1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Негативни искуства со продажба на хардвер/предмети (од членови на It.com.mk)

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од gOJDO, 27 oктомври 2012.

  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,341
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Знаејќи го нашиот менталитет верувам дека сите сме имале негативни искуства при купување и продавање на компоненти. Па мислам дека е редно да се споделат негативните искуства со членови од форумов.

    Еве конкретно последно негативно искуство имав со членот DarkoKicevo.
    Се работеше за продажба на матична плоча Foxconn iG31M LGA775. Се договоривме за цена од 1000 денари, но бидејќи јас сум од Скопје, а Дарко е од Кичево ме замоли ако можам да му ја пратам преку Карго. Тоа за мене значи губење време и трошок за два пати акање низ Скопје од Карпош 2 до Автокоманда за да ја испратам матичната и да си ги земам парите назад.

    Матичната му пристигна на Дарко, а тој се јави и ми пренесе дека некој ја тестирал матичната плоча со разни процесори, графичка и слично и дека наводно не се будела воопшто (не давала ни слика ни звук, мртва тотално). Мене ми беше чудно бидејќи матичната си работеше пред да му ја пратам, но се договоривме да ми ја врати назад и тоа транспортот за двата правци од Скопје до Кичево и од Кичево до Скопје да падне на мој товар, што ќе беше фер доколку навистина имаше проблем со матичната плоча....

    Е арно ама, ја земав матичната и ја пробав, се упали од прва без никаков проблем. Сменив неколку процесори, ставив графичка, разни мемории, нема никаков проблем. Со tomi закачивме и тестер, да кој доколку имаше некоја нерегуларност ќе јавеше error код, но матичната нема никаков проблем!

    На крај јас испаднав идиот затоа што изгубив на два пати по пола саат време покрај останатите трошоци за гориво, телефон и 150 денари за транспорт. Епа ова неубаво искуство мислам дека треба да се сподели така што сите на форумов ќе го имаат во предвид пред да договорат било каква зделка со DarkoKicevo.

    Во прилог еве и неколку фотки каде се гледа дека матичната функционира.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Би било згодно темава да е sticky така што ќе ни биде на дофат на сите. Доколку темава е отворена на несоодветно место молам администрација да ја премести.
     
    На GGTT1, temelk4, Aleksandar Kalcinoski и уште 32 други им се допаѓа ова.
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ми понуди и мене нешто типчето на оглас, ама убаво јас си пишав Disclaimer на кој и како продавам. Неам намера да се акам со карго сервиси и гомнарии. А исто така кога продавам нудам опција, Skype video call, ќе си види во живо тој што е заинтересиран дека делот работи, го демонтирам, кеш на рака Мара за рака и толку од мене. Мн. одамна така продадов дел на пријател, кој знаев дека работи..он ми вика не работи. Се работеше за рам. Типчето го стаило рамот во машина ДОДЕКА РАБОТИ! Го изгоре рамот па го чекав 6 месеци да ми компензира. (Тоа време, 64мб рам беше доста скапо).

    Сум имал доста негативни искуства со луѓе надвор од Скопје, Гостивар конретно - да не генерализирам ама лично, нејќам да си имам никаква работа со луѓе од Гостивар/Дебар/Тетово.

    Psyside, D3n1eL, SaleSK, Gaston -> позитивно искуство во соработка, комуникација и размена на услуги/предмети во живо.

    Metuzalem -> CM куќиште, супер сочувано ама...повеќе саѓи од тутун нема во индустриски оџак на железара. Прво куќиште што сум го чистел со врела вода, целосно потопено во када. Вентилатори и сл. отидоа право во ѓубре, не ни ги допрев. :)
     
    Astro, ilakis, Aleksandar Kalcinoski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,713
    30 Мај 2010
    Негативно искуство сум имал со Zeuss и уште еден, ама не ми текнува никот.
    Работата беше за мониторот кој го продавав.
    Првин Zeuss ми се чини дека беше заинтересиран, ама потоа дојде другиот член. Па беше малку натегање кој да го купи бидејќи на вториот му било хитно. Потоа Zeuss се откажа од мониторот за да го купи вториот член, па имаше заблагодарувања, но вториот член веќе не сакаше да ми одговара на пораки.
    Го контактирав повторно и Zeuss да го известам за ситуацијата, но ни тој не ми одговараше, така да добро ме истролаа.
     
