• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Најквалитетна програма за ИТ во Македонија

Без ФИНКИ, кој факултет или академија би ја препорачал на некој сосем нов во ИТ светот?

  • МБУ (Меѓ. Балк. Универзитет)

  • ФОН Универзитет

  • Сеавус

  • Штуловиот Универзитет

  • Семос

  • Американ Колеџ

  • Европски Универзитет

  • Брејнстер

  • ДуИТ

  • Гоце Делчев Штип Универзитет

Резултатите ќе бидат видливи по гласање.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

benny.profane

Intern
13 април 2020
9
0
Можете ли да ми кажете кои се топ 3 или топ 5 (па и топ 10; само да се некако рангирани) институции, во смисла на универзитет/академија (Меѓународен Балк. Универзитет/Семос Академија), во Македонија за изучување на ИТ гранки?

Еве, ќе набројам неколку што сум читал од нашиве, па некој шо повеќе знае нека ме поучи:
ФИНКИ, Сеавус, Семос, Штуловиот Универзитет, Меѓународен Балкански Универзитет, Брејнстер, Американ Колеџ, ДуИТ Академијата, ФОН, Европски, Европски Универзитет итд.

Знам оти државните факултети, најчест пример ФИНКИ, се прв избор за квалитетно студирање на истото, но во случајов ја имам 26 години и така немам простор да изучувам 4-6 години тригодишни, односно четиригодишни, студии на ФИНКИ.
Значи, барам кој факултет или академија за ИТ, во Македонија, поседува најквалитетна програма за фул-стек/веб девелопер/софтвер инженер/итд.

Мислам оти дискусијава е обемна, па ајде да почниме.
 
NikolovskiM

Gaining Experience
20 април 2019
81
127
Боље на ФИНКИ учи 4 години и после иди работи си без разлика кај си застанал со студии, отколку да дипломираш на факултети од рангот на ФОН или Штулов за 4 години и да не знаеш што потоа.

Од академииве добро сум слушал за таа за web development у Сивус.
Ваквите академии/курсеви како Семос, Сивус, Брејнстер и сл. генерално само те спремаат конкретно за некоја работа, не навлегуваат длабоко во материјалот за да те научат како уствари нештото работи.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

benny.profane

Intern
13 април 2020
9
0
Од академииве добро сум слушал за таа за web development у Сивус.
За веб девелопмент не беше таа само во Ниш? Или има во Скопје?

Ваквите академии/курсеви како Семос, Сивус, Брејнстер и сл. генерално само те спремаат конкретно за некоја работа, не навлегуваат длабоко во материјалот за да те научат како уствари нештото работи.
Искрено, и ја за Брејнстер немам нешо добро слушано, ама вака маркетинг јак имаат колку знам.

Инаку, да сум некоја година помлад би одел на ФИНКИ. Вистина не мислам дека можам да си дозволам три-четири години да се влечам со калкулус или нешто такво.
Барам квалитетна програма која за релативно краток период (нормално и со моја посветеност, труд и волја) до 2-3 години ќе ми даде солидна основа да работам во некоја ИТ гранка.

Разбирам дека ФИНКИ има далеку најјака програма, ама кога би ја тргнале на страна, која од тие горе наведени (или ако сум пропуштил некоја) би препорачал?
 
NikolovskiM

Gaining Experience
20 април 2019
81
127
За веб девелопмент не беше таа само во Ниш? Или има во Скопје?
Искрено прв пат слушам за Ниш, последно што имав слушнато за Сивус е дека имаат во Скопје и Охрид. Конкретно таа за веб програмирање ја имаат и таму и таму.

Барам квалитетна програма која за релативно краток период (нормално и со моја посветеност, труд и волја) до 2-3 години ќе ми даде солидна основа да работам во некоја ИТ гранка.
Океј тоа што бараш, само не разбирам зашо ги ставаш другите факултети у конкуренција тука ? Знаеш дека и таму се учи 4 години, освен ако некој има 3 годишни програми.

Инаку од штипскиот знам неколку дечки шо студирале, дел добро се снајдоа у животот и океј им беше факултетот.

