживаш да го работиш одколку да го трошиш времето за работи кои не те ни интересираат и се без вредност... Успех секаде може да се постигне само треба упорност и добар план...
     
  11. problogger

    problogger
    Intern

    64
    0
    3 Декември 2007
    како на пример, некој што знае microsoft word пишува во CV дека има познавање од компјутери а незнае како изгледа RAM а за Java мисли дека е нешто поврзано со коњи

    Koga go procitav ova se gazev od smeenje :LOL::LOL::LOL: Mentis si :bravo: :LOL::LOL::LOL::LOL:
     
  12. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    136
    10 ноември 2007
    Машко
    Така е. :bravo::bravo:
     
  13. Dare

    Dare
    Intern

    141
    2
    8 Април 2007
    поентата е....тешко е да почнеш, понатаму се иде некако...полесно. Посебно во бизнисов и маркетингот. D би се согласил со мене.
     
  14. SurpAphicS

    SurpAphicS
    Intern

    32
    2
    26 Август 2007
    Celosno go podrzuvam ANDRIJESKI vo komentarite na ovaa tema posho D nekako so svoite komentari e samo kako demotivator na lugjeto koi sakaat da si gi ostvarat svoite idei, a pak toj kako najpameten na forumov ke im soli pamet.
     
  15. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Да ме познаваш ке ти биде јасно дека тој коментар воопшто не ти е на место. Мојот пост е реален.

    [/quote] a pak toj kako najpameten na forumov ke im soli pamet.[/quote]
    А како ја заслужив титулата најпаметен на форумот?
     
  16. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,671
    324
    8 Мај 2007
    Bi sakal da dodadam deka mnogu podobro e vremeto mesto da go trosite na klikanje po pay per shit(kako sto nekoj pred mene go narece) strani, bi bilo podobro da zemite 1, 2, 3 i povekje knigi za programiranje/dizajniranje.... i so ti znam jas drugo. Iskreno i jas "letav so umov" deka kje stanam miljoner od dva tri klika, ali bez motika nema leb. Zivotot ne e lesen. Sto porano go naucime/naucite toa podobro kje se snajdeme vo nego. It svetot nudi mnogu raznovrsni raboti, koi vredat i se dobro plateni, posebno za nasi standardi.

    p.s. Ja podrzuvam idejata na vladata za obrazuvanje :D:D:D
     
  17. GeNeRaToR

    GeNeRaToR
    Intern

    538
    6
    20 Јануари 2008
    Со гугл можеш да заработиш сериозни пари ако страната ти ја посетуваат многу пати и имаш доволен рејтинг. Прочитав за Ad-Sence од гугл колку повеќе ти е популарна страната толку повеќе пари ти довагаат на сметка.
     
  18. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Исто е тоа како да кажеш: Со добар бизнис еден ден можеш да станеш милинер.
     
  19. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,671
    324
    8 Мај 2007
    Procitano i iskuseno e sosema razlicno. Ad-sense samiot po sebe e ogledalo na trudot i inovativnosta.
    Ljuge vremeto e skapoceno a ako si go cenite 1h za 1$ togas mislam deka ne se cenite bas. Jas licno ne sum zarabotil ni cent na net, od cista pricina sto seuste sum vo faza na ucenje, t.e. na praktika. So segasnovo znaenje si priznavam ne zasluzuvam ni 1$(objektivno kazano), no toa ne znaci deka ne mi sledi idnina(barem se nadevam). Poslusajte gi postarite/poiskusnite, zatoa sto ona sto vie go pravite, tie go pominale(ova kako sovet za pomladite). I blagodaram za lekcijava, bidejki postot e iscrpen, dolg i so iskreni nameri. Bravo za avtorot!
     
  20. SurpAphicS

    SurpAphicS
    Intern

    32
    2
    26 Август 2007
    Во право си, само што ти никогаш несакаш ни да почнеш со било каков бизнис, па така да сигурно нема да е добар пошо не ни си го почнал, така да тој "еден ден" ти никогаш нема ни да го дочекаш. Не биди песимист и демотиватор на темава !!! БИДИ СИ РОБ НА СЕБЕ И НА РАБОТОДАВЦИТЕ И ЗАРАБОТУВАЈ СО РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ, ОСТАВИ ГИ ДРУГИТЕ ДА ЗАРАБОТУВААТ СО ГЛАВАТА И МОЗОКОТ !!!
     
