1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Напредно користење на мобилен телефон.

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од moongose, 3 Февруари 2017.

  1. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,947
    2,185
    19 Јули 2013
    Често во темиве за мобилни телефони, особено кога се бара препорака за некој телефон за обичен корисник, се препорачуваат одредени модели кои се доволни за „обично“ користење при што се мисли дека поскапите премиум модели се за напредни корисници. Читајќи го тоа, секојпат се запрашував што е напредно користење на мобилен телефон.

    Со оглед дека сите „обични“ корисници што ги познавам, на телефоните користат вибер, фејбук, месенџер, снепчет, инстаграм, прелистувач, мејл клиент, јутуб, навигации, слушаат музика, гледаат видеа, сликаат, снимаат, играат најразлични игри итн. Значи го користат за намени кои што воопшто не се лесни за телефонот, напротив.

    Така да ми останува прашањето што е тоа што напредните корисници користат повеќе за да им требаат значително поголеми хардверски спецификации од оние кои би им биле доволни на обичните или незахтевните корисници?
     
    На GreenRoot, Costigan_Jr, Tawe и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,319
    968
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Напредните корисници користат апликации за бенчмарк ;)
    Плус/минус секој телефон ќе ја заврши истата работа. Разликата е во тоа како ќе ја заврши, брзината на работа...
    Со послаби телефони сум имал проблеми со сецкање, бавно работење.... едно обично сурфање било ужас, бавно.... и брзо трошење на батеријата.
    Многу работи не сум ги правел на телефонот баш заради тоа. Слаб телефон сум го користел за зборување и малку за други работи...
     
    На Psycore и Justice for All им се допаѓа ова.
  3. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,306
    1,360
    6 Февруари 2009
    Напредно е ако работиш во Холивудско студио и треба на пример да го рендерираш Титаник во 3Д со сите ефекти на мобилен, додека се возиш од Санта Барбара до Беверли Хилс, затоа што лаптопот ти цркнал ноќта и ги имаш снимките само на телефон.

    Напредно е ако пресметките за новото полетување на Спејс Шатлот си ги чувал само на УСБ и на телефон, и не можеш никако да го најдеш УСБ-то, па сега на телефон мора да ги направиш одново за да случајно не се направи некоја грешка па ракетата да заврши во море, пошто полетувањето е утре.

    Напредно е ако си на дното на Баренцовото море и капетанот на подморницата ги има заборавено шифрите за нуклеарните торпеда, па мора да побара дешифрирање на 128битна енкрипција, а заради остварување на стелт моуд на подморницата не смеат да ги вклучуваат бучните компјутерски системи.

    Не знам како не ти е јасно што е напредно, па и цела тема отвораш :D
     
    На Necromancer, the_maker, [email protected] и уште 11 други им се допаѓа ова.
  4. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,369
    1,442
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Напредно користење е користење на апарат од 1000 евра звани iPhone
     
    На Justice for All и DrMTR им се допаѓа ова.
  5. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    521
    449
    20 ноември 2013
    Машко
    Истото ми го кажаа пред 7 години кога барав лаптоп со i5 процесор (прва генерација), што ќе ти тоа, ќе управуваш сателити или што ???

    Моментално апликациите станаа доста големи, со секоја верзија има нови работи, подобрувања па и +глупости и се тоа зафаќа +ресурси на телефонот. Кога телефонот може да издржи интензивно софтверски и хардверски малтретирање при работа во 3-4++ апликации и батеријата да не отиде набрзина азис за тоа време, да не закочи или падне, пример скајп, мејл, 'чат', друг захтевен софтвер итд.
     
    На mdeni и Isak Keyten им се допаѓа ова.
  6. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Јас користам едноставен мобилен телефон, Самсунг. Има аларм, календар, пишување на белешки и се она што треба да има телефон, бирање, именик, СМС пораки и то... Не знам како се викаат, обични телефони, не смартфони со милијарда делови?
    Нема камера, нема можност за фејзбук и други чуда да инсталираш.

    За други работи користам Андроид таблет, Некус 7. Имам Фејзбук, Твитер, Тамблер, Хартстоун и ред други апликациички како Хром Фајрфокс.
    Иако има 30ГБ флеш меморија и Интел Квад Кор процесор со Ен Видиа Тегра ГПУ, се уште ми се уклучува као на Виндоус коа ќе му напукаш програми :) ;)

    А смартфони не користам пошто Фејзбук секој ден глеам на ПЦ.
    Иако би купил телефон кој има повеќе меморија и подобар календар и подобар бележник и подобар аларм. Некој смартфон до 4000 таман ми личи, за овие работи.
    Пример овој обичниов што го имам, треба да бришеш пораки и белешки после некое време пошто се преполнува.
    Календарот дава да напишеш белешка ама само кој ден, а не и во кое време.
    Има и други недостатоци, ама врши работа, како така. Лично сум задоволен.

