• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Напредни можности во Google

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Пребарувачите на интернет постојат уште од самиот почеток на интернетот. Сепак некои од нас се уште не знаат како да ги користат правилно.
Google, кој моментално е еден од најпознатите и најдобри пребарувачи во светот има вградено многу напредни можности, кои внесувајќи ги преку лентата за пребарување можат да ни дадат мометален пристап до многу корисни информации, но многу од нас не знаат за нив или не знаат како да ги искористат. Во следната статија ќе ви претставиме некои (но не сите) од нив.

Наводници
Наводниците можат да се употребат за ограничување во пребарувањето на специфични наслови. На пример, да претпоставиме дека сaкаме да добиеме некои информации за куќиштето на компјутерот (анг. computer case). Со пребарувањето: computer case
ќе добиеме листа на веб страни кои го содржат зборот „computer“ и зборот „case“ и нивниот број ќе биде огромен така што ќе ни биде потешко да го најдеме точно она што го бараме. Но ако бараниот израз го ставиме во наводници
“computer case”
тогаш ќе добиеме листа на веб страни кои го содржат точно изразот „computer case“ нивниот број ќе биде помал со што се зголемува веројатноста за побрзо да го најдете тоа што го барате.

Дефиниции
Да речеме дека читате нешто online и наидувате на збор што не ви е познат. Место да барате по речници и лексикони можете да го прашате google. Само пред саканиот збор напишете “define:“. На пример:
define: TCP/IP
ќе ви даде дефиниции за TCP/IP

Добивање информации за филм
Ако барате некој филм и сакате да добиете повеќе информации за истиот тогаш при пребарувањто употребете го префиксот „movie:“ На пример:
movie: Superman
ќе ви даде информација и критики за филмот Superman

Пребарување за одреден сајт
Со додавање на префиксот „site:“ може да го пребарувате google за одреден сајт. На пример:
site: www.makpcworld.com
или ако сакате во www.makpcworld.com да пребарувате за одреден збор, на пример вируси, тогаш командата треба да изгледа вака:
вируси site: www.makpcworld.com

Калкулатор
Лентата за пребарување на google може да се искористи и како калкулатор. За да пресметате некој израз, на пример: 235+54-2,65*3, во полето за пребарување само внесете го изразот
235+54-2,65*3

Употреба на ѕвездички
Ако сакате да пребарувате за некој израз, но не го знаете точно целиот израз тогаш можете да употребувате ѕвездички наместо некои зборови. На пример:
"Fear * * Dark"

Други интересни синтакси со кои можете да му кажете на google дека сакатe да го ограничите пребарувањето се:
“link:” - со овој префикс гоогле ќе ви излиста веб сајтови кои имаат врска до одреден веб сајт. На пример:
link: www.google.com

“cash:” - со овој префикс гоогле ќе ви прикаже верзијата на одреден веб сајт која ја има во кешот. На пример:
cache:www.makpcworld.com
ако има празно место меѓу “cash:” и името на веб сајтот тогаш ќе добиете листа од верзии на истиот сајт кои гоогле ги има во кешот. На пример:
cache: www.makpcworld.com

“inurl:” - со употребата на овој префикс гоогле ќе ги ограничи пребарувањата на документи односно веб сајтови кои содржат одреден збор во нивната веб адреса. Употребувајте го без празно место меѓу “inurl:” и бараниот збор. На пример:
inurl:makpc

“intitle:” - со употребата на овој префикс гоогле ќе ги ограничи пребарувањата на документи односно веб сајтови кои содржат одреден збор во нивниот наслов. На пример:
intitle:вируси

извор: makpcworld
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Овие постојат многу одамна, мисла дека се од кога настана гугле... и со нивна гомбинација може да се остварат многу напредни пребарувања
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
hmmmz.. Mi se dopadna postot. Lichno ova go imav chitano mnogu predhodno, ama za nekoi koi shto ne gi znaat ovie raboti ( a znam deka gi ima mnogu ) veruvam deka kje mu se najdat.
:bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,119
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно