Неможам едит па ќе си реплејнам самиот.Жалам што отворам стари рани.
Сакам да прашам дали од вас има некој земено contact frame за АМ5 платформа независно дали од Thermalright,Thermal Grizzly или она виолетовото од 5 евра од Али.
Знам дека на АМ5 неигра никаква улога ваквиот механизам освен за личбина и полесно чистење од термалната паста.
Едино што ме плаши е оштетувања на сокетот поради притисокот и стегањето на процесорот,губење гаранција на деловите.
Ваши препораки,искуства и мислења?
Недобив никаква препорака,искуство,претпазливост итн,па на своја рака си решив да пробам со ваквите механизми како ќе биди.
Се мислев за ThermalGrizzly но господе боже 27 евра со шипинг ќе ме кошташе што беше но сенс.
Од ThermalRight немаше на залиха и понуди па отпадна од игра.
Порачав од Алиекспрес едно од брендот ЈЕYI по цена од 4,99 евра кое треба да пристигни за скоро па да пишам како ќе биде.