1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најквалитетна програма за ИТ во Македонија

Дискусија во форумот 'Останато' започната од benny.profane, 13 Април 2020.

Без ФИНКИ, кој факултет или академија би ја препорачал на некој сосем нов во ИТ светот?

  1. МБУ (Меѓ. Балк. Универзитет)

  2. ФОН Универзитет

  3. Сеавус

  4. Штуловиот Универзитет

  5. Семос

  6. Американ Колеџ

  7. Европски Универзитет

  8. Брејнстер

  9. ДуИТ

  10. Гоце Делчев Штип Универзитет

Резултатите ќе бидат видливи по гласање.
  1. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    249
    271
    12 Август 2014
    Машко
    Да си жив и здрав. Постов нека се лепи ко одговор на секоја ваква тема и нека се затвара автоматски темата. Се друго повеќе од ова е празен муабет.
     
    Valsorim, Sherminator и на Astro им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,774
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Многу јасно, само штета што ова не спаѓа по се изгледа во common sense кај нашиов народ.
     
  3. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    До некаде си во право ама јас не верувам дека поголемиот дел од луѓето ќе идат на факултет да учат програмирање специфично за да научат од вториот тип што го спомна. На факултет идат затоа што слушнале нешто околу позитивните работи како е да си програмер а не дослушнале за реалноста во секојдневието и колку е тешко.

    Ако е за да учиш алгоритми и решавање имаш курсеви и книги и за тоа специфично, а имаш и програми од некои од најпознатите факултети во светот. Јас како што знам, луѓе онлајн се едуцираат за да влезат во FANG tech.

    Скоро се што ти треба има на интернет ако знаеш кај да бараш и прашуваш, а има и луѓе кои се спремни да ти помогнат за проблемите. Ако знаеш да се снаоѓаш, нема да имаш големи проблеми.

    Главната цел ми е дека се зависи од самиот студент, а не од факултетот.

    Има една поговорка од Mark Twain: Don't let schooling interfere with your education.
     
    Valsorim, artweb и на acekorg им се допаѓа ова.
  4. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    77
    119
    5 oктомври 2010
    @Rufflesaurus
    Се согласувам, затоа реков највеќе зависи од човек лично кон што се стреми.
    Сум видел примери луѓе што без технички факултет влегле во софтвер девелопмент и се подобри и помотивирани да напредуваат од луѓе со технички факс, што го потврдува тоа што ти го напиша.
    Јбг... многу студенти годишно примаат, очекувано ми е дека ќе има некои што ќе дипломираат со минимално знаење или други што ќе сфатат дека згрешиле факс па нема ни да дипломираат.

    Ама сепак, погрешно е да гледа човек да се извлече со минимум учење ако може да постигне повеќе.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Епа тоа се случува на академиите, со агресивниот маркетинг од типот "заврши ја академијата за фулстак девелопер и стани програмер за само 6 месеци", а знаејќи дека минимум година дена ти треба да учиш и правиш различни видови на проекти за да речеш дека разбираш нешто.

    Нормално дека понатаму треба да се продолжи со учење цело време без престан, затоа што индустријата е толку динамична што и да имаш 10 години искуство во некоја си корпорација, ако не ги следиш трендовите, можеш многу лесно да бидеш безкорисен ако сакаш да смениш клиент / фирма / проект а немаш никакво искуство со алатките / технологиите / јазиците што се работат и бараат во моментот.
     
    На Valsorim и artweb им се допаѓа ова.
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,340
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Пропагираш неодење на факултет пошто е трошење залудно пари, а ти си завршил американски колеџ шо е еквивалент на мак факултет... Кое лицемерие...
     
  7. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Не е лицемерие, на времето немаше толку онлајн курсеви колку што има сега а и не ни седев по форуми тогаш за да прашам.

    Ама да знаев подобро и да ме заинтересираше веб дев (кој што ме заинтересира подоцна после неколку години од завршување), немаше да отидам воопшто.

