• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Неколку совети за подобра фотографија

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22.887
30.906
kalco.ru
Живееме во време кога фотографијата никогаш не ни била по достапна. Многу емоции и кретивност искажуваме преку фотографијата. Во секое време имаме уред со кој можеме да направиме фотографија, не земајќи во предвид квалитетот и чувството за „убаво“.

Она што ќе го споделам е мои лични искуства и совети кои ми ги давале поискусни низ годините.

Ова е пред се да го имаме некаде запишано и оној кој сака, а не знае да има од каде да се посоветува.

1. Не е важно со што фотографирате (фотографирајте со она што имамте)

Дали е тоа фотоапарат од пар стотици или илјадници евра или мобилен телефон она што е важно е да иамте со што ја го „фатите“ моментот што сакате да го овековечите. Често се поставува и прашањето зошто да сликам, ќе си уживам во мементот? Затоа што имаме релативно слабо памтење и секако е убаво да се присетиме на некои убави спомени, ако не направиш фотографија, немаш ни спомени.

1.jpg

2.jpg


2. Размислување за кадар

Пред да направите било каква фотка, мора да имате на ум две работи.
1. Ние го гледаме светот поинако него што е тоа преку фотоапаратот.
2. Не морате да сликате секгаш вертикално, хоризонтална слика е поубава за гледање.

Приближете се или одалечете се од предметот. Движете се и барјате го најдобриот кадар, колку повеќе размислувате и се трудите за фотографијата таа ќе биде поубава.

3.jpg

4.jpg

3. Израмнувајте хоризонт

Колку и да е убава сликата, ако истата не прати хоризонт или некаква хоризонтална линија не е убава за гледање. Секогаш трудете се таа да биде што е можно по права... секако опција е и да го досредите тоа во обработка.

5.jpg

6.jpg

4. Обработка

Не е грев да ја обработувате фотографијата, напротив препорачливо е. Треба да развиете mindset за обрабтока на вашите фотографии. Со самиот процес на обаботка вие ги согледувате недостатоците и предностите на вашата фотографија и со тоа ќе знаете како да го фатите следниот кадар, а секако и предност е тоа што фотографиите ќе изгледаат поубави и поефикасни.

7.JPG

8.JPG

5. Светло

Ова по секако треба да биде под број 1. Секој искусен фотограф ќе ви каже дека предулсов за добра, и за фотографија воопшто е светлото. Да разјаниме без светло нема да има ни фотографија! Кога слиакте изгрејсонце или зајдисонце секогаш почекате или направете повеќе фотографии за да добиете фасцинантни дела.

9.JPG

10.JPG


Кои се вашите совети кои ќе им ги дадете на почетниците во фотографијата?
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.484
16.730
Кои се вашите совети кои ќе им ги дадете на почетниците во фотографијата?
Да имаат усул во користењето на Lightroom и Photoshop. Особено кога си играат со HDR ефекти и сатурација.
 

GreenVlach

Gaining Experience
11 мај 2020
132
67
Скопје
Топ совети само би додал за оние кои се почетници и сакаат да се унапредат, да сликаат повеќе во црно-бело отколку во боја ќе им помогне доста. Бидејќи кај црно-белата фотографија мора да имаш емоција, линии, сенки едноставно ќе помогне да ја кренат креативноста на писоко ниво
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.256
6.331
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Топ совети само би додал за оние кои се почетници и сакаат да се унапредат, да сликаат повеќе во црно-бело отколку во боја ќе им помогне доста. Бидејќи кај црно-белата фотографија мора да имаш емоција, линии, сенки едноставно ќе помогне да ја кренат креативноста на писоко ниво
Баш ваква задача имавме на факултет, ни даваше тема и не тераше само во црно-бело да сликаме, тогаш се чудев зошто ама после некое време ми стана јасно.
 

Rejzerot

Gaining Experience
19 мај 2022
304
470
Скопје
Заљубен сум уште пред скоро две децении во фотографијата,сликам аматерски од мерак,некогаш сликав со апарати,сега сакам повеќе мобилна фотографија.Не сакам фотошоп и малтретирање на фотографиите,сакам природно погодена фотографија.Многу битна работа за почетник е да има сенс за фотографирање,а не само да слика и шлапа со фотошоп и едитирање.Во теков на денот ке ставам во темава мои аматерски слики,сликани со мобилен за една фирма која се бави со продажба на часовници и накит.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
29.597
30.677
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
28 јануари 2017
1.676
3.748
Ресен
  • Ако се има ДСЛР/мирорлес, ОБАВЕЗНО 50мм објектив за APSC (кроп) сензор или 85мм за фул фрејм.
  • Првото го повлеквит и ова, портрети со голема (отворена) бленда, пејсажи контра. Портрети СЕКОГАШ фокус на очите.
  • Вреди да се научи соодносот помеѓу бленда, време и ISO, нема поубаво од однапред знаење на светлина на сцена (ова иди со искуство)
  • Сликајте повеќе кадри, различни агли , различни временски периоди само малце од малце да се размисли, да не е рафал.
  • Не се плашете од високо ISO, грејн и слични технички марифети. Најчесто сликата е емоција поврзана со местото/настанот а не колку е добар апаратот/уредот.
  • Користење RAW за повеќе простор во едитирање.
  • Опростено е за почетници се и сешто, ХДР, јак ХДР, екстремно едитирање Ааааа се. Најчесто брзо се “надрастува“ таа фаза, ако остани тогаш господ на помош.
  • Најдобро светло е рано наутро и приквечер (golden hour)
  • Разгледајте што сте сликале после извесно време да речиме година дена, да видите колку сте напреднале.
 

Rejzerot

Gaining Experience
19 мај 2022
304
470
Скопје
Јас стојам на ставот дека едитирање е добредојдено
Во граници да е,затоа напоменав да не шљакаат само на фотошоп и сликите нереални да изгледаат.За убава фотографија минимално чепкање е доволно.
 

mimica

Gaining Experience
15 декември 2010
120
62
Мене многу ми помогна статив, за да направам поубави слики, па ете и од мене еден совет. Користете статив кога сте во можност за бистри слики :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44.259
Мислења
919.958
Членови
32.914
Огласи
1.066
Најнов член
NaniEli
На врв Дно