• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Намален данок во ИТ секторот

whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
180
140
Не е јасно дали ова треба да важи и за фриленсерите во ИКТ индустријата, т.е. оние чијшто приход се категоризира како „друг доход“.

И по се изгледа оваа точка не била усвоена, или барем ја нема во оваа изјава: https://vlada.mk/node/22629.

Другите три се опфтени со мерките (24) и (27).

Најверојатно не важи штом е спомнато само вработени во ИТ индустрија, бидејќи ние не сме вработени.
 
Park87

Intern
10 април 2019
16
9
Најверојатно не важи штом е спомнато само вработени во ИТ индустрија, бидејќи ние не сме вработени.

Каде е спомнато „само вработени во ИТ индустрија,“ не гледам? Статијата каде што се дискутира предлогот (пред да биде усвоен) само вели дека сетот мерки е „во интерес и на ИКТ индустријата.“ Така што четирите точки цитирани овде најверојатно не се однесуваат само на оние во ИКТ индустријата, туку на сите. Прашањето е дали се мисли на сите вработени со придонеси или на сите што остваруваат личен доход, по кој било основ. Мерката за намалување на персоналниот данок (првата точка од цитатот) е нејасно дали воопшто е изгласана, или била исфрлена од предлогот пред да го усвојат.
 
Последна промена:

Искрено и јас би сакал да се опфатени и фриленсерите, но мислам дека кога излезе ова некаде прочитав дека станува збор за даночно олеснување кое ќе го имаат работодавачите во ИТ индустријата.

Дали е усвоено или не не знам, но како што посочи ти изгледа се откажале од тоа. Секое чудо за 2 дена, ветено не исполнето.
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,902
1,544
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
абе ајде, кај најбогати уште и даночно олеснување.
 
Park87

Intern
10 април 2019
16
9
Таков е редот. Tax cuts for the rich, American style.

On a more serious note, нема да има намалување на даночните стапки (барем за сега):
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/836
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1132/ZAKON_ZA_DANOKOT_NA_LICEN_DOHOD_-_Sl_vesnik__br.290_od_7_12_20_2020_za_WEB.pdf

10% до 31.12.2022, после тоа назад на прогресивниот од 10%/18% и 15% за одредени категории.

(1) Одредбите од членовите од 11, 84 и 87 од овој закон кои се однесуваат на стапките по кои се пресметува и плаќа данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход нема да се применуваат од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година.

(2) До денот на отпочнувањето на примената на одредбите од став (1) на овој член пресметката и плаќањето на данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%.
 
Park87

Intern
10 април 2019
16
9

“Нашите заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите. За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија“, истакна Заев...
 
whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
180
140
Не се секирај друже, 90% ос бизнисите исплаќаат минималец на сметка за кој плаќаат минимален персонален данок, останатото на рака.
 
Изменето од модератор:

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,465
1,282
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Не се секирај друже, 90% ос бизнисите исплаќаат минималец на сметка за кој плаќаат минимален персонален данок, останатото на рака.

Во ИТ секторот не би рекол дека е така, туку минимум обратно. Над 90% од компаниите не само што ја даваат цела плата на сметка, туку голем дел од нив плаќаат и дополнително приватно здравствено осигурување, заштеди со животно осигурување и други слични бенефити.
 
whiterabbit

Gaining Experience
20 мај 2020
180
140
Во ИТ секторот не би рекол дека е така, туку минимум обратно. Над 90% од компаниите не само што ја даваат цела плата на сметка, туку голем дел од нив плаќаат и дополнително приватно здравствено осигурување, заштеди со животно осигурување и други слични бенефити.
Не се однесуваше на ИТ секторот, на другите сектори за кои дотичната личност се бунеше дека треба да тужат.

Гледам го избришал коментарот...
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,131
11,664
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Не се однесуваше на ИТ секторот, на другите сектори за кои дотичната личност се бунеше дека треба да тужат.

Гледам го избришал коментарот...
Не сум ги избришал јас него друг ми го избришал. Нема да се повторувам.
 
McUrban

Intern
22 декември 2015
6
4
Таков е редот. Tax cuts for the rich, American style.

On a more serious note, нема да има намалување на даночните стапки (барем за сега):
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/836
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1132/ZAKON_ZA_DANOKOT_NA_LICEN_DOHOD_-_Sl_vesnik__br.290_od_7_12_20_2020_za_WEB.pdf

10% до 31.12.2022, после тоа назад на прогресивниот од 10%/18% и 15% за одредени категории.