    Кога завршив факултет се осетив како ништо да не знам и да не сум спремен за работење затоа што немав доволно познавање оф специфичен tech stack, ама имав основа од 10 јазици од кои 5 од нив беа бескорисни.

    Пак требаше да одберам што ќе правам понатаму.

    Факултетот како факултет не е крив, генерални работи учиш таму, не те специјализира во одреден правец што те интересира, нрмаат толку групи и експертски кадар, пак остава на тебе да си научиш или научиш од ново се после завршување.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,340
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Како не е лицемерие? Одиш. На. Приватен. Факултет. ФАКУЛТЕТ. Спротивно на то, проповедаш ПРОТИВ факултетите. Објасни ми како не е то лицемерие, пошто не сфаќам.

    Настрана од то прашање: поголемиот дел од факултетите, во програмата, 70% е ѓубре. Но, 30% од то е нешто шо самоделски нема да го научиш. Уствари, тврдењето дека факултетот е воопшто непотребен, ти го урива моментот шо многу работници (педагогија, образовни институции, психолози, да не редам плус други професии) те научиле на најосновните работи. Замисли, redneck фамилија да те одгледа, да не знајш да собериш 2 и 3, во иднина, и да имаш iq од 70 заради недоволен развој, па то е самоубиство. Размисли, ако никој не оди на факултет, не заврши соодветна струка, тогаш, после ~ 20 години, какво општество ќе имаме? Кај шо 2 + 3 = еднаквост? Кај шо буквата А е кула? Wow...

    Никој не е против неформалното образование. Никој. Ама, за да го имаш то мораш да имаш и некој вид на формално образование. Замисли, твоите да те учеле со креди, камења и звуци наместо да те прателе кај луѓе шо завршиле ФАКУЛТЕТ И СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ за ти да ги научиш буквите... Дали ќе го напишеше сево ова до сега.
     
    На vision и Sherminator им се допаѓа ова.
  9. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Одев на времето пред скоро 10 години. Знаеш дека факултетот се смета за некој вид на бирање кариерен правец така? Таму не те учат како да пишуваш, броиш и останато што најчесто се учи пред тоа.

    Времињата се менуваат, има и други опции за учење ИТ правци денес од експерти што стварно знаат и го работат тоа, а не од професори што предаваат едно исто со години и имаат титула доктор на науки и мислиш дека се господ на програмирањето, а тие прават повеќе пари од книгата што ја склопиле и те тераат да им ја купиш, ако не нема оцена.

    Шала на страна, не е за потценување трудот и знаењето на професорите, но не се типови на луѓе што работат со нови технологии секоја година, и ја мењаат програмата цело време за да останат во тек со настаните.

    Едноставно се лимитирани со време и други ресурси.

    Пример ако тебе те интересира и сакаш да научиш како да програмираш или дизајнираш веб или мобилна апликација, немаш потреба од учење на сите можни програмски јазици, роботики, вештачки интелегенции, математики, и што ли уште не.

    Убаво е да знаеш се од тоа, ама едноставно нема потреба освен ако немаш практична примена во моментот кога ќе ти притреба.
     
    Последна промена: 8 Мај 2020
    Shtakor, artweb и на goranzoran им се допаѓа ова.
  10. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,260
    2,757
    21 Јануари 2011
    Машко
    “Don't listen to her Bob. Remember those who can, do; those who can't, teach.”
     
  11. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    уште ги има, во диско, кафичи и на студентски забави
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    77
    119
    5 oктомври 2010
    Значи сите да научиме само она што ни е најнеопходно...
    Тој што вака размислува ич нека не се запишува на факултет. Нека слуша udemy курсеви и нека тера како знае.
    Вака гледано и пост-дипломски се скроз сувишни.

    Реално и забар можеш овака да станеш...
     
    На vision му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Види, ако имаш премногу слободно време да учиш се и сешто, ок, никој не ти брани ама утре на работа кога ќе ти побараат да знаеш да покриваш и backend и frontend и web design и server management и database design и performance optimization и што ли уште не како full stack developer, не верувам дека знаејќи ги сите програмски јазици на светот и ствари неповрзани со web development би ти требале да ги знаеш во тој момент.

    Со тек на годините како го усовршуваш начинот на учење, многу полесно ќе ти биде да фатиш друг програмски јазик да го научиш отколку да ги знаеш сите од старт, затоа што ќе научиш како да се снаоѓаш и од кај да учиш.

    Курсевите се само основата, имаш и понапредни курсеви кои навлагаат во детали за одредена работа. Исто така имаш и конференциски говори и книги кои што исто така помагаат во кариерата.

    Udemy како платформа е крш, освен ако не ги најдеш правите инструктори што знаат убаво да објаснат, како Maximilian на пример за web development, а имаш и премиум курсеви како Pluralsight кај што има се што ти душа сака, од основни работи до најнапредни работи за само $200-$300 долари годишно (ако се одлучиш да платиш, ако не можеш и беспари да ги најдеш онлајн курсевите).

    И не се учи од еден курс само и тоа е тоа, некои работи треба да се повторат по 10-15 пати за да се разберат убаво од различни курсеви.

    Имаш и курсеви кај што се градат целосни апликации и само тоа е целта на курсот, но нормално дека треба и сам да седнеш како студент и да градиш нешто свое и да видиш до кај си и што треба да доучиш.
     
    Последна промена: 9 Мај 2020
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  14. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,356
    649
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Тоа да ама ако завршиш некој асален факултет во странство, кај нас ти е само губење време.
    Онлајн и од приватни академии повеќе ќе научиш и ќе бидеш поголем професионалец.
     
  15. alexandar11

    alexandar11
    Gaining Experience

    382
    191
    11 Јануари 2010
    Факултет е џабе губење време, оди си на курсеви.
     
    На Astro и artweb им се допаѓа ова.
  16. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,905
    26,252
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Секако дека не треба да го слушате советот над мене, мислам дека тоа е јасно
     
    На Valsorim и mdeni им се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Класичен пример за Choice-supportive bias - Wikipedia

    Секако дека не треба ни да е постиран таков коментар, ниту да се перципира.
     
  18. Valsorim

    Valsorim
    Gaining Experience

    50
    54
    6 Декември 2016
    Офф топик да споделим искуство со овие "стани програмер за 6 месеци", освен со агресивниов маркетинг агресивни им се и регрутерите. Претходното лето бев на одмор и нивни регрутер пробал преку линкд-ин да искомуницира со мене за менторство у нивниве програми и виделе дека не одговарам таму, почнаа да ме додаваат disturbingly на инстаграм, фејсбук и каде не.

    Дека штанцаат пари од програмиве е неспорно. Симпле мат: 7 различни програми со по 20 студенти по програма = 140 студенти. 140 студенти треба да платат по околу 2к евра у просек стигамо до бројка од 280,000е !!! Еве нека отиднат овде едно 100,000 евра за плати на ментори, хр, маркетинг и простории ( сега и се онлајн најчесто ). ЦЕО-ата на академииве и најчесто имаат друга фирма програмерска (или пак се вржани со некоја друга) каде што ги испраќаат после овие од академијава да работаат некои dirty work програми од стилот напрај ми програмче да ми чита од ексел податоци. Пресметкава е за 6 месеци инаку, значи стигамо до бројка од алчни 500,000е+ кога би им биле полни програмите ...
     
    Последна промена: 9 Мај 2020
    На The-spiki и Shtakor им се допаѓа ова.
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,905
    26,252
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Пишувај кирилица, љуби те брат...
     
    На The-spiki, goranzoran, thinking_in_binary и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. Valsorim

    Valsorim
    Gaining Experience

    50
    54
    6 Декември 2016
    Не спомена езика :)
     
    На Shtakor му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,774
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    :oh::oh::oh::oh::oh::oh::oh:
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  22. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    249
    271
    12 Август 2014
    Машко
    Чисто за муабетот, еве дел од годишната анкета на StackOverflow. Светот не знае, ние сме попаметни со академииве.

