• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Негативно искуство со Zemi.mk

DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.640
187
Каков лешинарски квази бизнис, катастрофа.

Место да се седне и да се работи се иде на уцена, ама убаво упакована.

Ако некој има заштитено трговска марка (на пр. wurth) на суд ќе го јаде тој што го закупил со цел да му го шитне на wurth, истото веќе се има десено во МК, мислам за гугл беше.

Не се работи за заштитени трговски марки туку за генерички имиња како kupi.mk, bitola.mk, doktor.mk, rentacar.mk. Корисникот не кажа ни за кои домени се работи, но претпоставуваме дека се тие. Земи.мк како компанија има регистрирано околу 50 домени, а ниту имаме финансии да ги играме игрите кои им се товарат на големите светски регистрати. Сакав само да го демантирам обвинувањето дека регистрираме пребарувани домени, кое ми делуваше прилично сериозно.

Уцените можеби треба да се бараат на друго место, секако не во Земи.мк. Пример, како, во периодот на либерализација на пазарот сите домени од МАРнет завршија во 4-5 приватни регистрари, иако имаше барања за дозволи и од други фирми, вклучлувајќи го и Земи.мк.

Функционира уште zemi.mk или паднат е?

Се обидов да купам домен но за жал ме вртеше во кругови и никако да стигнам да внесам картица за плаќање.

Откако не успеав после неколку обиди, тргнав накај мкхост ама и тие нешто не функционираат, фрла timeout па ни таму не можам да платам.

Не знам дали е до мене или не се тестираат апликацииве како што треба.

Имате некоја препорака за други места од каде да купам мк домен?

Требало да не контакттирате на супорт секако ќе најдевме решение. Со нашите клиенти имаме одлична комуникација и никогаш проблем не останал нерешен.

И цените не се воопшто ниски како што кажуваат во споредба со други македонски препродавачи на домаини и хостинзи можеби се пониски, но ако се земе предвид за надворешен хостинг со никакви ограничувања за дупло поевтино и да земеш на период од 2, 3 или повеќе години се дупло поевтини и подобри 10 пати.

Мојата чудесна земја.

Цените денес се такви какви што се поради повеќе причини. Зголемени цени на датацентрите, cPanel, плати... Сепак Земи.мк одигра клучна улога при регулирање на цените на Веб хостинг услугите и регистрацијата на .мк домени во Македонија и се уште важи за провајдер со најниски цени во однос на квалитетот на услугите. Тврдењето дека некој некој ќе ти овозможни неограничен простор за беспари се приказни за мали деца. Разгледајте ги другите ограничувања како inodes, cpu, ram, а и во ТОС секогаш е наведено дека не смее да се користи како file sharing услуга, што значи во секој момент можат да те исклучат тогаш кога ќе почнете да им претставувате проблем. Споделениот хостинг речиси никогаш нема потреба од неограничен простор.

Осим што им е сиромав со опции контролкиот панел, техничка поддршка одлична, uptime одличен, услужливи 10/10

Ти благодарам. Наскоро преминуваме на нов систем за управување со услуги кој за разлика од сегашниов ќе овозможи подобро корисничко искуство иако и сега сите основни функции можат да се извршат од страна на корисниците.

Би сакал и во оваа прилика да изразам жалење за негативното искуство на дел од членовите во темава. Како фирма никогаш не се водевме од алчноста за профит туку односот на цената и квалитетот на услугите пред се, а еве и после 7 години успеваме да го одржиме високото ниво на квалитет и одличните цени.
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3.708
4.349
Не се работи за заштитени трговски марки туку за генерички имиња како kupi.mk, bitola.mk, doktor.mk, rentacar.mk. Корисникот не кажа ни за кои домени се работи, но претпоставуваме дека се тие. Земи.мк како компанија има регистрирано околу 50 домени, а ниту имаме финансии да ги играме игрите кои им се товарат на големите светски регистрати. Сакав само да го демантирам обвинувањето дека регистрираме пребарувани домени, кое ми делуваше прилично сериозно.

Уцените можеби треба да се бараат на друго место, секако не во Земи.мк. Пример, како, во периодот на либерализација на пазарот сите домени од МАРнет завршија во 4-5 приватни регистрари, иако имаше барања за дозволи и од други фирми, вклучлувајќи го и Земи.мк.