    Можеш и вака као, јас.
     
    На Psycore и Lokvan им се допаѓа ова.
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Или можда мислеше да користиш телефон за фотографирање или снимање краток филм?

    Пошто не гледам друга причина зошто ти треба Ајфон или Самсунг Галакси освен за Фејзбук, Инстаграм и Флапи Брд :D :p
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,312
    25,699
    4 Септември 2008
    Повеќе апликации уклучени перманетно, GPS, снимање со камера и сликање во RAW, снимање во 4K, користење на 4G/Wi-Fi и во ситуации која има слаб сигнал - батерија која трае во такви услови и воопшто таква употреба е возможна само кај хај енд чипсети - да се избегне прегревање во такви улови исто така најчесто возможно само на хај енд модели - генерално тоа е, нема некоја огромна разлика - повеќето корисници ги користат телефоните слично/исто, сем во моментите кога ќе ти притреба - па така повеќето идат на варијанта подобро да има а да не ми треба, него обратно. Лично ми вршат работа и буџет уреди, ама имам ќеиф да користам уреди од повисока класа.
     
    На Isak Keyten, Astraion, Ace Lud и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    215
    172
    29 Март 2012
    [​IMG]
     
    На the_maker, krale, Kajsibebraat и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,497
    2,514
    14 Мај 2008
    Машко
    Колку повеќе пари платиш за телефон или компјутер, толку повеќе време ќе добиеш во животот....

    На пример - обично no-name усб стикче од 16 гига - 500 денари, перформанси 5мб/с. Сандиск говедо од 16 гига - 1000 денари, 80мб/с.
    Ситуација: Треба да идеш на собиранка со друштво и треба да донесеш филм за да го гледате, ама да биде со блу-реј квалитет (8-12GB).

    - no-name стикче - 40 минути
    - Сандиск говедо - 3 минути

    Разлика од 37 минути. Фиксна разлика на цена меѓу два уреди - 500 денари

    Дневница на ИТ работник - 2000 денари или 250 денари од саат. Бидејќи маневарот е во слободно време после работа, слободното време чини дупло, значи 500 денари од саат.

    Значи, со два префрлени филма на стикче ми се исплаќа разликата во цена што ќе ја платам за Сандиск говедото. Воедно добивам 37 минути од животот што можам да ги искористам за нешто друго. А стикчињата имаат 5 години гаранција.......... Истата аналогија и за компјутери и телефони.


    Не, не се купува процесор од 23000 денари, SSD од 15000 денари и телефон од 45000 денари затоа што сакаш да си сноб и да се курчиш. Со тие илјадници денари не купуваш хардвер, туку купуваш време за живот, за најблиските, другарите, љубов и семејство.

    Запамтете го ова што го напишав и добро замислете се пред да купите лаптоп од 12000 денари, телефон од 4000 денари, стикче од 500 денари. Колку време од животот ќе ви потрошат овие уреди? Дали се исплати?
     
    На ivan88, Luidgi, Isak Keyten и уште 15 други им се допаѓа ова.
  11. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,517
    23 Јуни 2015
    Машко
    Премногу длабоко, ме погоди у дебело црево и еве на шолја завршив. :D

    Заборави платите да ги спомнеш...сооднос.
     
    На Justice for All му/ѝ се допаѓа ова.
  12. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,690
    3,070
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    мене вписка ме погоди. еве, на левата нога, па неможам да станам :)
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    195
    311
    12 Декември 2015
    Машко
    Кога купуваш уред од висока класа, се е подобро, побрзо, и без компромис.
    На пример, јас го сликам синчето со 21мпх камера секој ден по 5-6 фотки. Би ги имал сликите и со телефон од 100~ еу, но кога малиот ќе порасне, ќе има поубав спомен. Ова чисто ко пример.
     
    draganamon, tupacan, Pane24 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,390
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Nokia 3310 само за тебе хахах.
     
    На DrMTR и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  15. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,306
    1,360
    6 Февруари 2009
    Единствена компанија која верува дека сите треба да го имаат истото одлично мобилно искуство е Apple, и не продава ниеден модел со кастрирани перформанси.

    Хејтајте колку сакате, али факт си е :)
     
    На DarkEnchanter и draganamon им се допаѓа ова.
  16. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,885
    5,755
    21 Јануари 2009
    Takaee.
    Тоа е всушност целата философија на Apple. Сите корисници да имаат исто одлично мобилно искуство.
    Се е до грижата за корисниците.
    Не е друго...
     
