1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најиздржлив бренд на лаптопи

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Tobey, 16 Август 2018.

  1. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    930
    529
    3 Јули 2007
    Сега видов дека донеле од новите модели, нудат и 5 години гаранција и се малце посолени од другите брендови со слични перформанси. Имам користено од А моделите 2 лаптопи и сум презадоволен.
     
  2. marv

    marv
    On your way to fame

    1,581
    855
    5 oктомври 2007
    Машко
    Koj donel DDstore ? Iskreno osven kaj niv vaka nabrzina ne mi dade nekoj model po drugive dileri. I seuste Bugarija kako zastapnistvo za MK, znaci sve je isto ko i lani.
    Ama neli sekoj so svoeto iskustvo, zatoa si kazuvame, pa ke vidi nekoj ke prebroi ke premeri i ke odluci ako ima potreba.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  3. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    930
    529
    3 Јули 2007
    Некој ги донел а незнам кој, ддстор ги препродаваат.

    Инаку:

    Your local Fujitsu Distributors: - Fujitsu Macedonia
    Your local Fujitsu SELECT Registered Partners: - Fujitsu Macedonia
    Your local Fujitsu SELECT Experts: - Fujitsu Macedonia

    Your local Fujitsu Service Partners: - Fujitsu Macedonia
     
  4. marv

    marv
    On your way to fame

    1,581
    855
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ma se nabrojale site a kaj nikoj nema ni F od Fujitsu . Proveriv i ovie linkovi uste pred da pisam posledniot post.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  5. Astro

    Astro
    Guru

    5,937
    7,894
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Amilo Pro V2020, 14 години стар, исправен и батеријата му трае 15 минути :)
    [​IMG]
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  6. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,044
    436
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Овој е од времето кога имаше квалитет. :)
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 'CuoreSportivo

    'CuoreSportivo
    Intern

    15
    8
    9 ноември 2017
    Машко
    Користам Asus X75VC со Pentium 2020M i GT720M графика повеќе од 5 години и батеријата сеуште држи добро. Гледање YouTube, читање форуми и пдф документи комотно поминува 2 часа.
    Единствен проблем во овие 5 години се појави пред неколку месеци, имено, лаптопот не сака да се пушти на прва. Светнуваат сите сијалички, но после 3-4 секунди се гаси тоа од HDD и така десетина, па и дваесет обиди на ептен топло време.
     
    Последна промена: 20 Август 2018
  8. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    432
    421
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    дома имам Lenovo 3000 N200, тенк, уште е ко нов, а е од времето low-mid категорија :)

    штета што новиве врска немаат и е паднато у квалитет на основното на еден лаптоп (према мене), квалитет на шасија (еквивалент на канче од кисело млеко пластика) и тастатура. Еве на работа што не провртеа Dell, Asus од ранк око 1К јури, пола се сервисирани во први неколку месеци или па уште од старт биле со фалинки, башка што тастатурине им се ср*ње да ти се таласа дур куцаш (со исклучоци секако не сите).
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,473
    3,237
    18 Септември 2013
    Машко
    Една лекција што треба сите да ја научат е дека ако работата ти зависи од лаптопот:

    1) не треба да штедиш на квалитетен лаптоп
    2) чувај си го претходникот на моменталниот лаптоп ко резерва

    Ко шо пишуваат членови, и со нови лаптопи од ултра серии се дешава да завршат на сервис и мора да имате бекап.
    Едит: океј две лекции се
     
    dimsa, artweb и на draganamon им се допаѓа ова.
  10. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    631
    297
    12 Април 2017
    Машко
    Па тоа е критичен проблем
     
  11. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    340
    242
    13 Март 2015
    Машко
    Аcer имам и одлично се погоди. Права реткост да се извади денес издржливо куќиште. Еве после толку време лаптопот е како и првиот ден.
    Fujitsu имам многу лошо мислење. На времето купив amilo pi2530 core 2 duo кој беше тогаш околу 900 евра. Откажа картата, па дискот. Денес мислам дека не се ни меѓу првите 10 во светот по продажба. Ништо чудно ако и воопшто не престанат со производство .
    Се смени времето и јас мислам дека опстанаа оние кои знаеа да направат квалитет за помалку пари.
    Па така веќе Тоshiba, IBM, Fujitsu, Sony Vaio кои на времето беа гиганти, денес или едвај опстојуваат или пак воопшто и ги нема на пазарот.
    IBM лаптопите опстанаа само бидејќи беа купени од Кинезите. Да беа сами, ништо немаше да направат.
    Sony ако не се лажам скрос го прекинаа производството
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    5,937
    7,894
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    IBM лаптопите опстанаа затоа што се тркаа со HP и Dell за првото место на најпродавани лаптопи, а не заради тоа што кинезите ги купија. IBM кога произведуваа лаптопи ги произведуваат во Кина исто така како и денес. Актот на купување на IBM computers дивизијата од страна на Леново е одлична работа зошто Леново беа специјализирани за consumer electronic и тоа денес го прават одлично, да не речам најдобро. Денес не само што Леново едвај опстојуваат туку се и број 1 во светот по продажба и доверливост и тоа неколку години по ред:

    Best & Worst Laptop Brands 2018
    Best Laptop Brands of 2018: Trusted Models and Performance Reviews - AtulHost

    Acer не се многу назад зад шампионита, па би рекол одредени модели на Acer водат од аспект на цена/издржливост.
     
    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    188
    107
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Јас користам Дел Инспирон 3537 И-7 веќе 5-та година и сум презадоволен. Единствено што сум сменил е хард-диск и тоа во гарантниот рок-бесплатно. Што се однесува до батеријата, таа ме служеше 3,5 години, сега е 100% мртва, делумно по моја вина. Да се коментира околу батерии на тема за издржливи лаптопи, слично е како за автомобил кој има гаранција да помине 100.000 Км без квар, а да се жалиш на тоа што си морал да ги менуваш гумите, смешно. Тие издржливите по фирмите не ги сметам за репер од причини што на нив се работат само одредени апликации или програми, додека домашните лаптопи по неколку пати се префорнатираат и се играат игри во кои со часови, ако не и денови се користат 100% од перформансите на ХДД, ЦПУ, ГПУ и други делови од хардверот.
     
  14. Astro

    Astro
    Guru

    5,937
    7,894
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Реперот ти е крајно погрешен.
    Напротив, за тие по фирмите нема кој да се грижи. Се оставаат во кола на 70 и на минус 15 степени, никој ниту ги пази ниту им се секира. Се користат во услови на прашина, влажност и слично. А домашниве се преформатирале? Па што? Да не е тоа нешто као трескање од земја? Се гејма? Кој гејма на лаптоп ти се молам...
     
    На Скоти и artweb им се допаѓа ова.
  15. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,761
    1,285
    10 Август 2010
    Машко
    По 3 години експлотација (читај: негуван) го напушта овој мир Lenovo z5070. Сакав да го подотворам екранот и наеднаш се изгаси, не се пали и не гори сијаличката дека се полни.
    Лаптопот не е паднат никогаш, не бил силуван, носен само во ранец специјално купен за него. Освен тоа што умре, се искрши пластиката кај што се ставаат штрафовите од долната страна на лаптопот - баш кај екранот, пред батеријата.

    Со пластиката се има случено и на друг лаптоп (на сестра ми) од G серијата, купен 1 година после мојот. Се на се, неам впечаток дека Леново прават квалитетни лаптопи.

    Како да проверам со фазомер, дали му има останато душа? :hay:
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    454
    296
    11 ноември 2015
    Машко
    Сите лаптопи до 600-700евра се исти на квалитет(крш), а ако збориме за квалитет:
    1.Lenovo ThinkPad (Business class)
    2.Dell XPS (Business class)
    3.HP Spectre (Business class)
    3.HP Omen (Gaming class)
    4.Dell Alienware (Gaming class)
    5.Asus ROG (Gaming class)
    Значи горе наведените лаптопи се КЛАСИ не збориме за ниска и средна класа на лаптопи. :)

    Пред месец време ми донесоа Lenovo ThinkPad T510 за инсталација на оперативен, со прва или втора генерација на i7 процесор, 8Gb Ram имаше ставено SSD 120Gb... јас бев изненаден од лаптопот како работи кој што е од 2010г. Батеријата му траеше може 30-45 минути.
     
    Последна промена: 27 Август 2018
  17. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,622
    6,436
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Спој гејт и сорс/дрејн на влезни мосфети со фазомерот, ако светне нешто (не мора да е фазомерот), има напон :oh: или обрати се кај еден член од форумов што специјализира такви тестови :oh:

    Абе, уште бескорисно го дрнкате на темава?
     
    Jovan2389, kolesk, artweb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    188
    107
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Да и во Сибир ги носат, како и во Африка. Дај ти се молам, па јас додека имаше батерија го носев секаде, на одмор, на планина и каде се не. Незнам кој не гејма, а исто има лепеза на гејмерски лаптопови, конкретно мојот, имаат моќни Гпу до 6 Гб, наменети за скоро сите игро кои бараат високи перфоманси, и чинат над 1.500 и повеќе еврони.

    Испратено од D6503 преку IT.mk форум апликација
     
  19. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,133
    6,211
    27 Март 2014
    Фазомер стана главно средство за поправка и дијагностика на форумов. Бреј.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    5,937
    7,894
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Гледам дека сеуште не е јасна една пресудна работа на форумов: кога ќе речете „мене ми цркна Леновото после 2 години работа затоа тврдам дека Леново не се квалитетни“ тоа е погрешен заклучок. Мислам, ова го пишувам општо за било кој лаптоп и бренд, да не се најде погоден членот погоре што го даде примерот.

    Јас имам/сум имал лаптопи од сите брендови скоро, мене па никогаш ниту еден ми се нема расипано. Јас зборувам од искуство со неколку фирми каде бев ИТ менаџер и сите тие операции одеа преку мене, стотици лаптопи, па влечам искуство од поголеми бројки. Башка во минатото и ги продавав истите. Башка ете статистика погоре од интернет. Не вршам притисок врн никого, од дамна не сум во таа бранша :)
     
  21. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,761
    1,285
    10 Август 2010
    Машко
    Malo šale nije na odmet
     
  22. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,133
    6,211
    27 Март 2014
    Во шалата пола вистина. :)
     
  23. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    712
    1,150
    12 Септември 2013
    Машко
    Уште двајца со ист аватар.
     
    На Скоти, Martinovski, artweb и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    212
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    И мене ми се свиѓа Xiaomi Notebook Pro. Како планираш да го донесеш до МК? Или ќе го купуваш од странство?
     
  25. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    631
    297
    12 Април 2017
    Машко
    Gearbest го ностат преку ДХЛ, дури има и осигурување $25, ако се случи нешто по пат, ти праќаат нов бесплатно.
    Или евентуално @the_maker ако може да го набави, али не зимам сега.
     
    На Justice for All му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...