Ок, еве да речеме и дека е така. Зошто ви е doktor.mk ? Доктори сте? Имате ординација?

Не, се знае зошто се купуваат такви домени - за после да им се продадат на тие кои го сакаат, секако по цена повисока од таа потребна за регистрација на доменот. Веќе кога некој го прави тоа нека каже мушки. Дека е забрането - не е, ама кога те фатиле признај си.
 
coNNectMKD

On your way to fame
13 март 2017
838
917
Skopje
Ок, еве да речеме и дека е така. Зошто ви е doktor.mk ? Доктори сте? Имате ординација?

Не, се знае зошто се купуваат такви домени - за после да им се продадат на тие кои го сакаат, секако по цена повисока од таа потребна за регистрација на доменот. Веќе кога некој го прави тоа нека каже мушки. Дека е забрането - не е, ама кога те фатиле признај си.

Глупо е една компанија да напаѓаш пошто регистрирала домеин кој бил слободен. Слободен бил го земале, тоа.
Дали имаат ординација или не, не е наше да кажуваме.

-restoran.mk / Регистриран е од Глобал Нет.
-car.mk или cars.mk/ Регистриран е на МкХост од бугари. Да не отвараат случајно нешто за возила? Се знае зошто е купен.
-transport.mk / Регистриран од 2013 без никаква активност од фирма која нема поврзаност со транспорт.
-airport.mk / Регистриран од рандом лик, пуштен на продажба од минимум 220 евра.
-pizza.mk / Регистриран пред 13 години, никогаш не бил со содржина.

Вакви имаш милион. На странски пазар (странски домеини) е бетер..
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22.816
30.674
kalco.ru

Баш така, јас ги чекав 2 години хардвер.мк и хардвер.ком.мк да се ослободат. Ги држам. Немам некој конкретен план за нив ама ако понуди некој добра сума би ги дал.
 
The-spiki

Gaining Experience
26 април 2008
95
118
www.spiki.mk
The-spiki's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-5820k x99, DEEPCOOL Captain 24
Motherboard
MSI SLI X99S Krait Edition
Storage
Samsung Evo 850 250gb
PSU
Thermaltake Toughpower DPS G 850W
RAM
CORSAIR 32GB Vengeance LPX DDR4 2666MHz
Video card
GIGABYTE GV-N970G1 GAMING-4GD GeForce GTX 970 4GB
Case
NZXT H440 Razer
Mouse
SteelSeries Rival
Keyboard
SteelSeries Merc
Audio
SteelSeries Siberia v2
Monitor
LG 34UM67
OS
Slackware Linux
Сега остана само @DynamicMK да признае дека основал фирма со цел да заработи пари и толку.
Признај, не биди пеер :)

Веќе се произнесе во врска со обвинување за користење на метода која не е фер.

Инаку, тие што регистрираат домени со заштитени трговски марки (кај нас и во цел свет) ги продаваат за помалце пари отколку што е трошок за арбитража кај Марнет или адвокат и суд.

Единствена злоупотребува на „системот“ е можна таму каде што дозволуваат „резервирање“ домени и големите регистри си ги шиткаат меѓу себе списоците со интересни домени затоа што може да го резервира само на 2 месеци без купување и така ги држат во оптек за продажба со повисоки цени.
 
DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.640
187
Ок, еве да речеме и дека е така. Зошто ви е doktor.mk ? Доктори сте? Имате ординација?

Не, се знае зошто се купуваат такви домени - за после да им се продадат на тие кои го сакаат, секако по цена повисока од таа потребна за регистрација на доменот. Веќе кога некој го прави тоа нека каже мушки. Дека е забрането - не е, ама кога те фатиле признај си.