Да се надоврзам на темата.

И покрај тврдењата дека до 31 декември 2022 година нема да има промена на данокот на личен доход и истиот нема да е прогресивен па дури и најавите дека наводно ќе гледа и да се сведе на 0% го читам денес законот за личен доход (страна 3) и таму стои...

(1) За доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, данокот на доход се плаќа по прогресивни стапки и тоа: на годишна даночна основа по стапка

До 1.080.000 денари 10%
од 1.080.001 денар 108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари

Овој дел од законот е нешто ново зошто пред некој месец го имав читано законов и не беше ништо од ова споменато.

Знае некој нешто повеќе? Фактички се враќа прогресивен данок?
 
chroot

Gaining Experience
12 ноември 2021
55
60
Нели имаше најави за намалување до 0% за ИТ, од кај испадна ова сега...
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,485
1,623
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Чекај сега, нели го сменија на 2 милиони денари, а најавата беше дека од 01.01.2022 ќе биде 3 милиони денари прагот?
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1,188
2,126
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Да се надоврзам на темата.

И покрај тврдењата дека до 31 декември 2022 година нема да има промена на данокот на личен доход и истиот нема да е прогресивен па дури и најавите дека наводно ќе гледа и да се сведе на 0% го читам денес законот за личен доход (страна 3) и таму стои...

(1) За доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, данокот на доход се плаќа по прогресивни стапки и тоа: на годишна даночна основа по стапка

До 1.080.000 денари 10%
од 1.080.001 денар 108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари

Овој дел од законот е нешто ново зошто пред некој месец го имав читано законов и не беше ништо од ова споменато.

Знае некој нешто повеќе? Фактички се враќа прогресивен данок?
Одложена е примената на прогресивен данок до 31.12.2022 година, после тоа ако нема измени се враќа прогресивниот данок.
Нели имаше најави за намалување до 0% за ИТ, од кај испадна ова сега...
Сеуште нема ништо конкретно за ова, освен најавата од лани.
Мислењето е автоматски споено:

Чекај сега, нели го сменија на 2 милиони денари, а најавата беше дека од 01.01.2022 ќе биде 3 милиони денари прагот?
Тоа е за прагот за регистрација на ДДВ, погоре муабетот е за данок на личен доход, патем сеуште не е подигнат прагот од 2 на 3 милиона.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,485
1,623
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Одложена е примената на прогресивен данок до 31.12.2022 година, после тоа ако нема измени се враќа прогресивниот данок.

Сеуште нема ништо конкретно за ова, освен најавата од лани.
Мислењето е автоматски споено:

Тоа е за прагот за регистрација на ДДВ, погоре муабетот е за данок на личен доход, патем сеуште не е подигнат прагот од 2 на 3 милиона.
Да, сега проверив сум го надминал (1 милион) а уште сметаат 10% данок на личен доход. 3 милиони мислам дека е прифатлив праг.
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,485
1,623
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,564
1,216
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10

Vrgood

Gaining Experience
20 јуни 2017
179
78
Ви пренесувам директен одговор од УЈП.
Во врска со Вашето барање на мислење Управа за јавни приходи Генерална Дирекција Ве известува:
Согласно член 2 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99... 198/18 и ”Сл весник
на РСМ “.275/19....163/21 во натамошниот текст ЗДДВ) предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот
на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска
дејност.
Согласно член 3 став 1 од ЗДДВ, промет на добра претставува преносот на правото на располагање со движен или
недвижен материјален имот.
Промет на услуги претставува секоја дејност која не е промет на добра во смисла на член 3 од ЗДДВ (член 6 став 1 од
ЗДДВ).
Кај прометот на услуги оданочувањето според член 2 точка 1 од ЗДДВ зависи од тоа дали услугите биле извршени во
земјата или надвор од неа. Местото на услугата се утврдува според член 14 од ЗДДВ.Неопходноста за утврдување на местото
на услугата според овие одредби секогаш се појавува кога услугата фактички се врши во странство или кога вршителот или
корисникот на услугата е резидентен во странство.
Согласно член 14 став 1 од ЗДДВ за место на прометот на услуги се смета местото каде што вршителот на услугата има
вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува. Ако такво место не постои, за место на
прометот на услуги се смета местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое постојано живеалиште или
престојувалиште.
Од основното правило пропишано во член 14 став 1 од ЗДДВ постојат исклучоци дадени во член 14 ставови 2 и 3 од ЗДДВ.
Ако одредена услуга не потпаѓа под одредбите од член 14 ставови 2 и 3, во тој случај за тој вид услуга ќе се применува член
14 став 1 од ЗДДВ.
Согласно член 14 став 1 од ЗДДВ за место на прометот на услуги се смета местото каде што вршителот на услугата има
вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува. Ако такво место не постои, за место на
прометот на услуги се смета местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое постојано живеалиште или
престојувалиште.
Според член 14 став 3 точка 1 од ЗДДВ, кога се работи за услуги на полето на рекламата и работа со јавноста и точка 4 кога
се работи за услуги на правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни
советници, сметководители и инженери, како и други слични декности за место на прометот на услугата се смета местото во
кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистинска извршена или доколку
такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште.
Под рекламни услуги се подразбираат услуги кои треба да доведат до донесување одлука од страна на рекламните
адресати за стекнување на добра или за користење на услуги.
Кон услугите на полето на рекламата се вбројуваат особено:
1.Рекламниот консалтинг-Тука се работи за информирање на клиентот за можностите за реклама;
2.Рекламните подготовки и планирањето на реклама - Се работи за истражување и планирање на основите на одреден
рекламен ангажман, на пример испитување на пазарот, анализа на потрошувачката, истражувањето на потрошувачките
навики, развој на пазарна стратегија и развој на рекламни концепции;
3.Рекламното уредување - Тука се вбројуваат графичката работа, срочувањето (формулирање и уредување) рекламни

