1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Негативни искуства со продажба на хардвер/ предмети (од членови на It.com.mk)

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Costigan_Jr, 6 Септември 2013.

  1. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    Пренесувам негативно искуство при купување на форумот со член @undergrounde.

    Имено,нашата комуникација за купување на неговиот SSD Samsuns 840 Pro 128GB започна
    Costigan_Jr, Среда во 10:41

    Истовремено, тој добива резервација од страна на @gOJDO во
    gOJDO, Среда во 13:31

    Последна порака од продавачот е истиот ден
    "Штом ќе имаш пари ќе ми пишеш и истиот ден ќе ти го пратам "
    undergrounde, Среда во 16:04
    Тука не споменува дели е резрвиран. А неможе да го резервира за друг бидејќи јас му се обратив прв. Барем по принцип на поштеност неможе.

    Следниот ден му се обратив дека можам да го купам и го прашав кога може да го испрати, во
    Costigan_Jr, Вчера во 14:12

    Тој во неговата тема каде го продава дискот објави дека е продаден во
    undergrounde, Вчера во 15:19

    Не ми одговара на мојата приватна порака.Ме игнорира и кога објавува дека дискот е продаден и при последното негово вклучување синоќа во
    undergrounde последен пат беше виден како:
    Вчера во 20:26

    Бидете внимателни со овој член.
     

    Прикачени датотеки:

    • 1.PNG
      1.PNG
      Големина:
      23.3 KB
      Прегледи:
      72
    • 2.PNG
      2.PNG
      Големина:
      111 KB
      Прегледи:
      66
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,869
    6,470
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Другар имаш ваква тема една многу голема.

    Второ неможе да резервираш нешто ако немаш пари. Резервираш во случај да неможеш дента да се најдеш па за утре/задутре. Незнам тоа е мое мислење, али да требал да ти каже што е како е во ПП.
     
    На gOJDO, StalkeR, dejan_str и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ова пак некој баниран член да не е :)? Некако премногу упатен ми стои во форумскиот жаргон и сл. за нов член - џоа одомаќинет од поодамна ми стои.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    Јас токму и тоа го направив.Му кажав дека може парите да ги имам за 2 часа,а може за макс 2 дена.Тој ми рече да го известам кога ќе ги имам и дека веднаш ќе ми го испрати.Не ми кажа ништо околу резервација од страна на некој друг.Јас подигнав пари од Elance по забрзана постапка за да можам да му платам.А тој ме игнорира од моментот кога го известив дека ги имам парите,а тоа беше еден ден подоцна.Поштено ќе беше да ми кажеше дека има друг кој би платил веднаш за да го земи.

    Да,забележав во огласи дека има таква тема,но неможам да отворам тема таму.Ќе треба да набијам стаж на овој форум за да можам да пишувам таму.:)

    Инаку сум активен на други форуми,но нема да го откривам мојот никнејм.За членот што е зачуден од снаоѓањето со форумов.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    Со тек на време ќе сватиш со кои луѓе од форумов вреди, а со кои не вреди да правиш зделки. Факт е дека 50%+ се дечурлаана што ќе ти прават фори од типот на

    - "Ејјј , резервирај го делот те барам утре" - више никад не слушаш ништо од него, или
    - "Ајде те чекам утре да ме побараш за делов", и више никад не ти крева.

    Тоа е реалноста.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Зошто не давате капар кога резервирате нешто?Пример платиму 2000 денари како капар и договорисе за колку дена ке ги добие парите.Јас кога купувам нешто прво ке ми пратам 10-20% од сумата на сметка,или целата сума доколку имам во моментот.Пошто многу луге знаат за 2 дена ке имам пари и на крај "ми испадна нешто немам пари" а ти си пропуштил неколку купувачу чувајќи му го производот.Затоа пратите по трансакција капар за да биде резервирамно за вас,и договоретесе кога целата сума ке биде исплатена(доколку продавачот се согласи за временскиот период.
    Исто кога продавам нешто и кога ке има кажам пратими пари на сметка па кога ке ги добија ке ти го пратам производот се сомничави,демек да не ги заебам лол.ЗНачи а ко немате доверба во членот од кој купувате,фатете автобусот одете пред врата,видетего производот и платетего доколку ви се свиѓа.Јас кога купувам нешто или прво плаќам на сметка(знае @Uwemi ) или одам кај дечкото(во неговиот град) и плаќам на рака.
    ако не сте платиле капар за производот немате право да се буните,Освен ако продавачот без да побара капар ти каже "За тебе е резервиран и имаш толку и толку време да платиш"А ако ти каже ко ке имаш пари пишими,тоа не е резервација.

