• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Не постојат пасивни педофили

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Доколку ве фатат со оружје за кое немате дозвола, ќе добиете казна затвор од 1 до 10 години. Но, ако дома имате дискови со детска порнографија или такви филмови на компјутер, нема да заработите дури ни кривична пријава.

Во Македонија во моментов не се казнуваат луѓето кои имаат порно филмови или фотографии на кои се гледа како возрасни луѓе силуваат деца.

Во кривичниот закон јасно стои дека ќе бидат казнети тие кои снимаат, препродаваат, разменуваат и прикажуваат такви филмови, но не е предвидена казна за тие кои ги поседуваат.

Постојат најмалку две причини поради кои треба да се казнат педофилите кои имаат потреба да гледаат такви филмови. Едната е да се заштититат децата, а другата е да се исполнат обврските спрема Европа за да се усогласат законите.

- Кај нас сеуште не е донесен законот, веројатно затоа што државата е преокупирана да не речам опседната со законите за корупцијата и организираниот криминал и нив ги смета за приоритетни. Тој закон треба да се донесе од една страна за да се одговори на меѓународнопреземената обврска, но истовремено и за сузбивање на оваа, во последно време се позачестена појава- вели Никола Тупанчевски, професор по кривично право.

Психотерапевтот, Мирјана Јовановска Стојановска вели дека луѓето кои се љубители на детска порнографија треба на некој начин да се казнат затоа што не постојат пасивни педофили.

- Сум работела со деца кои биле сексуално злоупотребени и знам дека тоа остава големи последици врз нив. Тие понатаму не можат да имаат семејства и нормален живот. Педофилите кои гледаат вакви материјали треба да бидат казнети затоа што нанесувааат штета. Ниеден од нив не може да се оправда со изговор дека секој може да гледа дома што сака. Бидејки тоа што на почеток го гледаат, подоцна ќе сакаат да го спроведат на дело - вели Јовановска Стојановска.
Нашата држава во 2001 година ја потпиша Европската конвенција за компјутерски криминал а ја ратфикува три години подоцна. Но се уште не донесен таков закон со кој ќе се казнуваат повеќе дејствија поврзани со компјутерски криминал. Посебно за дела врзани со злоупотреба на интернетот и компјутерските мрежи за ширење и прикажување на порно филмови во кои сексуално се малтретираат деца.

- Од мои информации знам дека во догледно време нема да се направат измени бидејќи властите сеуште не најавија такво нешто- нагласува професор Тупанчевски.

Австриската полиција на 8 февруари годинава објави дека успешно ја завршила акцијата за разбивање на меѓународен ланец од педофили кои разменуваат содржни со детска порнографија преку интернет. Со поставување на интернет страница на која било наведено дека содржи силување на деца, успеала да лоцира 2360 барања за преземање на таков материјал во рок од 24 часа. Според српскиот весник Вечерње новости и Дојче веле програма на македонски јазик помеѓу земјите од кои се регистрирани преземањата е и Македонија. Од Министерството за внатрешни работи велат дека официјално не добиле никаква информација за тоа и дека немаат регистрирано сеуште таков случај кај нас.

- Полицијата постапува во зависност од тоа дали стореното дело е казниво со закон- вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Слична е ситуацијата и во Србија. Радиото Б92 на 12 февруари годинава пренесе дека е фатен средношколец од Шабац чиј компјутер бил полн со педофилски филмови и фотографии. Полицијата била принудена да ја запре истрагата бидејки немала врз основа на што да продолжи. Не бил прекршен ниеден од постоечките закони.
Хрватска е единствена земја во регионов, која според примерот на развиените земји во светот, направи измени и дополнување во кривичниот закон. Во членот 197 (а) од законот се вели дека „оној кој преку компјутерски систем или мрежа произведува, нуди, дистрибуира, собира за себе или за друг или кој во својот компјутер или медиум за чување на компјутерски податоци поседува порнографски содржини кои прикажуваат деца во сексуално експлицитни однесувања или слики на кои се прикажуваат нивните полови органи, ќе се казни со казна затвор во траење од 1 до 10 години.