Не, ти не разбра за што обвинува корисникот. Јас не негирав дека сме ги купиле тие домени. Обвинувањето беше дека тој ги пребарал на Земи.мк и некако магично ние сме ги регистрирале. Нам не ни треба било кој за да ја согледаме вредноста на доменот doktor.mk, кој патем беше регистриран претходно од друга фирма, со години, и го чекавме во 12-1 часот по полноќ да се ослободи за да го регистрираме. Тој збореше за 4 домени, ние тој ден регистриравме повеќе од 20, меѓу кои најверојатно и тие кои тој сакал да ги регистрира. Да не се повторувам погоре објаснив, тоа се домени кои претходно долги години ги поседуваше извесна компанија „Видекс“, која има големо портфолио од домени.

Имено, домени како doktor.mk не користат ординации и доктори, туку најчесто веб сервиси како веб директориуми од ординации и слично, дејност со која и се занимаваме, развој на веб сервиси.

Тебе од други причини ти е као нејасно, ама ајде.
 
Последна промена:

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.507
1.646
домени како doktor.mk не користат ординации и доктори, туку најчесто веб сервиси како веб директориуми од ординации и слично, дејност со која и се занимаваме, развој на веб сервиси

Да и WebHosting.mk не користат провајдери, вообичаено терминот е резервиран за хостеси, Zemi.mk е за земиоделци. Толку ли е тешко некој да е искрен во оваа држава, пишете имаме бизнис, секој бизнис работи за профит и толку.
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3.708
4.349
Баш така, јас ги чекав 2 години хардвер.мк и хардвер.ком.мк да се ослободат. Ги држам. Немам некој конкретен план за нив ама ако понуди некој добра сума би ги дал.

Епа не е исто. Ти не си компанија која гледа кај нејзе што се барало како домен и отишла и го регистрирала.

Тоа е исто како да оди некој во технички преглед и да се интересира за персонализирана табличка (било да се цифри или име) и после техничкиот преглед да ја купи табличката.

Не, ти не разбра за што обвинува корисникот. Јас не негирав дека сме ги купиле тие домени. Обвинувањето беше дека тој ги пребарал на Земи.мк и некако магично ние сме ги регистрирале. Нам не ни треба било кој за да ја согледаме вредноста на доменот doktor.mk, кој патем беше регистриран претходно од друга фирма, со години, и го чекавме во 12-1 часот по полноќ да се ослободи за да го регистрираме. Тој збореше за 4 домени, ние тој ден регистриравме повеќе од 20, меѓу кои најверојатно и тие кои тој сакал да ги регистрира. Да не се повторувам погоре објаснив, тоа се домени кои претходно долги години ги поседуваше извесна компанија „Видекс“, која има големо портфолио од домени.

Имено, домени како doktor.mk не користат ординации и доктори, туку најчесто веб сервиси како веб директориуми од ординации и слично, дејност со која и се занимаваме, развој на веб сервиси.

Тебе од други причини ти е као нејасно, ама ајде.

Мене сè ми е јасно, само ти не признаваш дека те фатиле што си направил - си видел дека некој е заинтересиран за одреден домејн и си го земал, не пробувај да го свртиш муабетот во друг правец.
 
DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.640
187
Не, тоа се будалаштини. Домените radio.mk и makedonija.mk ги поседуваме повеќе години и тие беа дел од домените на горепоменатата компанија која јавно ги имаше објавено на сајт за продажба. Сајтот повеќе не постои, но погоре во пост го објавив од wayback machine линкот. Ние ја имаме цела листа од тие домени и чекаме момент кога ќе се ослободат, за ако успееме да ги регистрираме. Ти се обидуваш да конструираш приказни затоа што имаш скриени намери.

Читајќи те по сите теми за Земи.мк на форумот, во кои си исклучително активен, имам заклучено дека никогаш не си бил корисник на Земи.мк, а си најгласен.

Се обидуваш нешто да одработиш ама не држи вода. Дури и да гледаме кој што пребарувал сите домени купуваме на истиот пазар и за сите во исто време стануваат достапни за регистрација. Можел пред нас да ги регистрира. Дополнително, ако Земи.мк регистрира домени кои се пребаруваат за да ги препродава требаше досега да има регистрирано 100к+ домени, а имаме околу 50.

Ќе мора од своја страна да ја прекинам дискусијата бидејќи сметам дека нема што повеќе да се додаде.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.820
Мислења
910.934
Членови
32.554
Огласи
790
Најнов член
prvache
На врв Дно