У Семос ја слушав курсеви пред 3 години и сум задоволен. Курсевите беа наменети за кратко време да ти дадат добро знаење со големо посветување. Еден курс траеше околу 2 недели. Беше напорно пошо имавме предавања секој ден по 4 саати и уште 3-4 саати работа дома. Имав двајца професори и двајцата беа топ. Мислам дека и другите професори таму се фини и знаат добро да научат. Имаш многу различни курсеви таму за слушање. Не знам дали имаат нешо ко академија, би требало да имаат. У семос имаат и официјални Microsoft и Cisco (мислам дека) курсеви.

За Сивус, познавам неколку дечки шо завршиле различни академии таму, сите се задоволни. Часовите ти се распределени некогаш 2 некогаш 3 пати неделно, исто по 4 часа. Предавањата и во Семос и во Сивус се одржуваат поручек т.е. 4-8, 5-9 и сл. Имаат опции и за плаќање на рати у сивус, за семос не сум сигурен ама веројатно и они имаат, сепак се работи за ~2000 еур.

Искрено за овие две не сум слушнал нешто големи негативни коментари, дури не можам ни да се сетам дали некој се жалел. Во Семос некои од работите стварно се учеа у детали, пошо добар дел од курсевите таму и не се за почетници. Ова според мене е добро, али е субјективно.

Дополнување и за 2те: доколку ги контактираш за да ги прашаш за условите, не потклекнувај на лагите за нивни фиктивни кариерни центри кајшто као они после завршуење на курсеви ти помагаат да најдеш работа. Ова им е измислица и ретко сум слушнал некој преку нивните кариерни центри да се вработи. Конкретно ја у Семос влегов како единствен со целосна стипендија и бев еден од најдобрите во групата. Со сите пофалби од директорка, професори итд.. Прв и единствен повик за работа го добив после некои 2 и кусур години. Ми се јавија од кариерен центар на Семос и ми викаат као таа и таа фирма е заинтересирана, прати им CV. Им пратив после некој ден и еве уште чекам да ми вратат :). Им звонев/пишав и на кариерниот центар али никој не ми крена слушалка нити ми врати.
За кариерниот центар на Сивус исто неам пофални зборови. Единствено знам за една колешка што се вработи преку кариерниот центар, и тоа замисли, кај нив. За мизерна плата и мизерни услови, а позиција воопшто несоодветна со тоа што го учеше на академијата. Неколку луѓе што успешно ја завршиле академијата чекале со месеци некој да им се јави бар за интервју да договори, ама ништо. На крај сите сами се вработија.

Од брејнстер неам никакво искуство да споделам, за приватните факултети мислам дека до сеа не сум сретнал чоек шо збори добро за нив.

Генерално според мене мислам дека најдобра варијанта е штипски + онлајн курсеви, ако не ти се учи толку долго, било кое од семос или сивус, секако пак со многу онлајн курсеви пошо не можеш да споредиш 4 години на финки или штипски со едногодишна академија на семос или сивус.
 
Последна промена:

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,605
8,957
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Генерално според мене мислам дека најдобра варијанта е штипски + онлајн курсеви, ако не ти се учи толку долго, било кое од семос или сивус, секако пак со многу онлајн курсеви пошо не можеш да споредиш 4 години на финки или штипски со едногодишна академија на семос или сивус.
Со ова не се слагам. Особено затоа што знам колку сертификатите од CCNP ми дале предност пред луѓе со факултет. Особено во странство (со средно сум иначе).

Секако и искуството највеќе влијае, генерално 19 години, во телекомуникации 16.

Кога фирма бара нововработен - за деца збориме од по 20-тина години, дипломите можда играат улога за прва работа, па после да се надградува и да напредува. Затоа што со 90% од фирмите во кои што сум работел или соработувал, стари кадри се тренираат интерно. И фирмата ја плаќа обуката.

Можда во другите области не е вака ама кај мене да.

Е само заборавив да кажам дека да стигнеш до некаде и да знаеш што правиш (што не е случај секогаш) ти требаат исто околу 4-5 години пракса и учење. Пошто ни еден курс не ги покрива сите сценарија и ситуации.
 