    Какво формално образование имаат испитаниците:
    upload_2020-5-28_21-29-59.png

    Какво мислење имаат за формалното образование:
    upload_2020-5-28_21-31-21.png

    Ако го интересира некој целата анкета. линк
     
    На NikolovskiM и Маша им се допаѓа ова.
  23. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Ако сите се фрлат во Вардар, и ти ќе се фрлиш, или ќе размислиш што е најпаметно за тебе?

    Не заборавај дека луѓето се плашат да размислуваат и го живеат животот поразлично од другите / општеството / светот затоа што мислат дека нема да бидат прифатени такви какви што се ако не се вклопат во околината и не прават се што прават другите, и размислуваат исто како нив.

    Нормата е да се иде на факултет и да се земе диплома, тоа со векови е вградено во нас уште од мали, тешко кој би направил поразличен чекор да смени нешто и да се ослободи од тој проблем.

    Скоро секој го бира патот до најлесен успех да стигне, затоа што сите сакаат се на тацна да им биде наместено без да се потрудат и да изградат нешто.

    Затоа е многу полесно да идеш на факултет, да се вработиш во фирма и цел живот да заглавиш таму до пензија,
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  24. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    249
    271
    12 Август 2014
    Машко
    Ако има пожар позади мене, да, ќе се фрлам со сите во Вардар. Ти не би се фрлил?

    Не заборавај дека луѓето сакаат да си го хранат егото со тоа што се "над другите", "попаметни од нив" и "ги гледаат работите подалеку и со други очи". Само затоа што некој "не е конвенционален", не значи дека е подобар.

    Има причина зошто со векови се градел трендот на формално образование. И има причина зошто ќе остане така. Ако некој изградил автопат, зошто би идел ти со магаре до друг град? Кој нејќе да си го олесни животот?

    Патем, нели беше факултетот непотребно тежок и непотребно губење време? Од кај сега дека е полесно на факултет да отидеш?
     
  25. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Добро да, тоа е ептен специфично сценарио. Поентата ми беше во ситуација кога не размислуваш за себе и трчаш по другите што мислат и што ќе ти кажат. Ако они скокнат во Вардар чисто за забава и глупирање, ама ок нема везе.

    Да, ама има и уште повисоко од тоа, кај што не се замараш за другите што и како прават туку само сакаш да им помогнеш, а не да се споредуваш со нив и да бидеш главен во групата.

    Факултетот можеби имал смисла и сеуште има за одредени правци и кариери, но работите се менуваат со годините. Факултетот е баш тоа, магаре, кај што е многу поспоро да се стигне до ниво на знаење кое што можеш многу побрзо да го собереш ако се насочиш на некој правец. Јас до сега не сум видел да компанија праќа вработени на факултет, туку им плаќа да одат по конференции, премиум онлајн курсеви, книги и слично.

    Да, тежок и безкорисен е, затоа што ти да потрошиш 4 години а да добиеш само 10тина % корисно знаење. Тоа не значи дека гледање / идење на курсеви е лесна работа како сите што си мислат. Учење како учење, тежок пат е, но повеќе се исплати бидејќи учиш од експерти кои што цело време се во индустријата и учат, се едуцираат на темата што ја предаваат. За скоро се што ти треба имаш на интернет и тоа ќе го правиш цело време во кариерата.

    На неколку луѓе им имам посочено што и како да учат и од кои курсеви да учат, и никој не ми рекол "абе ова не е добро, ништо не научив, подобро е да идам на академија / факултет." Повеќе имам слушнато "Факултетот не ми се свиѓа, академијава беше грешка што ја запишав". До сега само позитивни работи имам слушнато.

    Нормално, не секој е навикнат да седи и да гледа курсеви на компјутер, некои луѓе сакаат да читаат книги, сепак и тоа е алтернатива.

    Некои работи не можеш од еднаш да ги научиш, пак ќе мора да посветиш време на истото да го повториш неколку пати и да доучиш.
     
    На hehexd му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...