1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

NDS и Eizo Монитори

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од SaleSk, 3 Јануари 2011.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Дечки, вака ми стана досадно, па планирам малку да ви ги замрсам овие муабетиве за мониториве...Дали има некој од вас слушнато за NDS монитори? :)) Па да ви ги засени сите овие за кои водите дискусија на глобално ниво? :LOL::LOL:
    Деновиве имав прилика малку да се порадувам на 5 мега пикселната слика на овие монитори и можам да ви кажам дека ова е нешто незамисливо фантстично...Мониторите имаат TFT AMLCD Dual Domain IPS панели (grayscale), со 3 саб пиксели на пиксел :D резолуција од 2560 x 2048, Pixel Pitch 165μm, 154 dpi, 170 степени агол на гледање по вертикала и хориознтала и 50 милисекунди риспонс тајм. Брајтнес 1000 кандели на метар квадратен и неверојатен 800:1 контраст.... Значи ви зборуваф за grayscale монитор односно Dome E5, а доколку правиме муабет за Dome S3C, во тој случај ке стануваше збор за 3 мегапикселен колор дисплеј со 24 милисекунди риспонс тајм, а горе доле останатите карактеристики се тука некаде...

    Еве како изгледа една работна станица за дијагностицирање на рак на дојка - лево два 5 мега пикселни монитори, и десно еден Eizo :

    [​IMG]
     
    На psyside и bate mile им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Добро, разбирам дека двата монитори служат за по една дојка ама за што служи тој Еизо? (ј/к)

    Ќе пасува ли кај нас во машина едно вакво чудо. Јас само што те читам како живописно презентираш лиги ми течат.
     
  3. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    На Eizo-то се гледа десктопот, а овие другите два се направени за реконструкција...Мониторите се неверојатно скапи, а за квалитетот на прикажаната фотографија не можам да коментирам...Едноставно тоа може само да се види и да се остане со подзината уста...Во дијагностицирањето на вака осетливи ткива е многу важно да се има нешто ВРВ-но кога станува збор за приказ на слика...Уствари секоја мала промена на нијансата на сивилото на ткивото претставува информација која што може да биде од многу големо значење за здравјето на луѓето...Мило ми е што во нашава држава ке има три најовремени машини на планетава земја за дијагностика од ваков карактер :)) :bravo:

    p.s. Би требало да пасува, со тоа што не проверив каква графичка карта има на work station-от...Неможам да го отворам, но по конекциите е нешто необично со кабел конвертор на DVI приклучок, а на мониторите има DVI-D приклучоци :bravo:
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Судејќи по димензиите овие се помали од стандарден монитор но со ултрашарп слика. Се сомневам дека нашиве картички и расположивиот софтвер дека можат да го исползуваат нивниот потенцијал но сепак немам поим. А во поглед на цена сигурно чинат колку до месечината и назад.
     
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Димензија 21.3" (541mm), со тоа што цената по интернет им се движи од 11 000 до 15 000 долари за овие grayscale и со тоа добиваш 5 години гаранција, или 10 во зависност од цената...Мртов пиксел на оваков тип монитори е незамисливо да се има, бидејќи тоа може некого да чини живот :isplashen:

    http://www.ndssi.com/products/dome/ex-grayscale/index.php
     
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Ај ќе почекам можеби ќе решат на старо да ги продаваат во иднина. :D

    Како и да е ти благодарам за инфото. Интересно е да се прочита сето ова. :bravo:
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Mожам да си ја замислам острината и чистината на сликата? или не? на овие нема утка, треба ќор да е докторот за да не види нешто :))

    Ultra Clarity! You lucky bastard ! :p
     
    На bate mile му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Еден мал апдејт за оние кои ги интересира...Графичка картичка која ги тера овие монитори е Nvidia Quadro FX1800 која спаѓа во мидрејнџ сегментот...значи има и многу подобри, со тоа што претпоставувам дека оваа била сосема доволна да ги нахрани со податоци :))
    http://www.nvidia.com/object/product_quadro_fx_1800_us.html
    Е сега бидејќи имав малку време да си поиграм со овие монитори, како апдејт за кој навеќе се замарате со блидинг на беклајт, и неуниформност, можев да забележам дека во два дела од мониторот униформноста не е идеална, односно на делот каде што се поставени неонките претпоставувам...светлината беше појака, но се разбира мониторите не беа калибрирани, не беа подесувани воопшто...Верувам дека ке ве апдејтирам наредна недела кога сето тоа ке биде средено, па ке ви кажам каков напредок има по ова...Инаку лесно препозлатлива е виолетовата боја кога мониторите се гледаат од различни агли, нели, одлика на ИПС панелите. Инаку на мониторот се разликуваат повеќе од 3000 нијанси на сива боја...Ова се грејскел односно црно бели монитори...
    Како што реков блидингот на беклајтот е неизбежен но се приметува кога се гледа повеќе од страна...Многу ми е жал што не можам да направам фотки за да ви прикажам како тоа се изгледа.. :(
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Браво за ентузијазмот и пренесувањето на информациите, како што реков блазе си ти :)

    A за виолетовиот тинт, би рекол дека си у право дека е карактеристика на IPS панелите, сепак се гледа само кого си прилично ван агол на црна позадина :)

    Кажи ми само, до колку иде контрастот? 1000:1 се или 800? Grayscale ако не се лажам кај повеќето медицински монитори е 3 - MP :)

    П.С. Имаат ли интернал лут моделиве, и дали се базирани на 8 или 10 битно процесирање?
     
  10. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Не се лажеш...Повеќето се 3 МР, но овие се најновите, најдобрите во моментот...Овие се со 5 МР...Во очекување сме на 10 МР, но за жал тие мислам дека нема да дојдат кај нас и нема да имаме прилика да ги видиме...
    Инаку што се однесува за контрастот, во некој од моите погорни постови кажав дека контрастот оди до неверојатни 800:1, а она што те интересираше е следнава информација: DICOM LUT 3061 unique shades of gray...Мислам дека не ти треба превод :))
    За виолетовата боја си во право дека се забележува само кога се гледа од агол.
    Другата информација која те интересираше е тоа дека користат и 8 и 10 битно процесирање на пиксел на сивило, а една од исто така интересни информации е следнава за калибрација : (глупо ми е да преведувам, прочитај го во оригинал подобро ке разбереш) :
    LCD panels individually factory characterized with a NIST-traceable photometer. Characteristic data is stored in the display and remains available throughout the product life.
    DICOM calibration performed by Dome CXtra™ using the RightLight™ internal photometer. DICOM calibration LUT stored in the display and automatically maintained for the life of the display.
    DICOM conformance maintained by RightLight™ internal photometer. Independent conformance testing using Dome CXtra™ with an external photometer.

    И уште една од најинтересните инфоа е следнава: Brightness 1000 cd/m² typical,
    Default Calibrated 500 cd/m²

    Service and Support
    Warranty 5-year standard warranty
    Backlight Warranty 10-year standard warranty

    Наздравје бричење :LOL:

    едит: Фул 10 битно процесирање треба да има новиот 10 МР панел...Тој ќе биде со нешто зголемен контраст, околу 850:1 и брајтнес 1250 cd/m2.
    Големината ке му биде 30’’, резолуција 4096 x 2560 Landscape, и неверојатни DICOM LUT 4093 shades of gray.... хехехе :bravo:
     
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Kако и што мислев интернал лут :bravo: што значи кога еднаш ќе направиш калибрација истата останува во мониторот т.е. во лутот цело време, без разлика за што го користиш и независно од тоа на што е приклучен :bravo:

    WOW 1000C cd/m2?? :isplashen:

    DICOM LUT 4093 shades of gray aj по дома :))

    Backlight Warranty 10-year standard warranty
    :LOL::LOL::LOL:
     
  12. DzoOLe

    DzoOLe
    Баниран/a

    28
    2
    31 oктомври 2009
    Да се пофалам, веќе 4ти ден сум сопственик на DELL U2311H, па би сакал да прашам дали ми е потребна калибрација, и како би можел да го калибрирам, некако не сум 100% задоволен од сликава? :)
     
  13. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Во која смисла не си задоволен? Што работиш на екранот? Во зависност од тоа за каква намена го користиш, ке ти биде потребен и соодветен калибратор, односно сетинзи кои ке се користат...Едни се сетинзите за работа со графика, други за фотографија, трети за нешто друго итн...
     
    1 person likes this.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008

    Намали Brightness, на 25/30% а другото остави на дифолт. Ако сакаш да видиш колку е добра/лоша сликата ти препорачувам да пуштиш некој филм во HD и да заприметиш колку е добра стабилноста на контрастот, и деталноста на истиот во потемните делови во филмот, ако можеш релативно јасно да гледаш во тие делови тогаш знај дека најбитниот тест за медија (за којшто е наменет U2311H ) го има поминато твојот монитор.

    Понатаму има тестови на Lagom, aко сакаш од повеќе аспекти да провериш какво парче си земал.

    Таму можеш од повеќе аспекти да провериш какво парче си земал, оштрина, сатурација, лејоут на пискелите, гама, деталност итн. Друго, калибратор асален под 100+ евра нема.
     
  15. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Еве повторно јас малку да ве позамарам со моиве монитори и со споредбите околу нив...Понекогаш и мене некој работи не ми се јасни се додека не ги погледнам во живо...Успеав да направам неколку слики од повеќе различни агли нормално во лоши услови и со мобилен телефон...Сепак мислам дека ке воочите неколку разлики кои ке ги искоментирам паралелно со сликите...
    Значи уште еднаш ке ги споменам моделите на мониторите за кои зборувам:
    Eizo Flexscan MX190
    TFT Color LCD Panel (VA)
    1280 x 1024
    0.294 x 0.294 mm
    16.77 million from a palette of 1.06 billion colors
    178°, 178°
    280 cd/m2 (typical)
    1000:1 (typical)
    16 ms (typical)
    1 Mpix

    Ова се поважните карактеристики на помалиот монитор, а за другите мислам дека нема потреба да ги повторувам. Сакам да нагласам дека овој монитор има и Backgroun Light сензор со кој се врши регулација на позадинското светло во зависност од тоа дали е активиран или не е активиран скрин сејверот. Тоа на еден начин е позитивна особина, а на друг во мојов случај не е бидејќи незнам во моментот кога оди скрин сејверот дали беклајтот е активен или не е...Би требало да не е, па заради тоа и ке се забележи некаква си униформност да речам одлична...Односно добра црна позадина...Сепак ке има време и понатаму да се вршат тестови секако, па во моментот не ми ни текна да пуштам тест слика на црно за да видам дали има разлика...

    Значи во моментот има монитор со VA и со IPS панел side by side...:LOL:
    Еве како изгледа споредба помеѓу два панели, еден од ~15 000 долари (5 мега пиксели), и еден од 1000 долари (1 мега пиксел) со различни панели...

    Поглед од лева страна:

    [​IMG]

    Поглед од десна страна:

    [​IMG]

    На претходните слики може многу добро да се забележи специфичната виолетова боја која е карактеристична за IPS панелите...Сепак би нагласил дека ова се монохроматски панели...

    Поглед од напред:

    [​IMG]

    По оваа анализа може по мене да се заклучи дека беклајт сензорот одлично ја врши работата кај Eizo-то...Се надевам дека тоа може да го забележите. Се приметува и неуниформноста на IPS-от во два дела од панелот, односно каде што почнуват или завршуваат CCFL лампите кои служат за позадинско осветлување.
    Бидејќи со сликање се добива малку погрешна претстава за цурење - пробивање на позадинското светло кое доведува до неуниформност дури и на најсупериорните панели, со црвено ми се заокружени деловите кои успеав да ги приметам од самиот старт...

    [​IMG]

    Јас се извинувам за квалитетот на сликите, кои беа направени во една гужва и хаос, во темна просторија со цел да ви доловам дел од она кое сакав да го споделам со оние што ги интересира дел од оваа проблематика. Инаку сликани се со мобилен телефон како што реков во несооветни услови...
    Кога ке се направи споредба при поставување на тест слика на панелите, во живо не можам да ви објаснам колку посупериорно и колку помоќно делува сликата на мониторите со IPS панелите... Бело си е бело...Кај Eizo-то целата слика беше топла, односно црвеникава. Тоа можете да го забележите и од приложената слика:

    [​IMG]

    IPS-от можеби ке ви делува на плаво, но друго е кога се гледа во живо...Како што реков вистинската слика не може да се пренесе преку фотографија...
    Друга работа е тоа што IPS-от е калибриран со калибратор и софтвер кој си доаѓа во пакет со комплетниот систем...Вредности одчитани на луминометар од повеќе мерни подрачја на самиот монитор на бело и црно ниво се внесуваат во табела од совтверот кој се грижи за суперниорноста на прикажаната слика...Па не е ни чудно зошто квалитетот на сликата одскокнува од онаа кај Eizo-то, за кој не можам никако да кажам дека не е добар, но покрај овие во приказ на слика едноставно се губи...
    Ви благодарам на вниманието и посветеното време да го проќитате овој пост :LOL:
    Со евентуални нови информации ке се јавам наскоро...
    Поздрав
    :)
     
    dejan_str, psyside и на gokica им се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Одлично инфо докторе кое е скоро невозможно обичните корисници да го добијат од прва рака. :bravo:
     
  17. krema

    krema
    Professor

    9,081
    8,813
    24 Јуни 2009
    Машко
    фала за инфото :bravo: + реп
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,070
    25,356
    4 Септември 2008
    Уште едне доказ за супериорноста на IPS панелите, одлични инфоrмации од прва рака, секоја чест докторе и фала ти многу! баш би сакал една споредба да направиме со IPS моделот и мојов, мислам дека ќе биде интересно :D

    Во моментов би сакал да видам што би искоментирал Ангел на ова, постоеше несогласување помеѓу мене и него во поглед на кавалитетот на Eizo PVA/VA бaзираните монитори во споредба со оние со IPS матрица, мислам дека сликите кажуваат све а и твоеото директно искуство. Неправилноститет во приказот се дел од секој PVA/VA панел поготово прецизноста на боите и деталноста на црната боја а воедно и релативно измиениот приказ што дури и преку сликиве е очигледен. Дали забележуваш пресилна сатурација на PVA моделот исто така би ме интересирало? покрај тоа што мониторот има и црвенкаст тинт.

    Значи со право сум biased ! :LOL:
     
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    За и околу сатурацијата не би можел да коментирам бидејќи мониторите се калибрирани и се наменети за специфична работа...Што би значело во превод дека и работата со работната станица е ограничена. Така да мислам дека овие податоци што успеав да ги споделам се навистина и многу... Како што реков доколку имам можност и услови, ке се обидам да ископам уште повеќе информации :bravo:
     
  20. Angel

    Angel
    Intern

    314
    25
    21 Април 2007
    IPS е далеку од супериорност, ама е најдоброто што во моментот може да се најде на пазарот. Пресилната сатурација и црвенкаста боја се средуваат за 2 минути. Ама да не развлекувам... Овие монитори се за специфична намена и споредбата со десетина пати поефтини може да служи само за приказ на нивниот квалитет, ама не и како репер. Она што мене ме интересира е дали користат посебни колор профили за приказ, или пак самиот софтвер го спрема приказот и го пушта на RGB. И дали EIZO е со калибратор или не?

    @SaleSK
    Видов дека се користи софтвер на Siemens. Тие соработуваат со EIZO (односно се купени од нив). Зошто не се користат RadiForce мониторите, кога веќе контролниот е EIZO.?
     
  21. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Контролниот е Eizo и е како што пишува погоре е со 1мегапиксели...Тој служи за првичен приказ на сликата и како монитор на кој се работи со софтверот...Ниеден од мониторите не доаѓа со калибратор. Секој монитор нахнадно се калибрира според пропишан протокол со соодвентни мерни инструменти и софтвер кој е веќе инсталиран на компјутерот.
    Останатите два монитори се со резолуција од 5 мегапиксели и служат за дијагностика, односно за да се види она што треба да се види на нив и се користат единствено за тоа...Инаку се користат неколку типови на монитори, во моментот се користат овие како што реков заради флет панел детекторот. Инаку во моментот се испорачани овакви заради тоа што се најсоодветни за тоа што треба да го прикажат...Малку е се комплицирано за да се објаснува на кратко...
    Е сега црвеникавиот приказ не е баш така едноставно да се подеси бидејќи како што кажав мониторите се подесуваат со одредени параметри и се мери светлината која ја испорачуваат на бела и црна позадина и тоа на неколку места. Најчесто во четирите агли и центарот. Потоа се вршат сетирања за одреден профил, односно се вршат DICOM подесувања...
    За Eizo-то најчесто овие сетинзи се фабрички подесени и одбрани, менито е заклучено и не може да го користи кој сака, така да подесувањата се вршат само на мониторите за дијагностика за кој мора да се внесат многу податоци, како и податоци за типот, јачината и поставеноста на светилките во самата просторија ;) На нив нема никакви тастери па дури ни копче "Power"...
     
  22. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,860
    4,584
    8 Април 2011
    Машко
    ова е интересна тема,NDS се број еден монитори за прецизни медицински работи.Многу ме интересира како се претвора 10-12 бит дисплеј во црно-бел или 12 бит Grayscale технојоџи.И дали за тоа мора посебен монитор или може секој 10 бит па и 8бит монитор
     
  23. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,834
    5,013
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Мал тизер..
    [​IMG]
     
    На Boldozer и psyside им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...