    На GligorGigs, temelk4, Aleksandar Kalcinoski и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. stefan1984

    stefan1984
    Intern

    89
    14
    2 Јануари 2010
    Јас имав слицено искуство пратив ПЦ пентиум 3 и ми бесе помалку платено, но претежно ова се случува со поновите членови како можам да приметам инаку како гледам не ги познавам но се доста коректни купи-продај saleSK, gOJDO, pricina ... т.е. оние кои се од самиот поцеток на форумот или пак имаат по 2 - 3000 коментари луге кои форумот си го чуствуваат како свој немаат намера да го оцрнат да горечам својот дома со превари од типот лажни компоненти или неисправни
     
    На Aleksandar Kalcinoski, Ace Lud, psyside и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. ImTheDude

    ImTheDude
    On your way to fame

    560
    621
    31 oктомври 2011
    Машко
    Зирни ја темата за позитивни мислења и ќе видиш на кому сигурно можеш да му веруваш и тргуваш со него. Не значи дека ако е нов член дека нема да биде коректен, но сепак, како што рече со постарите членови си посигурен.
     
    Aleksandar Kalcinoski, FATAL ERROR ! и на psyside им се допаѓа ова.
  6. unknown-xx

    unknown-xx
    Intern

    81
    15
    23 ноември 2008
    пред неколку дена купв графичка 8500гт од член а форумов со ник Тinoo,за да не ја комлицирам работата да одам да ја пробувам му реков да ја доесе доколку сигурно работи ке му ја платам и тоа е тоа,но кога отидов дома картицата не работше,му се јавив и ми рече парите ги искоцкав во сеатор немам да ти вратам побарај ме друг ден и после тоа не креваше...така да доколку некој сака да купува од форумов ека избегава тоа да биде Тиноо бидејќи е некоја ситна душа што за ич пари си прави проблеми....
     
    На gsarievski, bate mile, tomi и уште 7 други им се допаѓа ова.
  7. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Лошо искуство со angel485mk, еве ја темата http://it.com.mk/forum/threads/Продавам-рутери-бежични.12371/

    Ми го даде рутерот во некое сумљиво пакување. Го пробав дома, прво не можеше да повлече интернет сам, па морав да го користам преку друг рутер, па со тоа да има за задача само да зрачи интернет....во меѓувреме бев изнервиран околу тој момент и исконтактирав со него..му објаснив каква е ситуацијата...се чудеше, викаше дека него му работел.....му реков ајде ако е до мене (и комшијата, го викнав пошо има поставувано миљарда мрежи по светов..) ..првиот метод сам да повлече не го ни пробавме повторно, затоа што знаевме што правиме....сега го поврзавме преку друг рутер...и... издржуваше конекција можеби некој 15 минути...па ќе падне.....Му се јавив на ангел пак, му ја објаснив каква е ситуацијата...ми рече сега дека не идел накај СК , ќе ми се јавел ....го побарав уште еднаш...почна да плаче дека не го носел патот наваму.....Му опростив пошо сум емотивен...мислам, не му кажав дикретно дека му е опросетно, му реков кога ќе идеш, побарај ме.......тоа е тоа...
     
    Aleksandar Kalcinoski, Tinoo, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Tinoo

    Tinoo
    Баниран/a

    28
    12
    31 Мај 2011
    Машко
    графичката беше на другар, му правев услуга само ја ставив на форум и однесов на unknown-xx. Кога ми се јави и ми рече дека не работи, му реков дека не е моја, дадов број од другарчето и незнам понатака он што и како му рекол. Кога ми пиша на ПП реков го прашав другарчето рече дека од пц ја извадил исправна и нејќе да ги врати парите. Тоа е тоа. Поздрав
     
    На Aleksandar Kalcinoski и prichina им се допаѓа ова.
  9. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    ... епа коа ке иде ке те побара!
     
    На Aleksandar Kalcinoski и SaleSk им се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,476
    4 Септември 2008
    Со самото тоа што ти го поставуваш огласот, ти си одговорен за истиот, нема тоа е тоа.
     
    На Aleksandar Kalcinoski и Banjifiko им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,341
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Требале на лице место да ја пробаат дали работи или не, па потоа дил. Тоа е грешка на сите ние кои брзаме при купи-продај.
     
    На GGTT1, Aleksandar Kalcinoski, StalkeR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,476
    4 Септември 2008
    За мене круцијално би било да продавам/купувам на/од човек кој е долго време на форумов, и е активен!

    После гледањето на неколку негативни искуства, мислам дека во иднина ќе бидам по претпазлив.
     
    AnTToNNiO, Aleksandar Kalcinoski, BaDMaN и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. unknown-xx

    unknown-xx
    Intern

    81
    15
    23 ноември 2008

    Нема врска се гледа дека си некаков лажго без да те навредам,бројот што ми го даде се јави лице кое почна да ми се заканува и се претстави како твој родител-татко кој се изразува со пцости,ако беше човек ќе се јавеше на мобилен кога ти звонам и ќе ти ја вратев картата,Затоа уште еднаш препорачувам од овој дечко на не се купува или со строга претпазливос зашто доста е сумњив! мене тие пари што ти ги дадов нема да ме променат но барем нека знаат луѓето за каков човек станува збор за да не се зезнат!
     
