- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Според новинските агенции, истражувачи од САД ја направија првата камера "Човечко око", камера која може да направи револуција во светот на фотографијата.
Камерата-прототип е со големина и облик на човечко око и има закривена "ретина" која е чувствителна на светлина.
Дигиталните камери работат на принципот на фокусирање на светлината на силиконски чип кој содржи пиксели чувствителни на светлина. Но проширувањето на видното поле доведува до дисторзија околу рабовите на сликата. Токму затоа окото е округло за да не се губи на квалитетот на сликата.
Округлата "електронска ретина" направена од силикон може да доведе до нова генерација дигитални и видео камери без дисторзија.
"Оваа технологија ни овозможува да поставиме електронски направи на оние места каде до сега не можевме" - вели John Rogers, инжинер во Универзитетот во Илиноис, кој го води проектот заедно со Yonggang Huang од Нортвестерн Универзитетот.
Со експериментите кои веќе се прават се тестираат други потенцијални апликации, вклучувајќи и слаб монитор кој лесно се поставува и ќе ги детектира електронските сигнали кои патуваат преку површината на човечкиот мозок.
Извор: Xinhuanet