1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најоверклокабилен РАМ бренд е ?

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Speedy, 28 Февруари 2011.

  1. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    1. Покачување на волтажа (~+0.2v),
    2. Фреквенција (~+30%)
    3. Пониски латенции.

    Кој бренд ги нуди најдобрите mainstream мемории кои вклучуваат гореспомнатите карактеристики, барем за оние кои ги увезуваат во Македонија, A-DATA, Patriot, Corsair, Kingston, Apacer, PQI, Kingmax ?
    Слободно коментирајте за фирмите ако сте имале искуство.
     
  2. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    моето искуство со corsair е совршено.
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Имаш фабрички загарантирани (поскапи) и оние кај кои е ситуацијата како ќе ти се погоди при оверклок (ете како ти што ги викаш меинстрим). Кај меинстрим со латенциите ќе ти иде најтешко но не е невозможно а и 30% за повеќето се тешко достижни. Јас сум имал и вакви и такви искуства. Само екслузивните модели се рачно бирани да може да ги возат повисоките фреквенции кои ги декларирале.

    Од мое искуство Corsair DDR2 1066 иде 1066 со сигурност. Corsair 800 е игра на среќа дали ќе иде толку итн. Ничие искуство не може да се земе како репер за над декларираната брзина зашто ете можеби тебе нема да ти се погоди. :D
     
  4. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Со РАМ меморијата да си играш е помалку деликатно,не зависи толку од РАМ-от колку што зависи повеќе од чипсетот,тој за да го "издржи" тој наплив на информации мора и на него да се обрне внимание,да се крене напон.... дури некогаш и во граници за некој што се несфатливо неприфатливи. Да сумирам ,corsair и оверклокуван на 1200 не се осеќаше никаква топлина на него.
     
  5. krstanoski

    krstanoski
    Intern

    117
    24
    1 Декември 2010
    Машко
    студент
    Јас имам Apaser DDR2 2GB 800 MHz и веќе подолго време го работам на 810 МHz
    но мислам дека 10 MHz плус и не се нешто многу оптоварувајне:bravo::bravo:
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    Прашањево е многу комплексно и не може да се одговори конретно. Обично ќе слушаш приказни од искуства, но ти гарантирам дека тие приказни немаат вркса.

    Неколку работи кои треба да ги знаеш...
    Ниеден од спомнатите брендови не прозиведува RAM. Тие само купуваат чипови, прават тестирање и сортирање (бининг), ги монтираат/лемат на модули, ги паковаат со налепници и остатокот е добар маркетинг. Под бининг се подразбира тестирање и сортирање во категории според однапред дефинирани критериуми и норми за предвидената работа.

    Притоа чиповите ги купиуваат од повеќе производители. За ист модел на модули од еден бренд чиповите кои се користат може да се од различен производител и со различни карактеристики и перформанси. Чипови произведуваат Micron, Elphida, Quimonda, Infineon и тн. Дури и за ист тип на чипови произведени од овие производители постојат разлики во перформансите, во зависност од серијата, материјалот за работа и подесувањата. Па така и кога станува збор за чипови популарни поради нивните перформанси постојат варијации.

    Токму поради тоа брендовите кои продаваат RAM, како тие што ги наброја, ги тестираат и сортираат. При тестирањето и сортирањето ги ставаат во различни категории наменети за различни производи. Затоа од ист производител постојат еден куп модели со различни перформанси. Пример Kingston Value RAM 2GB DDR2-800 CL6 6-6-18 и Kingston HyperX DDR2-1066 CL5 5-5-15. Ист производител, а едниот модул е со најбатак чипови кои не се оверклокуваат и едвај ги задоволуваат поставените критериуми, додека пак другиот е со ретко добри чипови кои имаат фора за оверклок.

    Како и да е, оверклокерите со оверклување во разноразни услови(напони, латенции, работна температура и тн.) откриваат одредени модели на модули од одредена серија кои се повеќе погодни за таа намена. Па така тие модули од таа серија стануваат популарни. На пример на времето тоа беа DDR2 модулите кои имаат Micron D2 чипови. Имаше DDR2-667 класифицирани модули кои без проблем работеа на над 1GHz со намалени латенции и маргинално покaчени напони.

    Понатаму, како што спомнаа, за голем оверкок не е доволно да имаш само добри мемории. Треба да имаш добра матична плоча чии магистрали се издизајнирани соодветно за да поднесат поголеми брзини, добар мемориски контролер(или контролери) без разлика дали е на чипсет или вграден во самиот процесор, добро напојување со стабилни напони и добро ладење. Ако ти фали било која од тие компоненти, нема да постигнеш значителни резултати од оверклокот на меморијата.

    Најпрост пример е мојот. Мојата матична плоча не поднесува фреквенции поголеми од 1800MHz. Или се губи еден од трите канали па потоа системот е нестабилен или воопшто не покренува системот. Имам кит модули 3x2GB DDR3-2000 CL8 8-8-20, одлично ладење, одлично напојување (Cooler Master 1KW) и оверклокерска матична плоча Asus P6T Deluxe V1. Но тоа е тоа, нејзиниот лимит. При моменталниот оверклок, според мемориските делители имам опција меморијата да ја возам на 1.6GHz CL7 7-7-19 1T со понизок напон. Пониски латенции од тие неможам да ставам бидејќи ме ограничува контролерот на процесорот. На CL6 и таа фреквенција контролерите во процесорот почнуваат да прават глупости, т.е. системот воопшто не е стабилен.

    Значи оверклокувањето на меморијата не е плукни залепи, туку зависи од катаљарда фактори. Подеднакво битни се знаењето и умеењето на оној кој оверклокува и хардверот со кој располага.
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  7. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не го сваќам делот со потсетувањето. Ти беше сето тоа познато некогаш, ама го имаш заборавено?

    Инаку и едната и другата CL6 се дното. Не би се замарал да ги оверклокувам, освен да смалам латенција на CL5 со 10% покачен напон ако можат да тераат стабилни. Во спротивно би ги оставил на дифолт и би се помирал дека имам тиња меморија.
     
  9. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Bash taka, odvreme navreme choek ako se zabafta so drugi stvari (na pr. ucenje i rabota) i ako nema vreme da se zaebava so OC na hardver, znae da podzaboravi nekoi raboti, pa ne sme na ispit shto e tuka strasno :D


    Znaci da baram Apacer CL5 ili eventualno ako nema da odam so Patriot?
     
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Всушност искрено и не гледам зошто голем број на информации од темава да не се веќе познати за постојаните членови.

    Човекот веќе вози оверклокувана меморија и тоа јас би рекол со солиден резултат и знае дека неговата плоча + процесор може да возат 1066 DDR2 колку тој што бара со повишена волтажа од 0.2.

    Едноставно сакаше да знае дали некој има сознание која меморија е најоверклокабилна. Од потписот гледам дека има искуство со оверклок на графичка и има добро напојување за неговата конфигурација а сето тоа говори дека е информиран.

    Јас за жал како и погоре што ти пишав не можам да ти препорачам ништо друго освен фабрички 1066 деклариран рам.

    Јас ги возам овие без никакви проблеми:

    http://www.set.com.mk/setClient/productdetails.asp?subitem=&brand=Corsair&bybrand=&group=19&productid=25430

    Ако земаш 800 тога барем иди со фабрички пониска латенција како што сугерираше и gOJDO.
     
  11. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    @gokica фала многу за подршката, да не форсирам со дополнителни објаснувања за она што се случува на форумот.. Решив да одам со 1066 mhz зашто ако купам 800Mhz ке треба многу да ја форсирам за да го постигнам оној OC кој што одамна го мислам (5 Ghz за Е8400), ке те прашам само дали имаш некакви проблеми со РАМ меморијата пошто таа ми е прва на листата за купување РАМ како фабрички декларирана 1066 Mhz, само она ме спречуваше кога го читав од други сајтови дека баш овие модули од Corsair биле ептен зезнати, давале BSOD итн. само кажи ми дека немаат проблем ни на 550Mhz (1100) и ги купувам. Поздрав
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,326
    10,016
    13 Јуни 2009
    Всушност веќе знаеш дека помеѓу меморија на 800 мегахерци и меморија на 1066 нема разлика односно оваа втората е од добар бин, поднесува оверклок и за тоа е тестирана па плаќаш повеќе. Така што и вака и така ќе форсираш.

    Јас имав проблем со ганз нова Corsair XMS2 1066 (C5) со латенции 5-5-5-15. Максимумот со 5-6-6-18 и беше 1050 MHz односно за малку јас на мојата плоча не можев да го достигнам декларираниот оверклок на меморијата. Мислам дека имаше фабрички проблем.

    Во Сет без да ја проверат се сложија да ми ја заменат но наместо да ја земам истата јас ја зедов поновата XMS2 5-6-6-18 C5C која ја возам со латенции 5-6-6-15 без проблеми.

    Од причина што си ентузијаст исто како и мене ти ја дадов оваа препорака. Но во секојдневие сепак и сам си видел дека не се забележува разлика помеѓу 800 и 1066.

    Мене ми беше доволно да ја возам меморијата со дозволениот сетинг од матичната на 1066 без да чепкам FSB. Процесор (black edition) и северен мост (херцажа) оверклокувам без FSB па така не сум пробал да кренам повисоко дали ќе иде меморијава. Ако дојдам до малку време за експериментирање ќе пробам да ја кренам повисоко
     
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    @Speedy мислам дека не го прочита мојот претходен пост кој пред се го напишав за тебе.

    Барај меморија DDR2-800 CL4 4-4-16 на напон од 1.8v. Немаш утка со таква меморија, 1GHz CL5 со фабрички напон или +0.05v.

    Ме интересира околу твојот оверклок, какви сетинзи имаш за тој оверјлој и дали така го возиш 24/7?
     
  14. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    @gOJDO vekje se odluciv za Corsair na 1066Mhz iako ima mnogu poplaki na netov za loshite moduli koi gi prodavaat, gokica veli deka negovite Corsair moduli bile OK, pa taka da i da najdam 800Mhz 4-4-4-16 ram memorii togas niv ke treba da gi kloknam na 1100Mhz za da go postignam ona 550 FSB x 9 i da dobijam 5 Ghz na CPU-to. No so tie frekvencii ne bi odel 24/7 zashto prekumerniot napon na CPU-to bi mu go skratil zivotniot vek, kako za nego taka i za maticnata ploca neli.. Ke razgledam po ne-dilerskive cenovnici za CL4 pa ke vidime..Momentalno go teram na 4.2 Ghz i nema gajle, granicata mu e 4.5Ghz bidejki go ogranicuva RAM memorijava... Inaku sakam da mu napravem eden lapping na CPU-vo bidejki mi izgleda kako teren za golf :)
     
  15. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,017
    1,637
    30 Мај 2010
    Може некој на кратко да ми објасни каква улога играат 5-6-6-18 латенци. Не баш точно за нив туку онака општо. Што добивам плус, за што работа и сл. Не сум запознаен толку со оверклок.
     
  16. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,219
    24 Март 2009
    Машко
    Општо: помали латенции - побрза меморија.
     
  17. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    со шо ќе го ладиш на 5ghz бе роки? :)
     
  18. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Do 4.5 Ghz shto mislite so shto otide ? Pa so Silent Knight 2-ka, no za sledniov OC ako ispadne sve OK ke koristam kompresor od klima, za da si nemam problemi :D
     
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    @Speedy
    Не ми ги кажа сетинзите (FSB, множител, напони, мемориски делител, латенци и тн.). Тоа е релативно висок оверклок, но не е невозможен за хардверот кој го имаш. Инаку не верувам дека ќе успееш да постигнеш 550MHz FSB колку за да го покренеш оперативниот и да направиш CPU-Z валидација. Пред се треба да имаш одличен примерок на процесор, а потоа и матична. За процесорот не би знаел, ама затоа те прашав околу сетинзите, а за матичната скепричен сум дека ќе дотуркаш до 550MHz.
     
  20. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    592
    202
    21 Август 2010
    Машко
    Za 4.52 Ghz:

    FSB:500mhz
    Mnozitel: x9
    DRAM: 1002mhz
    DRAM Latencii: 6-6-6-18
    DRAM Static RC: Disabled
    DRAM Read Training: Disabled
    vCPU: 1.61875 :)isplashen:)
    Load Line Calib: Disabled
    CPU Spread Spectrum: Disabled
    C1E: Disable

    Toa e toa..
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,144
    10,455
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ме интересираше за 4.3GHz кој ти е во потпис. Дали го возиш 24/7 и сетинзите околу него.
    Тие што ги спомна и vCPU PLL, vMCH и vDIMM. Инаку 1.62v е убиствен напон, т.е. напон само за да направиш валидација и кој дури и за тестирање не би требало да го користиш при "собна" температура.
     

Сподели

Вчитување...