1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најдобри 3D сетинзи на 1070 и 144Hz монитор (Fast Sync или VSync)

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Rikimaru, 17 Август 2016.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    542
    403
    26 Март 2016
    Здраво другари,

    Чекам да ми пристигни 1070ката за некој ден. Исто така купив 144Hz монитор (НО БЕЗ G-SYNC). Имам прашање во врска со сетинзите и во игрите и во control panel-от, бидејќи цел живот досега сум користел само AMD и не сум целосно упатен. Прашањето ми е ова: Кои ми се најдобрите 3Д сетинзи што би можел да ги уклучам во ситуација каде генерално би добивал 100+ fps на 144Hz монитор. Знам дека V-sync се користи во случај да вадам повеќе фрејма од рефреш рејтот на мониторот за да се елиминира скрин теринг. Меѓутоа во мојот случај не верувам дека ќе надминам над 144 fps. Што велите вие поискусните?
     
  2. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас викам дека се испофали сеа поштено :D

    Со здравје гејмање!
     
    На causevd и marto им се допаѓа ова.
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    542
    403
    26 Март 2016
    Не ми е до фалење кога читам луѓе по форумов земаат 1080ки или берат пари за титанот новата. А мониторот е само 1080p ни g-sync ни висока резолуција. Ми треба да научам како да ги подесам најдобро, бидејќи не го разбирам nVidia control panel-ot целосно.
     
    Последна промена: 18 Август 2016
  4. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    339
    423
    20 Јуни 2012
    Машко
    Не треба многу да се замраш со подесување. Уклучи било која игра, стави се на ултра и терај
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    542
    403
    26 Март 2016
    Тоа лесно е да се направи. Така правев. Си реков да се позамарам малку сега бидејќи излегуваат нови срања како fast sync, dynamic super resolution и не знам што. Па ако може да го подобрам квалитетот на кој и да било начин зошто да не. И така хардверот ги има потенцијалите.
     
  6. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    793
    1,654
    23 Мај 2012
    За најдобар квалитет на слика, во Nvidia Control Panel>Manage 3D settings>Global Settings ќе го сетираш следново:
    1. Anisotropic Filtering од Application-controlled во 16x и подоле во сетинзите Texture Filtering - Quality од Quality во High Quality (Со овие два сетинзи ќе добиеш почисти текстури, посебно тие подалечните на сметка на незначаен перформанс импакт. Без разлика што игрите во нивните сетинзи имаат 16x AF, ова што Nvidia нуди е најчесто со подобар квалитет.)
    grand-theft-auto-v-pc-nvcpl-af-setup-1.png grand-theft-auto-v-pc-nvcpl-af-setup-2.png
    2. Multi-Frame Sampled AA (MFAA) од Off во On (Најважниот сетинг според мене бидејќи со ова добиваш "бесплатен" Antialiasing во игри кои кои користат MSAA. Во играта избираш пример MSAA 2x, 4x или 8x и ако ти е уклучено MFAA за MSAA 2x добиваш квалитет како 4x, за MSAA 4x добиваш 8x и за MSAA 8x добиваш 16x. Сето ова со минимален или без импакт на перформанси. Дури мислам дека и MSAA исклучен да е, во пддржаните игри добиваш квалитет како со MSAA 2x. ако ти е MFAA на On)
    geforce-game-ready-344-75-whql-driver-mfaa-global-game-configuration.png
    3. Во DSR - Factors ги штиклираш сите квадратчиња за да имаш избор од сите поддржани "супер резолуции" и во DSR - Smoothness го бираш нивото на филтрирање. Пониска вредност = почиста слика, додека повисока вредност = поматни текстури меѓутоа помазни линии. Јас преферирам 10% тука, стандардно е 33%. (Со ова во игрите ќе имаш можност да избереш резолуции повисоки од таа на мониторот со што добиваш подобар Antialiasing и генерално повеќе детали. Клик тука да видиш како изгледа 3840x2160 DSR на 1920x1080 монитор.)
    nvidia-control-panel-dynamic-super-resolution-1.png nvidia-control-panel-dynamic-super-resolution-2.png
    4. Ambient Occlusion е исто така сетинг со кој можеш да добиеш подобар квалитет на слика, меѓутоа тој се сетира посебно од игра до игра и најдобро преку NVIDIA Inspector наместо тука во NVCP бидејќи таму имаш повеќе опции.

    За VSync бидејќи немаш G-SYNC монитор, во ситуации каде што имаш висок фрејмрејт 90-144 fps најдобро ти е VSync Off. Во ситуации каде што имаш 60-90 fps најдобро ти е Аdaptive со half refresh rate со што добиваш VSync на 72Hz, меѓутоа кога ќе имаш под 72fps автоматски се гаси VSync и нема статер. Fast Sync е за компетитивен гејминг само, во ситуации каде што имаш 2-3 пати повеќе fps од рифрешот.
     
    На Sukhoi, Molec, marto и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    542
    403
    26 Март 2016
    Нешто вакво очекував. Фала многу за одличниот одговор. Само уште едно прашање. Што добива на приоритет, сетинзите во контрол панелот или тие во играта. Пример, ако уклучам vsync во контрол панелот, дали го уклучувам или исклучувам во играта? Плус, како што ми личи DSR е еден вид на супер AA, така што ако го уклучам DSR-ot на 4К да речиме, дали ми е потребно да ги уклучувам другите видови на AA. И ако е тоа така дали го глобалните сетизни од контрол панелот е подобро да се направи тоа или и од контрол панелот и од играта?

    ЕDIT: Само да појасниме. Nvidia Inspector е посебна апликација која додатно се инсталира и служи за OC? RIght?
     
  8. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    793
    1,654
    23 Мај 2012
    Сетинзите во контрол панелот на Nvidia прават override на тие во играта, така да ако уклучиш VSync во NVCP не е важно во играта дали е On или Off.

    За DSR да, supersampling прави така да обично нема потреба од друг тип на AA истовремено. Меѓутоа пак зависи од игра до игра. Ќе треба сам да си тестираш поединечно во секоја игра што ќе има најдобар ефект. Можеш и комбинации да си правиш. DSR уклучуваш глобално, а во играта после си бираш резолуција бидејќи DSR нели се активира со исборот на повисока резолуција од нативната.

    Nvidia Inspector си е посебна апликација и примарно служи како надграден Nvidia Control Panel бидејќи има многу повеќе опции кои не се достапни во NVCP. Инаку да, може и за оверклок да се користи меѓу другото.
    file-af1a2e1c891b3cb9fa.png
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,470
    12,644
    2 Август 2012
    Машко
    Па добро ти објаснија де. Невешто, ама добро.

    Во Nvida Control Panel не чепкаш туку чепкаш во Nvidia Inspector кој ќе го симнеш и дозволува многу подобро и пофино подесување ама сето тоа зависи од играта.
    На крај, играта во Inspector или Control Panel ја подесуваш ако имаш проблем со перформансите па почнуваш да ставаш алтернативни начини на, на пр., Antialiasing, Power Management, Anisotropic filtering и слични работи.
    За жал нема универзални совети за ова. Се зависи од играта и како е таа направена. Ова ќе мораш да го копаш на други гејмерски форуми.

    [edit]
    Ах да. Vsync се подесува во Nvidia Inspector заедно со fps лимитер. Па така кај едни игри имаш добри резултати со Vsync @ 1/2 refresh rate и закочен fps на 30. Кај друга игра имаш добар резултат со 60 fps и Vsync @ 1/3 refresh rate итн.
    Сето ова да се избегне тн. Screen Tearing
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...