NikolovskiM

Gaining Experience
20 април 2019
81
127
Со ова не се слагам. Особено затоа што знам колку сертификатите од CCNP ми дале предност пред луѓе со факултет.
Мене нити ме прашале за диплома од факултет, нити за сертификат. Секад знаење ми барале :)
+Фирма шо планира да те задржи бар 3-4 години, го гледа и твојот потенцијал за брзо учење и развој.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

benny.profane

Intern
13 април 2020
9
0
пошо не можеш да споредиш 4 години на финки или штипски со едногодишна академија на семос или сивус.
Не знам дали правилно го толкувам овоа, ама мислењето ти е дека четиригодишни студии на финки се > штип+1год. семос/сивус или дека финки>штип>семос/сивус?
 
NikolovskiM

Gaining Experience
20 април 2019
81
127
Не знам дали правилно го толкувам овоа, ама мислењето ти е дека четиригодишни студии на финки се > штип+1год. семос/сивус или дека финки>штип>семос/сивус?
Конкретно сакав да кажам дека било кои 4 годишни студии на финки или штипски се подобри од едногодишна академија или неколку курсеви на семос/сивус/брејнстер.

А важи и тоа дека финки > штип > семос/сивус.
Со тоа шо ако финки е 10, штип е 6, семос/сивус се 3-4. Ипак ова е мое субјективно мислење од муабети со дечки шо студирале таму. Не можам целосно точно да кажам дур лично не го осетам ова.

Од друга страна можеш да глеаш и вака. Со оглед на тоа шо финки не ти се учи, а штипски е сепак 4 години, можда е попаметно да идеш на едногодишна академија у сивус/семос, а после 3 години ќе учиш у фирмата кајшто ќе се вработиш, со надеж дека потенцијално ќе дојдеш на повисоко ниво отколку што би бил после завршувањето на 4 годишни студии на штипски. Не сакам да кажам дека едното или другото е дефинитивно подобро, само ти го кажувам како опција за размислување. Ја лично да сум 26 години можда поише би идел на ова второво. Башка ако си од Скопје кај тек ќе се селиш у Штип за студирање. Башка шо знам дека со тек на години драстично опаѓа мотивацијата за учење на факс.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
138
255
Скопје
davorminchorov.com
Зошто мора да е академија или факултет?

Што мислиш дека ќе добиеш со тоа ако отидеш на некоја институција и платиш огромна сума на пари без да знаеш дали те интересира тоа што ќе го учиш?

Еве ти една тајна: Најдобрата програма и институција не е ни академија, ни факултет.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,707
11,030
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
138
255
Скопје
davorminchorov.com
Ахааа, гатанки играме. Епа знам! Партија!
Блиску си, интернет е точниот одговор.

Да не го пишувам истото, еве линк: Code Academy - Macedonia

Знаејќи дека на факултет се учи се и сешто и пак ти треба да одбереш што сакаш да правиш понатаму, може само да те збуни уште повеќе отколку да ти помогне.

Исто така, академиите не се основани од страна на програмери, туку маркетери со брилијантна идеа за бизнис имаат доста голем успех за луѓе што не ја знаат реалноста како да се работи во IT индустрија.

Жал ми е кога ќе видам како луѓе се лажат на маркетинг финти.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,707
11,030
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Дали следува изјавата дека теорија нема врска со пракса?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,707
11,030
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Знаејќи дека на факултет се учи се и сешто и пак ти треба да одбереш што сакаш да правиш понатаму, може само да те збуни уште повеќе отколку да ти помогне.
Баш ми е жал што го читам ова, штета што така си ја сфатил работата.
Факултетот не е за да те збуни. Факултетот служи за да те оформи како личност, како професионалец, да ти даде мајндсет и да те насочи. Факултетот служи да ти покаже дека знаењето тешко се стекнува и дека професионалниот живот почнува со многу труд. Ако мислиш дека курсеви и интернет (par searching, part reading, part faping) ќе те научат да работиш и да бидеш професионалец братче гадно си се зафркнал. Кога ќе отидеш на некоја конференција, на некој event и ќе седнеш на маса со професионалци да пивнете пивце со мевце после презентација и кога ќе видиш дека нема да знаеш да бекнеш во нивно присутство, ќе се зацрвениш во образите ќе ти стане јасно дека си требал да одиш на факултет мајку му.
 