Гоце Постоловски, уредник на компјутерското списание Ентер
објаснува дека иако педофилските материјали можат да се поседуваат и разменуваат во секоја форма, сепак поради неограничените можности на глобалната мрежа, интернетот се смета за главен извор на вакавите содржини. Потребна е максимална контрола, но притоа мора да се внимава да не се нарушат основните човекови права и пред се приватноста.

Истажувањето кое го спроведе „Strategic Marketing & Media Research Institute од Скопје“, покажува дека 30 отсто од домаќинствата во Македонија имаат компјутер, а секое трето од нив постојано или повремено е приклучено на интернет. Со самото промовирање на интернетот во нашето општество педофилските содржини станаа подостапни и до нив може да дојде поголема група на луѓе.

- Според мене многу е тешко да се контролираат содржините на интернет, затоа што секој, без разлика на предупредувањето кои го имаме напишано при изнајмувањето на просторот на серверите, може на својата страна да стави врска до некоја трета страница и пак да промовира детска порнографија, вели Иван Петрушевски администратор од МКХост, компанија која нуди простор за поставување на интернет страници. Тој додава дека доколку забележат нелегална порнографска содржина веднаш ја отстрануваат страната и го суспендираат клиентот.

Превземено од: http://ladyira.blog.com.mk/node/103892
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
За таквите треба да се доне закони какви што има на блискиот исток.
Моментална кастрација.
 

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Педофилите кои гледаат вакви материјали треба да бидат казнети затоа што нанесувааат штета. Ниеден од нив не може да се оправда со изговор дека секој може да гледа дома што сака. Бидејки тоа што на почеток го гледаат, подоцна ќе сакаат да го спроведат на дело - вели Јовановска Стојановска.
Типкава ја открила америка.

Е да бе, според неа испаќа дека сите што читаак книги за кракери и самите стануваат кракери и провалуваат во системи.

Сите што гледаат хорор филмови, веќе ги искасапиле комшиите.

Сите што прочитале книга за теророризам станале терористи.
Или сите они што ја гледале серијата Sleepеr cell (мислам вака се пишувше ) или станале терористи на Al Qaeda, или станале амерички агетнти.

Тоа што педофилите не се здрави луѓе, не се . Тоа што треба да се казнат, треба.

Ама од вакви психијатри, Господе чувај не , не знаат што прават.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Малтретирање и силување, општо се лоши работи кои несмеат да се прават во секој случај.
Незнам зошто ги мешаат со детска порнографија, веројатно за да се осуди повеќе?
Не сум за детска порнографија, ама дај малце работите нека ги гледаат конкретно, да не мешаат баби и жаби.
Во текстот се споменува малтретирање на деца и силување на деца. Каква врска имаат малтретирање и силување со порнографија?

Ова ме потсети на законот со кој се ограничува движење на малолетници и изговорот дека со тоа ќе имало помалку насилство и младите луѓе помалку ќе консумирале алкохол lol. А во исто време законот со кој се забранува точење на алкохол на малолетници не се спроведува, а тепачките се сеуште секојдневна работа.
 

MushRoom

Intern
2 октомври 2007
41
1
Во текстот се споменува малтретирање на деца и силување на деца. Каква врска имаат малтретирање и силување со порнографија?
Зар порнографските материјали се направени врз доброволна основа на децата или донеле цедуљица потпишана од родителите дека слободно може да дига сукња пред камера?
 
M

Mr.Alien

Гостин
Малтретирање и силување е сосема поинаква категорија од порнографија, било детска, било...да речам...стандардна.
Децата и помладите малолетници со кои се снимени порно филмови се во најголем број случаеви заведени, односно доведени во заблуда. Или е искористена довербата која децата ја имаат во одредена личност, а која во случајов ги навела да го снимаат тоа што го снимале.
Секако не е исклучена можноста од употребени седативи или опијати, дроги и сл.
Значи, тука пред се се работи за злоупотреба, која секако е казнива како што се казниви и заведувањето малолетници, малтретирањето и силувањето.
А за дозволата за кревање сукња пред камера...нормален родител тоа во никој случај не би го одобрил. Таквите кои тоа би го одобриле, моментално губат родителски права врз детето. И секако, заработуваат кривична пријава. Барем во нормални држави...искрено се надевам дека тоа ќе биднеме и ние, во поглед на законите кои ја третираат оваа појава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,878
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно