Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Најдобар streaming микрофон достапен во наши продавници?

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.189
5.200
Битола
Едноставно прашање. Влегувам во streaming играта со Diablo 4, па ми треба квалитен микрофон.

Едно е многу битно: НЕМА да носам слушалки, така што некој микрофон што елиминира background noise бидејќи ќе свири музика и играта итн.

Поздрав гејмери, аудиофили и други учесници.
 
Последна промена:

acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
291
460
Микрофон сам по себе не елиминира background noise, тоа го прави софтверот што ќе го користиш (или освен ако не купиш микрофон со вграден софтвер што го прави тоа, ама повеќето стримери користат стандарден кондензаторски микрофон ко што имам забележано).
Во принцип кај микрофонот е логиката, повеќе Gain -> потивки, подалечни звуци ќе се слушаат, помалку Gain -> мора поблизу да го принесеш кога збориш.
Друго што ти иде во полза е Cardioid polar pattern што повеќето микрофони го имаат. Ако изворот на музика и звук од играта е позади микрофонот можеби нема да имаш голем проблем (зависи колку гласно ќе биде). Така да обрати внимание на прецизно насочување на микрофонот кон тебе а спротивно од звучниците.
 

Aowek

On your way to fame
14 април 2012
1.065
943
Едноставно прашање. Влегувам во streaming играта со Diablo 4, па ми треба квалитен микрофон.

Едно е многу битно: НЕМА да носам слушалки, така што некој микрофон што елиминира background noise бидејќи ќе свири музика и играта итн.

Поздрав гејмери, аудиофили, и други учесници
Чекаме линк од Твич каналот да супортаме :D
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.189
5.200
Битола
Чекаме линк од Твич каналот да супортаме :D
Читав Facebook и YouTube кренаа сега, им бегаат стримерите на Twitch.
Мислењето е автоматски споено:

Ако изворот на музика и звук од играта е позади микрофонот можеби нема да имаш голем проблем (зависи колку гласно ќе биде).
Тоа се мислев. Да прибира звуци само од една дирекција да се подеси некако. Инаку така ќе биде да... звучниците главни ЗАД микрофонот, а микрофонот баш пред мене на неколку сантими одалеченост.
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.402
9.258
Кога сакаш најдобар сетап, гледаш како прават најдобрите

Fortnite_NinjaFortniteSkinAnnouncement-1024x576.jpg


Што има овој на глава? Слушалки. Не знам зашто воопшто се прави муабет за комбинации без нив.
 

mrmarko4fun

Gaining Experience
26 јули 2017
197
198
Куманово
Го имаш Shure SM57, Audio Technica AT2035 или нешто поскапо Shure SM7B но овие се XLR микрофони и си бараат audio interface со кој ќе имаш контрола на звукот, кај нас тешко се наоѓа добар и квалитетен за стриминг, имаш GoXLR Mini од thomann.de и секако ќе треба boom arm или некој stand да стои микрофонот и pop filter. Ако ова не е изводливо тогаш може нешто како Audio Technica AT2020 кој користи USB и не треба audio interface.

За квалитет и рецензија побарај на Podcastage youtube каналот во детал објаснува се за микрофонот.
 
Последна промена:

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.189
5.200
Битола
Audio Interface користам неколку години за мониторите и за гитарата и има XLR улази. Така што и овое првиве влегуваат во игра.
 

dino

Gaining Experience
5 јули 2009
632
225
Читав Facebook и YouTube кренаа сега, им бегаат стримерите на Twitch.
Мислењето е автоматски споено:


Тоа се мислев. Да прибира звуци само од една дирекција да се подеси некако. Инаку така ќе биде да... звучниците главни ЗАД микрофонот, а микрофонот баш пред мене на неколку сантими одалеченост.
Има логиkа да одиш со dynamic наместо со condenser

Јас имам Audio technica atr2100x - https://www.amazon.com/Audio-Technica-ATR2100x-USB-Cardioid-Microphone-ATR/dp/B07ZPBFVKK и сум задоволен
Заедно со држач мислам дека ме фати околу 10500
 

Boco1987

Gaining Experience
25 март 2017
270
296
Скопје
Јас користам Rode PodMic веќе скоро 3 години (го купув во Artsist Sistems) и сум задоволен, не го фаќа звукот од мојата механичка тастатура кога гејмам, а оддалечена е од микрофонот 15 цм, само ќе треба додатно да си купиш и држач
 

The-spiki

Gaining Experience
26 април 2008
116
142
www.spiki.mk
The-spiki's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-5820k x99, DEEPCOOL Captain 24
Motherboard
MSI SLI X99S Krait Edition
Storage
Samsung Evo 850 250gb
PSU
Thermaltake Toughpower DPS G 850W
RAM
CORSAIR 32GB Vengeance LPX DDR4 2666MHz
Video card
GIGABYTE GV-N970G1 GAMING-4GD GeForce GTX 970 4GB
Case
NZXT H440 Razer
Mouse
SteelSeries Rival
Keyboard
SteelSeries Merc
Audio
SteelSeries Siberia v2
Monitor
LG 34UM67
OS
Slackware Linux
Мој совет е HyperX DuoCast, во Сетек го има за 6700 МКД.
Не дека е најдобар на светот, туку го сметам за доволно добар (за она што ми треба мене)
Можеби и поефтиниот OneCast да ти заврши работа, јас си одбрав DuoCast (поради неколку причини).

На врв има „копче“ кое е капацитивно, само поминување блиску со рака е доволно да го прекине ѕвук (mute).
Од задна страна има физичко копче со две фунции:
  • со вртење се менува осетливост / гласност (mic gain)
  • со допир (нема позиција туку секој допир е промена) да ли збира звук од секаде или само од напред (т.е. омни или кардоид мод)
Тоа што веројатно ќе сакаш е да “слуша“ од еден правец, т.е. само од напред. (визуелно прикажува тоа со лед, ќе светне од околу накај тебе, наместо од напред да почнува и да прави цело кругче)

Поновите верзии на ОБС (последните неколку месеци оваа година) имаат можност за местење на звучни канали (без додатни плагини и други заебанции како порано)
На пример, можеш да местиш само звук од игра + од микрофон да одат на стрим / Твич, без да се пренесува музика која слушаш во позадина, разговор од Дискорд и Тимспик итн.

Е сега, доколку „многу“ гласно слушаш музика на звучници, веројатно ќе фати малце на микрофонот додека збориш, ама не е тешко да си најдеш задоволителна варијанта (намалување на осетливост на микрофонот и нормална гласност на музика).
 

TheGamerTeacher

On your way to fame
9 декември 2016
434
500
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Јас користам Blue Yeti, со малку замарање со филтри имаш добар звук. Околу позадинската врева, сметај дека јас имав ситуација да стримам од Сити Мол во гужва и ништо не се слушаше од позадинските шумови со едноставно подигање на noise gate. Сепак, ако тие се погласни од тебе, нема чаре.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.000
Мислења
973.043
Членови
35.348
Огласи
2.935
Најнов член
MilaKalkova93
На врв Дно