Значи вака.
На интернет постојат многу сајтови каде што има задачи за програмирање, а често тие и спроведуваат натпревари на кои може да се одмерат силите со програмери од целиот свет.
Одамна имам идеја да се прават онлајн натпревари во програмирање на кои ќе учествуваат што поголем број на Македонци. Сите земји кои значат нешто во програмерскиот свет имаат свои сајтови на кои учесниците со решавање добиваат нови знаења и искуства. Тие земји не случајно освојуваат најголем број награди на сите престижни натпревари во алгоритамско програмирање како IOI, ACM. Најдов еден сајт на Интернет каде што може да организирам онлајн натпревари и да одберам кои проблеми да ги ставам во нив од нивната голема архива.
Значи,
цел: Да се организира Macedonia Code Open
Значи да се почне Macedonia Code Open 1, Macedonia Code Open 2...
Да се организираат натпревари на одреден временски интервал, да речеме еднаш месечно (давајте предлози).
Сите информации за Macedonia Code Open натпреварите да се објавуваат на еден веб сајт (блог), јас го отворив овој блог macedoniacodeopen.blogspot.com
Како би изгледал натпреварот,
би имало 5 часа за решавање на 3 задачи.
Ова е само еден пример.
Ми треба ваша подршка во ова затоа што ова е пред се за вас, за нас, за збогатување на знаењата од областа на програмирањето, учење на нешто ново, преку натпревари на кои може да си ги "измериме" силите. Пишувајте коментари за тоа кои се заинтересирани и проширете ја идејата. Дајте ми ваши мислења. Исто така ми треба и информација за тоа до кое ниво го владеете програмирањето.
За да смеам да организирам виртуелни натпревари на тој сајт треба да решам 5 задачи, па штом ќе бидам малку послободен ќе го сторам тоа.
Планирам, доколку има заинтересиранот (потенцирам заинтересираност), да го организирам натпреварот во средината на септември или кон крајот, за да ви дадам повеќе време да се спремате, ќе ви кажам и места каде што можете да го сторите тоа, ќе споделам мои искуства. Исто така би имало и повеќе време да се рашири информацијата за Macedonia Code Open и кон други потенцијални заинтересирани.
Би сакал мислења околу целата идеја и доколку некој има познавања од креирање на интересно лого за Macedonia Code Open може слободно да го направи тоа и да ме контактира мене. Полека заедно можеме да ја направиме оваа иницијатива стварност, а од Macedonia Code Open ќе имаме бенефиција сите ние.
веб сајт (блог): macedoniacodeopen.blogspot.com
мејл за контакт: [email protected]
Она што е следно:
мислења од вас, разработување на идејата
да се организира Macedonia Code Open 1
да се направи форум на кој ќе се дискутира за програмирањето и задачите кои ќе се даваат
да се направи лого
Сега за сега толку.
Ве молам оставете ваши мислења околу идејата и до кое ниво сте во програмирање. Доколку сте заинтересирани за идејата напишете нешто.
Ми треба отприка бројка колку би имало потенцијални натпреварувачи за првата рунда т.е. Macedonia Code Open 1
Поздрав