И ти сакаш да кажеш дека подобро е да се изгубат 3 или 4 години (ако не и повеќе) на факулет, којзнае колку стотици / илјадници евра, губење време со професори, губење енергија и живци само за да можеш на конференција да идеш и да направиш муабет со луѓе и да се напрајш паметен? Учење ствари што не те интересираат само за да кажеш дека си завршил факултет е некако безкорисно ако ме прашаш.

Курсевите како курсеви не помагаат ако ти како студент не си спремен да ја сфатиш работата сериозно. Курсевите можат да те научат многу повеќе во една година ако знаеш како да ги искористиш максимално. Тоа исто така ќе те научи сам да се снаоѓаш и да изнаоѓаш решенија во секојдневие, што исто така се бара од самата професија. Ако самоучење и снаоѓање не те научи и изгради како карактер, не знам што ќе те изгради. Потешко е, но повеќе се исплати на долг рок.

Бев на факултет, научив 6-7 програмски јазици од кои само еден користев од тие, другото се ми пропадна во вода, затоа што морав се да пренаучам на интернет, затоа што беше ептен основно тоа што го учев на факултет, особено работи како HTML, CSS и JavaScript.

Професионалност се учи од примери со прави луѓе околу тебе и по некоја прочитана книга поврзана со психологија, а не од исфрустрирани професори кои што мислат дека се знаат и се најдобри, само затоа што ти предаваат на факултет и мора да учиш нешто што не те ни интересира.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3,094
3,581
Зменоо
spiritBreaker's setup  
Processor & Cooler
AMD R5 5600X + Cooler Master M240L | AMD R9 5950X
Motherboard
Asus TUF Gaming B550 PLUS
Storage
Samsung 960 EVO 250GB + Toshiba HDD 2TB + 500 GB Hitachi + 512GB Gigabyte NVME
PSU
Gigabyte G750H
RAM
2 x 8GB DDR4 Kingston @ 3600MHz
Video card
EVGA FTW 3080
Case
Asus GT501 TUF
Mouse
Corsair M65 Pro
Keyboard
Cooler Master CK550
Audio
Onboard audio
Monitor
DELL S2721GDF
OS
Windows 10
Професионалност се учи од примери со прави луѓе околу тебе и по некоја прочитана книга поврзана со психологија, а не од исфрустрирани професори кои што мислат дека се знаат и се најдобри, само затоа што ти предаваат на факултет и мора да учиш нешто што не те ни интересира.
до сега не сум прочитал книга поврзана со психологија, дали то значи дека не треба да сум програмер? o_Oo_Oo_O
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
138
255
Скопје
davorminchorov.com
до сега не сум прочитал книга поврзана со психологија, дали то значи дека не треба да сум програмер? o_Oo_Oo_O
Тоа нема врска со програмирање, тоа е повеќе поврзано со професионалност и начин на однесување и размислување околу работите.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,707
11,030
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
И ти сакаш да кажеш дека подобро е да се изгубат 3 или 4 години (ако не и повеќе) на факулет, којзнае колку стотици / илјадници евра, губење време со професори, губење енергија и живци само за да можеш на конференција да идеш и да направиш муабет со луѓе и да се напрајш паметен? Учење ствари што не те интересираат само за да кажеш дека си завршил факултет е некако безкорисно ако ме прашаш.
Па да, „само за да можеш на конференција да идеш“ и ништо друго. Тоа е тоа и баш тоа сакав да го кажам :eek:h::eek:h: гледам си го сфатил како професионалец.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
138
255
Скопје
davorminchorov.com
Па да, „само за да можеш на конференција да идеш“ и ништо друго. Тоа е тоа и баш тоа сакав да го кажам :eek:h::eek:h: гледам си го сфатил како професионалец.
Така е зборот, а и примерот ти е таков: "Леле што ќе помислат другите за мене ако знаат дека немам факултет и не ги разбирам што зборат", тоа нема никаква поврзаност со професионалност.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,707
11,030
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Така е зборот, а и примерот ти е таков: "Леле што ќе помислат другите за мене ако знаат дека немам факултет и не ги разбирам што зборат", тоа нема никаква поврзаност со професионалност.

Добро брат ајде... дај некое апче за глаа ако имаш.
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
168
233
Највеќе зависи од човек лично кон што се стреми.... програмер-занаетчија или софтвер/компјутерски инженер.
А тоа дека факултетот е губење време е скроз неточно.

