efto
Gaining Experience
- 19 април 2007
- 328
- 268
ПОЛСКА - Мравки во хард дискот или детска лажичка во УСБ флеш дискот се двата од вкупно десет најглупи начини да се уништи еден компјутер, покажуваат резултатите на Лабораторијата за обновување на податоците во Катовице. Оваа лабораторија, која е една од 17-те слични лаборатории на меѓународната компанија Крол Онтрак, меѓу бизарните примери од цел свет на прво место како навистина најоригинален начин да се уништи компјутер го смета примерот на еден фотограф од Тајланд, кој помислил дека во хард дискот му се вселиле мравки. Тој употребил инсектицид, кој целосно ги уништил и податоците во компјутерот.
Најнестрплив, според анкетата, бил еден научник од Велика Британија кој мислел дека хард дискот му пишти, па зел бушилка и направил една дупка и во неа ставил машинско масло за да го подмачка дискот. Дискот престанал да пишти, ама, за жал, и да работи. Еден од честите начини да се онеспособи компјутер е масовно распространетата појава да се јаде покрај компјутерот. На списокот на намирници што експертите ги наоѓаат во компјутерите најчесто се бананите, како и детски лажички. Еден од честите начини да се расипе компјутерот е и перењето во машина, посебно на преносните дискови.
Извор: Вест
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=145409&idg=7&idb=2259&rubrika=Kaleidoskop