    На AnTToNNiO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. windows8

    windows8
    On your way to fame

    768
    992
    12 Февруари 2012
    Машко
    Таква работа со графичка ми се има случено кога му подарив на пријател 9500гт пред неколку години, функционална ја извадив од компјутер ја спакував, дојде пријателов од работа и заминавме кај него да му ја наместам во ком, но приметив дека има некакви линии и не подига os, ја пробавме подоцна и кај мене но графичката никогаш не проработе...значи половен хардвер е сепак половен, и може да умре пет минути по купувањето, затоа е најдобро да се проба на лице место, ако не друго барем нема да се сомневаш дека некој те преварил...

    Има многу невнимателни купувачи, пред неколку месеци направив замена за лаптоп со персонален компјутер, се договорив да одам кај него дома со лаптопот затоа што имав податоци на хардискот кои требаше да ги префрлам во персоналниот и да го оставам лаптопот, но заборавив да земам кабел, кога стигнав таму се сетив, па си реков може тој има, но испадна дека нема, и сега како да правиме, ми вика земи го компјутерот ми спакува се кукиште, монитор, периферија, се носи ги кај тебе дома префрли ги за два саати ке дојдам јас да го земам лаптопот, така и направивме, земав се и заминав, а тој имаше само телефонски број од мене, никакви други податоци, ниту знаеше кај живеам.......:) (тоа е голема невнимателност од негова страна) можев едноставно да исклучам телефон и да добијам и лаптоп и пц, не ете човекот имаше среќа па се заврши се како што треба.
    Потренба е голема внимателност со оние кои тргуваш или разменуваш, не не до степен на параноја ....
     
    На Tinoo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tinoo

    Tinoo
    Баниран/a

    28
    12
    31 Мај 2011
    Машко
    во право си, се дешава да се расипе при транспорт, сепак стара графичка е. И јас направив грешка што не ја пробавме на лице место, ама памет за другпат

    а дека сум сумњив, не е точно. може тоа да го потврдат неколку активни членови на форумов, на кој им имам продадено делови. на пример: На Zeuss му дадов напајање пред некој ден, marv тврд диск пред 1 недела, prichina исто така сум му продавал повеќе делови и други поактивни членови кој моментално не ми се на ум. И за сите членови кој сакаат да купат некој хардвер од форумов, препорачувам да си ги пробаат истите на лице место, да не дојде до вакви недоразбирања.
     
    На marv му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spamalot

    Spamalot
    Gaining Experience

    909
    238
    13 Јуни 2011
    toa bilo laden lem, mozno e da se desi od udar, mi se desilo da prodadam ispravna graficka 7100 bez proba (jbg se rabotese za mnogu evtina graficka, 500 den, ne se isplatese da se gubi vreme na proba) i tipot vika doma ne mu raboti :S... posle razgovor se soglasiv da mu vratam pola od parite, poso nemase nacin da mu dokazam deka mu dodov ispravna graficka, isto kako sto nemase ni on nacin da mi dokaze deka ne ja slupal nekade po pat... pamet za drug pat sekogas proba na lice mesto... ako nekoj osteti proizvod po pat, neka si snonosi odgovornost.
     
    На hebocig и Tinoo им се допаѓа ова.
  17. BaDMaN

    BaDMaN
    Gaining Experience

    115
    94
    26 Април 2007
    Крајно незадоволен сум од членот Tinoo. Значи земав три диска еден 40 еден 80 и трет 160GB. Најпрвин беа "спакувани" во обично кесе, заштитени никако. Прво го пробав дискот 160GB, тропаше како трактор и притоа не го детектира.


    Ајде си викам се случува, едниот не е во ред најверојатно членот ќе го замени. Го вклучувам дискот од 80GB и тој го детектира ( фала богу ) ама како што се гледа од сликата го пуштам на HD Tune Pro на Error scan со селектирано Quick Scan и еве грешки и на овој диск дури неможеше да заврши докрај со тестирањето и тој почна да испушта некои чудни звуци. Единствено дискот од 40GB функционираше.

    Му зазвонив на членот да го известам, најпрвин не го добив, па му пишав тука, после тоа го добив и на телефон и ми рече ќе ги заменил.
    Почекав некој ден ајде си викам ќе ми заврши работа ама тој почна да се жали не бил во можност да ми ги врати парите и му викам други дискови.

    Еве неколку дена ме мота и со други дискови и денес пишав да ми пише листа на делови што има да ми ги испрати, за да ги вратам неговите расипани дискови. Не добив одговор, звонев на телефон не се јави, во моментот пак го барам и не се јавува.
    Епа драги членови пазете се, јас веќе се опростив и со делови и со пари.

    Мислам дека ваквите луѓе не заслужуваат да бидат членови на овој форум.
     