2/2
текстови и подготвителните работи за филмска, радио и телевизиска продукција;
4.Рекламното производство - Тука се вбројува создавањето или снабдувањето со материјали неопходни за
рекламирањето, на пр. цртежи, отисоци за огласи, проспекти, плакати итн, офсет-печат, носители на слика и тон, вклучувајќи
го и надзорот врз процесот на производството;
5.Организирањето реклама - Поимот ја опфаќа реализацијата на нарачаната работа во соодветната област, во која треба
да се изврши рекламирањето, на пример давањето налог за објавување реклами кај издавачите на весници, списанија, стручни
печатени материјали и жолт печат, како и давањето налог за рекламирање до радиотелевизиските институции и до други
претприемачи кои вршат реклама;
6.Спроведувањето реклама - Тука се вбројува особено внесувањето на рекламни огласи во весници, списанија, стручни
списанија, снимањето на истите на носители на слика и тон, внесувањето реклама во жолт печат, останатите форми на
адресно рекламирање, на пример дополнително внесување или истакнато внесување на реклама, приложувањето или
распределбата на проспекти и други форми на директно рекламирање, поставувањето рекламни плакати и рекламни текстови
на огласни табли, сообраќајни средства итн, емитирањето рекламни филмови во кина или на рекламни спотови преку
телевизијата или радиото.
Рекламните мерки се спроведуваат со цел, со помош на визуелни, акустични или комбинирани средства, да се иницира
кај потрошувачот донесување одлука за стекнување одредени добра или за користење одредени услуги и на тој начин да се
унапреди сопствената деловна активност.
Согласно горенаведеното, на мислење сме дека доколку наведените услуги можат да се подведат член 14 став 3 точка 1 и 4 за
истите ќе немате обврска да пресметате ДДВ. Доколку наведените услуги не можат да се подведат член 14 став 3 точка 1 и 4
за истите ќе имате обврска да пресметате ДДВ
Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни
приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или
употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на
подносителот.
Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Северна Македонија согласно
член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија.
Со почит.
Изработил:
Горан Андоновски
Соња Трајкоска
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,485
1,623
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Одлично. Значи да прекинам да се ограничувам на два милиони (или три милиони денари) во 2022 ради данокот. Мала шала, не сум се ограничувал ради тоа. Едноставно не сум имал можност да дојдам до тие суми. Сепак добро е да се знае оваа работа, а покрај тоа, никогаш не се знае што носи новата година.
 
chroot

Gaining Experience
12 ноември 2021
55
60
Ќе се намали и стапката на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата на 0% до 2023 година, откако претходните две години ќе се намали на 5% и 3%.
Значи поголеми плати и многу нови странски фирми тука.

Изгледа ништо од ова... Сега читам дека даночната политика годинава ќе остане иста во сите сфери, и ќе се работи на нов план за прогресивно оданочување.

Наместо 3% годинава како што беше предвидено, а догодина 0%, ќе излезе пак 18% догодина
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,902
1,544
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,099
Мислења
877,646
Членови
30,697
Најнов член
ANGEL2828
На врв Дно