1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најиздржлив бренд на лаптопи

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Tobey, 16 Август 2018.

  1. Tobey

    Tobey
    Intern

    118
    30
    23 Април 2017
    Здраво, потребно ми е да наведете ваше искуство кој бренд на лаптопи има најмалку расипувања.
     
  2. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    145
    91
    25 Април 2011
    ThinkPad, десет празни места па сите останати.
     
    Markonovko, RoninMK, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Roncic

    Roncic
    On your way to fame

    549
    533
    7 Јули 2012
    Машко
    Најиздржлив бренд на лаптопи ти е КојКакоЌеТиСеПогоди. Па десет празни места , па сите останати.
     
    На tomi, stefan_off, Speedster и уште 13 други им се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    7,748
    8,820
    13 Јуни 2009
    Бизнис моделите од било кој бренд се најчесто со поквалитетен дизајн и имаат поасална поддршка т.е. апдејти.
     
    gOJDO, RoninMK и на goce03 им се допаѓа ова.
  5. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,591
    6,253
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Не постои најиздржлив бренд. Сите се исти. Исто ѓубре е и лаптоп од 200 и лаптоп од 2000 евра, се плаќаат само перформансите, не и квалитетот. Може во куќиштата да има некоја мала разлика.
     
    На Speedster, D3N1EL, Lokvan и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    776
    896
    11 Март 2011
    MacBook Pro, само рачунај дека ако кај останатите брендови цените се движат за основен модел 400 евра, средно-добра конфигурација 600, бизнис модел 800, гејминг 1000 евра, ваму ти е 1000, 2000, 3000, 5000 евра. Ако не ти пречат многу нули таму е квалитетот, барем во изработката. Инаку за трајност, лаптоп може да ти трае до пензија само ако сега имаш 60 години. :)
     
  7. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    66
    63
    7 Февруари 2014
    Машко
    Зависи и кој како го користи, и за што ти треба. Трајност на лап топ е околу 5 години. Кај некого 2, кај некого 10 години. Јас лично пре би купил лап топ од 500 евра со послаб квалитет на изработка на две години, него бизнис модел со исти перформанси за 1000 евра. За марка, секој со својата среќа. Во македонија изборот ти се сведува на Делл, леново, асус, десет празни места, ништо друго
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tobey

    Tobey
    Intern

    118
    30
    23 Април 2017
    Ајде за ваши пари за 500 евра би зеле Делл, Асус, Леново или ХП? ХП на мои блиски роднини и пријатели брзо се расипуваа. Мое лично искуство со Делл е одлично, 4 и пол години ништо не му фали. Исто имам и Тошиба кој се користи секој ден стар скоро 8 години со прва генерација на и3, само батеријата е оштетена досега
     
  9. Boco1987

    Boco1987
    Intern

    66
    48
    25 Март 2017
    Машко
    Епа земи си Toshiba ондак
     
  10. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,895
    2,392
    18 Септември 2013
    Машко
    Lenovo ThinkPad T-series / Dell Latitude

    - бизнис квалитет (подобри материјали и поригорозно тестирани за издржливост од просечна пластика шо ќе се скрши за брзо)
    - тракпоинт / џојстик
    - најдобра тастатура (тинкпад)
    - интернационалните гаранции важат локално (пошо имаме овластени сервисери)

    од лично искуство ќе кажам дека се примеќа разлика, се шо е евтино после година две почнува да се осеќа. тинкпад остануе цврст ко првиот ден, хинџот нема ослабнато ни грам, тастатурата е извонредна, едино металот ми е изгребан од користење малце по рабовите.
     
    Markonovko, RoninMK, dimsa и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    388
    308
    20 ноември 2013
    Машко
    1 Прашај сервисер кој модел(и) му е во раце цело време
    2 Барај лаптоп направен за амерички или европски пазар, овде нов кхм... рефрбишд нема да тера долго
    3 Се согласувам за тинкпадот
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    776
    896
    11 Март 2011
    Последните неколку години, HP ентри моделите се подобри од Dell, додека во висока класа Dell ми делуваат подобро, ThinkPad се добри, Тошиба не би препорачал бидејќи имам две Тошиби дефект, од кои првата се расипа делумно (екранот не работеше на батерија?) после месец дена користење.
     
  13. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,591
    6,253
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Моментално на сервис имам Асус рог што чини ~2000 евра. Помината гаранција пред 2 месеца, звук кога има кога нема, аудио чипот го вжештува куќиштето на некои 70 степени, а е оддалечен од него околу 2cm. Што ќе кажете, има улога цената? И не е прв.
     
    mdeni, mnikolce, DrMTR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,338
    2,593
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Да не го заречам, али мојот lenovo ideapad y560, купен од америка пред 8 години, со прва генерација i7, 720QM, ме служи одлично. Освен звучникот шо крчи малку едниот, и шо го имам јас подзаебано еднипт хинџ, лаптопот тера и неќе да чуе :) накој како ќе му се погоди :)
     
  15. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    837
    1,130
    6 ноември 2007
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    205
    145
    15 ноември 2015
    Машко
    Јас имам асус рог и досега не сум наишол на проблем. Сепак станува збор за модел од над 1000 евра и во задниов период го користам само за интернет и офис.

    Јас само ќе кажам дека имам искуство највеќе со acer, бидејќи блиску луѓе до мене највеќе ги имаат.

    Сестра ми,
    Татко ми службен
    девојчево
    братот нејзин
    Сите они имаат
    имаат аcer и тоа од пониската класа. Ниту еден Не надминува 400 евра.
    Знам само дека сестра ми и девојката воопшто не ги ни пазат лаптопите. Цело време им се во струја и еве по 2 години батериите уште немаат мака.
    Кај мене на dell порано откажувале уште по првата година.

    Можам да кажам дека највеќе ги имам испитано од маркиве acer и дека навистина се супер со квалитет.
    Dell кога имав не ми се погоди баш. Тач падот беше лош и премногу евтин.
    Батеријата исто ми откажа 2 пати во гаранција.
    Toshiba сум имал исто лошо искуство

    Да сумирам. Јас кога би имал денес потреба од нов буџет лаптоп би земал без размислување Acer.
     
    На RoninMK и viktorce им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    7,748
    8,820
    13 Јуни 2009
    До 500 евра бара човекот. Кажете ако имате добро искуство со некој лаптоп во тој ценовен ранг.

    Инаку моментално имам ZBook на HP. Навидум и хардверски, лаптоп ко лаптоп. Но кога ги видов сите придобивки кои ги нуди го променив мислењето. Није све једно.
     
    На RoninMK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,857
    5,023
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас до 500 евра би го земал тој што има 3 год. гаранција.
     
    RoninMK, artweb, Psycore и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    776
    896
    11 Март 2011
    Lenovo, HP 250 или Dell, со i5 процесор и барем 8 GB RAM. Вообичаено во таа категорија можеш да најдеш со i5 и 4 GB RAM, па може не е лошо да докупиш и една плочка РАМ. Ако одиш со првите 2 бренда можеш да поминеш и со 400 евра, Dell ќе те кошта отприлика 100 евра поскапо.

    Anhoch PC Market Online - Notebook HP 250 G6 i5-7200U 4GB/500GB/DVDRW/15.6" HD LED/GigaLAN/TPM/DOS/Grey

    Anhoch PC Market Online - Notebook HP 250 G6 i5-7200U 4GB/500GB/M330 2GB/DVDRW/15.6" FullHD LED/GigaLAN/TPM/DOS

    Anhoch PC Market Online - Notebook Dell Vostro 3568 i5-7200U 4GB/128GB SSD/R5 M420 2GB/DVDRW/15.6" FullHD AntiGlare/Linux

    P.S. ако побараш на сајтот на Анхоч се наоѓаат со 8 ГБ РАМ до 30000 денари
     
  20. SiPy`

    SiPy`
    Unstoppable

    2,005
    3,353
    23 Јуни 2015
    Машко
    Касиерка без лак
    Незнам зашто бирате бренд, кога бирате лаптоп. < Ова само важи за луѓе со одреден буџет и нормално побарувања од истиот.
    Си идеш и си купуваш она што е најдобро во моментот за парите. Кога веќе сите се пластични, ќе си гледаш максимум перформанси и добра тастатура, барем ова ми е мене важно. Бренд неможеш да бираш, тој не ти гарантира дека лаптопот ќе ти трае повеќе. Се е до серијата на лаптопот, некоја серија од ист бренд нема смрт, друга серија на 6 месеци се сервисира.

    Како квалитетна изработка само Thinkpad. Тој лаптоп е во друг универзум од другите.
     
    Justice for All, RoninMK, artweb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Astro

    Astro
    Guru

    5,485
    6,978
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    .... ама ќе те тепам....

    Како кај кого. Фирмиве што ми се бзирани на HP немаат ниту еден дефект со HP, безгрешни лаптопи од ProBook серијата. Немам никаков проблем да ги препорачам, секогаш и во скоро секоја прилика.
    Фирмиве со Dell си имаат мака чат-пат. Latitude е перфекција, Inspiron е ѓубре, не го препорачувам на никого. Не работи уште од кутија, најголем процент од FullHD дисплеите доаѓаат со барем еден мртов пиксел. Во 21-ви век имаат мрежна 10/100, ужасен избор на комбо Wifi + Bluetooth модули со кутар квалитет и перформанси.

    Се сложувам, Thinkpad е и според мене најиздржлив бренд, сертифициран за Military, Medical па дури и Space usage. Не е чудно што сите лаптопи на Меѓународна вселенска станица се Thinkpad. МЕЃУТОА!!! Thinkpad SL500 првите модели некаде 2009-та година не се погодија и многу се расипуваа. Од тогаш наваму не сум сретнал никакви проблеми со Thinkpad. Во историјата знаеле и тие да направат по некој гаф.

    Според мене, Thinkpad, Latitude и ProBook се вистинскиот избор ако ти треба издржлива машина за работа. За гејминг е јасно дека не се.
     
    kirev, RoninMK, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. JovanKrstevski1

    JovanKrstevski1
    Practice makes perfect

    1,047
    1,056
    25 Март 2013
    Машко
    LapTopMag веќе неколку години наназад ги оценува брендовите на лаптопи по неколку параметри и ги сметам за релевантни
    Best & Worst Laptop Brands 2018

    Интересни поместувања
    Apple-Пред некоја година беше на врвот и плаќаш за истите перформанси 2-3 пати повеќе и не е издржана цената ама сепак важеше за најдобар. Како проаѓаат годините се повеќе e нестабилен и тоне.
    Dell, Acer, Asus секогаш меѓу топ 5-6 бренда.
    Од она што гледам и од останатите членови а и од линкот Lenovo Thinkpad е најверојатно со право на врвот барем за годинава.
     
    На RoninMK и DrMTR им се допаѓа ова.
  23. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,871
    5,832
    27 Март 2014
    Листата им е прилично точна.
     
  24. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    348
    250
    13 Март 2015
    Машко
    И јас сум задоволен од Acer. После одредено време лаптошот е се уште како нов. Lеnovо прави убави дизајни во последнава година.

    Dеll си има маничка, и голем проблем им се батериите
     
  25. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    884
    335
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Јас уште не сум сретнал лаптоп на кој батеријата му истерала повеќе од две години.
     
    На Rac58 и mdeni им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...