  21. D

    D
    Администратор

    3,131
    1,352
    31 Март 2007
    Немам коментар за твојот пост.... се надевам еден ден тебе ќе ти станат некои работи јасни и дека не треба да зборуваш за луѓе кои не ги знаеш. Има разлика помеѓу поучување и демотивација. Светот не е розов, тоа е факт. :))))))))
     
  22. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    136
    10 ноември 2007
    Машко
    Колку само не си ја разбрал поентата на темава. Па на крај краева секој има право на свое мислење за некоја работа па така и @D. А ти не мораш да се согласуваш со неговото мислење. Па нели форумот е место за споделување на различни мислења и дискусии. @D во првиот пост го елаборира малку поопширно својот став околу правењето пари онлајн.

    @SurpAphicS ако ти мислиш поинаку дај образложи го малку твојот став и пробај да го разубедиш @D со факти. Со коментари како горниот што го цитирав оставаш впечаток дека многу малку ја познаваш оваа проблематика и само контрираш без аргументи. Па ти ништо не кажа зошто @D не е во право и зошто ти мислиш поинаку.:ua:
    Освен тоа, за да го изјавиш тоа во цитатот за некого треба добро да го познаваш човекот.
    Дали ти воопшто го познаваш @D, што работи, дали има претходно искуство со правењена пари онлајн? :rolleyes: Сигурен сум дека не. Па како можеш да даваш такви изјави?
    Дај малку grow up и застани тука и наместо да постираш мислења како претходните, потруди се и напиши зошто мислиш поинаку. Тоа е и целта на темата: дискусија и споделување на различни мислења. :bravo:
     
  23. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,612
    146
    11 Април 2007
    Машко
    Многу подемотивирачки е кога ќе доживееш неуспех пред се базирајќи се на некои невистини за правење пари онлајн. Доколку некој ти укажува на можните грешки свати го тоа како добро дело и заблагодари се...
    Се што напиша Д е толку генерално и можам да кажам извадоци од "букварот" по правење пари онлајн... чекор по чекор и ќе ви станат работите многу појасни.

    ПР. Во една конфекција имаш 200 вработени, секој од тие 200 се бори за поголема плата оставајќи ги моралот и етиката како сосема неважни за постигнување на целта, на крај претпоставениот ќе го коментира сработеното... замислите го интернетот како една голема конфекција со милиони вработени и уште толку претпоставени кои ќе критикуваат, уф па ние не сме ни во дворот на конфекцијата...

    Познавам одреден број на луге кои навистина заработуваат на интернет и ниеден од нив не користи некои пирамидални системи, копи-пејст методи и слични начини на работа. Доста од овие начини лично сум ги испробал и не вреди... на крај само оригиналноста, квалитетот и трудот се работите кои се пресметуваат, остатокот е само губење време.
     
  24. SurpAphicS

    SurpAphicS
    Intern

    32
    2
    26 Август 2007
    Нема врска дали јас го познавам Д, туку гледам што тој пишува и влијае психолошки на другите, значи во сите негови наслови може да се пронајдат многу примери кои се вистина и кои сепак кога почнале заработувале 4$ месечно а сега заработуваат многу. Но муабетот ми беше друго. Значи нема што да пишувам јас начини како да се заработи online на оваа тема пошо не и е за тоа насловот, и ако сте виделе во другите теми имам пишувано за FOREX. Но во секој случај ќе поставам прашање: Што вие подразбирате под терминот ONLINE бизнис ? баш ме интересира, пошо толку сте запнале дека неможе да се направат пари или да се презентира најдобро што може нешто низ internet мрежата.
     
  25. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,671
    324
    8 Мај 2007
    Vo slucajov d zboruvashe za tie stranite koi ti plakjaat za klick, refferent i so ti znam tamu. Site znaeme deka internetot e edna povolna zemja za pocnuvanje biznis. Znam "decista" koi zemaat pari od web design, 3d i slicno. Seriozen covek moze slobodno da si otvori mala kompanija za edna od gore spomenatite i dr, no za toa vo slucajov ne e zbor. Se zboruva a pay per ***. Znaci od takvi raboti pari NEMA. Ako tolku se tepate za 4$ pa idete popitajte, pobrzo kje stignete do tie pari.
     

Сподели

Вчитување...