    Додека го продавав телефонот неколку луге ми се јавија(не од форумов) и ми викаат "До скопје можеш да дојдиш да го видам или да ми спуштиш 1000 денари за јас да дојдам охрид" СМешки,јас кога сакам да купам телефон од СК од некоја мобилара ке си платам автобус или кола ке најдам и ке појдам да го купам,кого му е гајле од кај идеш па да ти попушти на цена или пак тој да дојде охрид да ми го донесе лол.Купувачот е тој што треба да отиде кај продавачот а не обратно,а доколку сакате продуктот дома да ви стигне на врата ке си платите на трансакција и завршена работа,во тој случај продавачот е должен да ти го прати по карго и слично пошто ги примил парите.
    Долго време сте на форумов и знаете на кој може да му верувате а на кој не.
    @gokica се согласи да направиме размена на хардвер и да ми доплати и фино лепо си дојде охрид и без никаков проблем си се заврши работата.
     
    На stefan_v, gokica, RagingDemon и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    415
    312
    11 Декември 2009
    јас бев во преговори со 5-6 луѓе, првиот што дојде со пари тој си го зема дискот, нема тука лутење, мене ми требаше да го продадам што побрзо, јас тебе не ти ветив дека ќе го чувам, нити пак ти го резервираше
    А во врска со пораките што си ги пратил, јас 90% од времето поминато на форумов не сум логиран, гледам што има ново, да читнам нешто и така, се логирам само доколку имам потреба да постирам нешто, твоите пораки ги прочитав пред 10 мин
     
    На stefan_v, RagingDemon, prichina и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    Нека си пресудат сами членовите дали си одговорна личност или не.Тоа и беше целта на темава.Не беше да навредувам.Само споделувам НЕГАТИВНО искуство.
     
  9. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    - Продаваш делови, а не се логираш да провериш дали некој нешто ти пишал за истите? (иако тоа не е вистина пошто чоекот те видел дека си бил онлајн, серверот, за разлика од луѓето, не може да лаже)
    - Ако веќе фунцкионираш на принципот first come, first served, треба да им го кажеш тоа на потенцијалните купувачи на твоите производи, или, ако не сакаш на секој посебно, напомени го тоа во самиот оглас.
     
    На smole и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  10. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    415
    312
    11 Декември 2009
    Извини ама ти си во заблуда, освен ако некој не ми го резервира или не му ветам дека ќе му го чувам тогаш се подразбира дека важи принципот first come, first served, негледам причина дека треба тоа да го напоменам.
    Незнам на кој принцип ти продаваш, ако ги чекам јас сите што ми рекоа дека можеби ќе го купат производот ако најдат пари, тогаш ќе ми останеше непродаден
     
    На gOJDO и stefan_v им се допаѓа ова.
  11. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    Не глуми наивен сега тука.Ти кажав дека во рок од два дена ќе ги имам парите и ќе те контактирам веднаш.Те контактирав уште следниот ден, а ти ме игнорираше. Кажи дека си се договорил и решен проблем. Значи целиот проблем беше тоа што те мрзело или ти било непријатно да им соопштиш на останатите 5-6 луѓе(меѓу кои и јас) дека се продаде тоа за што биле заинтересирани. Се разбира,доколку во меѓувреме пројавиле интерес. Во името на културата е убаво да одговориш на некој кога те прашува нешто. Ако си слушнал за тој поим-култура.
     
  12. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    949
    1,042
    26 Декември 2012
    Џабе се објаснуваш никој не те сфаќа или не сака да те сфати....и ја се најдов во слична ситуација,и човечки е продавачот да те извести ако веќе не сака да ти го продаде делот или веќе нашол друг. ЗНАЧИ само се бара објаснување од продавачот и образложение,како потенцијален купувач секој го заслужува тоа,а не ти да чекаш како ретард по цели денови и да си водиш монолог у инбокс...не се лути што го продал на друг,туку што не го известил.
     
    На uwemi и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  13. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,831
    3,909
    5 Јули 2013
    Благодарам!
     

Сподели

Вчитување...