    Прикачени датотеки:

    • hd tune.jpg
      hd tune.jpg
      Големина:
      206 KB
      Прегледи:
      135
    На AstroBoy и StalkeR им се допаѓа ова.
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,341
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Значи ова му е втора афера на Тино со продажба на неисправни делови...
    ОК, има начин, ако сакаш да се замараш, пријави го во полиција, ќе добие пријава за измама. Има шанс да ти ги врати парите.

    Второ, нека се произнесе Тино, па администрација нека превземе мерки во врска со ова.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,865
    8 Април 2011
    Машко
    Се согласувам со тебе,добро од твоја страна што го сподели ова искуство за да знаат другите од кого купуваат.Сепак жалам што ете си ги фрлил парите за џабе,но се надевам дека Члетот не го направил тоа намерно и дека ке ја објасне причината ,и дека ке те обесштети некако.Во спротивно се согласувам со тебе дека не треба такви членови да има на форумот.Се надевам дека ке биде све во ред
    Инаку ми се има десено мене да извадам исправна матична и да ја однесам каде што ја продавам и да не работи,во тој случај јас видов дека не работи ,ете можеби при вадењето сум ја оштетил,сепак тоа беше Одамна,пред 8-9 години и е ретко.Но за да се избегне ова.Секој член кој продава дел треба да биде искусен и пажлив да не ја оштети,да ја спакова во добра кутија за да биде заштитена при транспорт,да биде во специјален најлон кој не ствара проблеми со елкрицитет и слично.
    Јас секогаш деловите кој ги продавам ги продавам спаковани во оригиналната кутија(женами ме кара што ги чувам тие кутии :) )
    Значи ова е сериозна работа,не е заебанција па ајде ке продамвам графичка од некој другар а не сум ја ни видел графичката.ова е одговорност и секој треба да е свесен за последиците.
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,476
    4 Септември 2008
    Се разгледува ситуацијата моментално, бидете стрпливи.
     
  21. BaDMaN

    BaDMaN
    Gaining Experience

    115
    94
    26 Април 2007
    Значи оставив период да се корегира се случуваат грешки и морав да го напишам ова оти видов дека и други делови продаваше, па да бидат сите известени со каков човек си имаат работа. Очекувам да даде објаснување (иако мислам дека нема никакво објаснување). Значи Тино треба да се размисли убаво дали ќе си ја исправиш грешката или нареден чекор ќе ми биде пријавување во полиција.
     
    На marv, StalkeR, Kajsibebraat и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. Zeuus

    Zeuus
    Баниран/a

    271
    139
    22 Јуни 2012
    Машко
    Информатичар
    јас земав пред 4дена напојување од Тино но за среќа напојувањето си работи како што треба,е сега што е работата.мене едно не ми е јасно,абе да му се сневиди,незнам која е користа од тоа што некој некого ке зафркне,без разлика колку пари е делот и 50000 денари да е делот.најпрво треба да останеш човек,нема да се збогати некој од еден дел или од неколку дела срамота е стварно е срамота.секоја чест на таквите момци што го имаат тоа срце браво.
     
    Vergergy, Necromancer и на Ceco им се допаѓа ова.
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Тиновци има на секој ит форум. Банирањето ќе помогне краткорочно
    Ако е преварант по дифолт, ќе се врати и ќе набива мислења + заблагодарувања. Но, да бидам искрен, надвор од памет е да очекуваш некој кој лично не го познаваш да ти продаде исправен хард и тоа преку оглас.
    Што знам, јас никогаш не би купил HDD на старо.
     
    На DennyMK му/ѝ се допаѓа ова.
  24. BaDMaN

    BaDMaN
    Gaining Experience

    115
    94
    26 Април 2007

    Верувај до сега не сум имал проблеми со членови на овој форум, а ако има нешто проблем секој е излевал во пресрет да го замени делот или да ги врати парите... И мене лично едни непроверени игри продавав за пс2, некои не функционираа му ги вратив на човекот парите одма без никаков проблем.. така да треба да се филтрира форумот од вакви личности како Tinoo се со цел да може да се продава/купува евтино и квалитетно... Кога сме веќе кај дисковите, итно ми требаа и за да се вклопам во цената на конфигурациите морав вака. Поздрав.
     
    psyside, Zeuus и на FLEGMA им се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    океј е

    Ете, ситуацијата налагала да се состави канта за xyz намена и мора да се става IDE диск. Пред некој ден од 2m висина ми падна 80GB HDD Samsung, чопаво го фатив, се слизна и ..падна.
    Нормално, цркна на лице место. Го приклучив кликна 2-3 пати и толку..

    Мислава ми е! Можев да го шитнам овдека (или некаде) па да се вадам на транспорт...што и не е нереално ако е спакуван непрописно (сунгер и така тоа..)
     

Сподели

Вчитување...