    На krale и Jovan2389 им се допаѓа ова.
  17. Jovan2389

    Jovan2389
    On your way to fame

    685
    670
    22 Април 2013
    Машко
    Почна " бреинвош ничим изазван "
     
    На psyside и Justice for All им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,312
    25,699
    4 Септември 2008
    Oh my, најголемите шпараџии у исторјата не кастрирале XD XD XD

    До пред 6s телефони со 1гб рам продаваа, и со ист процесор (со мали твикови) 2 години поминуваа, па така S6 го крена на клоци ip6, и видоа нe видоа мораа да убацат асален чип и нанд, иначе ќе дуваа у аспух како што дуваше ip6.
     
    Isak Keyten, DrMTR и на Jovan2389 им се допаѓа ова.
  19. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,306
    1,360
    6 Февруари 2009
    С6 беше солидно телефонче, ама проблемот му беше што излезе во исто време со iph6 кој го направи пепел. Дел од проблемот за Епл е што i6 беше толку успешен како модел, што се уште си имаат проблем да ги надминат тие рекорди направени тогаш. Дури и дизајнот го рециклираат 3 пати по ред.

    А што се однесува до напредно користење - фала богу едвај 7-8% од продадените модели на Самсунг се за „напредни“ корисници - односно корисници кои компанијата верува дека не се технолошки ретардирани. Go Figure.

    Епл не ги потценува корисниците, и верува дека и негувателка во градинка, и научник во Наса треба да го добијат истото премиум искуство, без компромиси и патронизирање.

    Едните грешат - а кои секој може сам да си проценува.
     
    На ivan88 и draganamon им се допаѓа ова.
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,947
    2,185
    19 Јули 2013
    Секоја чест како успевате секоја тема во која се спомне мобилен да ја претворите во епл против самсунг :)

    Во одговорите никој не наведе конкретни напредни употреби на телефон. Psyside нешто наброи, но се тоа се ситуации во кои се пронаоѓа и „обичен“ корисник. Освен сликање во raw :) Многу корисници на дслр не сликаат во raw, па на телефон.

    Со оглед на тоа можам да заклучам дека нема напредно користење на мобилен телефон?
     
    На Fatal1ty_ и gokica им се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,312
    25,699
    4 Септември 2008
    Не се работи само дали тоа го прави и обичен корисник, него колку ефикасно може да се прави тоа со обичен телефон т.е. буџет верзија, некој за да биде раат купува скап за ако дојде во таква ситуација, затоа што MTK чипсет - поготово постарите модели, на GPS батеријата иде у провалија, исто така за употреба при слаб сигнал.
     
  22. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,016
    12 Август 2009
    Машко
    напредно користење до скоро беа чепкачи.
    Не како фабриката што го направила, они ко што мислат дека треба.
    Во темата за МI, сите се напредни корисници, пошто обичен корисник ни во лудило не би се замарал толку со телефон.
    Не викам дека е лошо, само појаснувам.
    Иначе би требало да бидат корисници кои сработуваат нешто со или за телефонот. Девелопери или корисници на специјализиран софтвер.
    Каква врска има тоа со моќноста на хардверот.. немам поима.. ама сигурно има некаква.
     
    draganamon, olikomerc и на Jovan2389 им се допаѓа ова.
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,248
    13 Јуни 2009
    Секој различно гледа на работите. На млади години палев ауто и одев до грција само за да купам хајенд мобилен кој го немаше кај нас.

    Сега телефони купувам за сите по дома само не за мене. Жими што си поиграв со ајфон малку чисто да видам што е толку фама околу него.

    3 и пол години сум со ноут 2 и уште тера со првата батерија. Го полнам на два до три дена.

    Но темава ја наоѓам корисна зашто може да осознаам нешто што не сум знаел т.е. за што можам да го користам телефонов па да купам некој флегшип.
     
  24. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,623
    1,393
    27 Јануари 2011
    Машко
    Покрај сите горе наведени работи ФБ, ЛинкедИн, Твитер итн телефонот го користам за ТеамЊивер (затоа преферирам екран 5.5 +), пристам до клуд со документи. Ако не сум во канцеларија да може да едитирам нешто минимално и да пратам на мејл. Календар со потсетник (напредните коризници се многу забравени).
    Како што пиша погоре @Sephiroth добиваш време т.е некоја работа завршуваш за побрзо во одење.
    Кога сме кај избор на телефон, користам МИ телефон.

    ПС. иПхоне не ти дава ништо повеке од другите телефони, сем чалам фактор кој трае неколку месеци, потоа и чистачка и НАСА инжинер го имаат.

     

Сподели

Вчитување...