Занаетчииве бркат работа за штанцање сервиси, библиотеки, UIевци за просечни конзумерски потреби. Пошто најголем дел од проектите се такви (еј напрај ми веб шоп), имаат и повеќе од доволно знаење да завршат проект. Ќе најдат работа, можат да стигнат до солидна плата ако се потрудат и за ова не е неопходен факултет. Може да се научи на интернет

Ама двигател за ова првото да е можно и општо на целата IT индустрија е академско знаење кое се стекнува на факултет. Замисли проекти кои вклучуваат процесирање со нешто од фуриеви трансформации, автокорелации, вештачка интелигенција, теорија на редови, теорија на графови, геометрии, гаусови глупости, препознавање облици, шеми и да не набројувам пошто има уште многу.... занаетчииве со курс нема ни да разберат што воопшто треба да се прави од проста причина што не сакале да учат 4 години, пошто што ќе им тоа нели... (звучи ко двојкаш што им вика на бубалици у средно).

И јас претежно работното време го трошам на проблеми кои погоре ги опишав како занаетчиски пошто тоа е најзастапено во софтвер девелопмент сферата ама во ниеден момент не сум зажалил за 4рите години потрошени на ФЕИТ/ФИНКИ.
И универзитет не се споредува со 3-6 месечен курс пошто целта на универзитет не е да произведе занаетчија.
 
Valsorim

Gaining Experience
6 декември 2016
50
72

Se soglasuem sasvim so postov :)

Mozhem da kazhem deka i ja kako fulltime vraboten so eve vishe skoro 5 godine rabotno iskustvo, tezhneem da rabotim na proekti koj sho imaat pokompleksna pozadina od tipot na AI, grafovi, optimiziranje na kompleksnost na algoritmi, matematichki modeli etc. u koj sho treba malce da se pomuchish. Fintata e shto mora da se stekne rabotno iskustvo i etika so vakvi 'zanaetchiski' programi, ama koga kje se nadmine ova nivo pred se kodiranjeto zdosadua i mnogu imaat zhelba da preminat na sledno nivo. Zanaetchieve mislim deka bi imale mnogu pomuchen prelaz u sledno nivo ovde.
 
Valsorim

Gaining Experience
6 декември 2016
50
72

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
636
599
нешто слично сакав да напишам вчера но сум кнап со време..

на крај сѐ се сведува на индивидуата, што сака после да работи, во каква средина да работи, да се надополнува и усовршува.

курсеви и слично учат како да искористиш некој програмски јазик за да решиш некој проблем и слично... на факс (иако се губи време со нечие его [читај професори]) се учи речиси сѐ од 0, па утре кога ќе се работи на некој проект ќе имаш поширока слика од кај некој проблем искрснал и зошто..
Највеќе зависи од човек лично кон што се стреми.... програмер-занаетчија или софтвер/компјутерски инженер.
А тоа дека факултетот е губење време е скроз неточно.

Занаетчииве бркат работа за штанцање сервиси, библиотеки, UIевци за просечни конзумерски потреби. Пошто најголем дел од проектите се такви (еј напрај ми веб шоп), имаат и повеќе од доволно знаење да завршат проект. Ќе најдат работа, можат да стигнат до солидна плата ако се потрудат и за ова не е неопходен факултет. Може да се научи на интернет

Ама двигател за ова првото да е можно и општо на целата IT индустрија е академско знаење кое се стекнува на факултет. Замисли проекти кои вклучуваат процесирање со нешто од фуриеви трансформации, автокорелации, вештачка интелигенција, теорија на редови, теорија на графови, геометрии, гаусови глупости, препознавање облици, шеми и да не набројувам пошто има уште многу.... занаетчииве со курс нема ни да разберат што воопшто треба да се прави од проста причина што не сакале да учат 4 години, пошто што ќе им тоа нели... (звучи ко двојкаш што им вика на бубалици у средно).

И јас претежно работното време го трошам на проблеми кои погоре ги опишав како занаетчиски пошто тоа е најзастапено во софтвер девелопмент сферата ама во ниеден момент не сум зажалил за 4рите години потрошени на ФЕИТ/ФИНКИ.
И универзитет не се споредува со 3-6 месечен курс пошто целта на универзитет не е да произведе занаетчија.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно