Најдобар МК online систем/payment gateway за продажба на софтвер (веб апликации, плагини итн.)

digingbil

Intern
5 ноември 2013
12
15
Здраво пријатели,

Во последно време размислувам за напуштање на вообичаената работа како (senior) web developer на која сум веќе прилично долго време - скоро 13-тина години. Работам со PHP/MySql/JS/Vue.js и еден куп други веб технологиги, кои како што знаете мора да ги познавате денес. И да, понешто и Python, најчесто scraping итн. Но тоа е секогаш 100% работа за други клиенти.

Како и да е, имам некои (мислам) добри идеи за софтвер и идејата ми е комплетно да се посветам на нивно развивање и поддршка и секако нивна продажба.

Меѓутоа претходниве години не најдов воопшто време да одвојам за истражување на можностите за payment processor-и за МК.

Секако имам Paypal веќе од 2014 но само personal. како што официјално знаеме ПП се уште не дозволува отворање бизнис сметка. На дупеглавците во Влада/НБРМ изгледа тоа никако не им одговара...

Гедам дека се користат и солуции од casys меѓутоа не знам која е постапката за за отварање сметка таму и поврзување со ваша банка. Некој линк можеби?

Конкретно имам:
  • Своја компанија ДООЕЛ
  • Единствена (девизна + денарска) сметка во Охридска банка (каде официјално немаат опција за онлајн продажба)
  • За наплата за мојата работа секогаш испраќам фактури кои ми ги исплаќаат преку банкарски трансфери на компаниска сметка
  • Не би требало да имам проблем да отворам сметки и во други МК банки.
Ми треба:
  • Интеграција на payment processor кој ќе биде поврзан со моја сметка во МК банка (како компанија)
  • Тој процесор треба да поддржува примање на плаќања од странство (поддршка на наплата од странски кредитни картички (US/UK/EUR најчесто), како и домашни)
  • Опција за subscription (на пр. секој месец наплаќате од картичка на клиент одредена сума)
  • 100% легално
  • Може и плагин ако има за /Woo/Joomla/PHP etc, а и ако нема, битни ми се само параметрите а потоа јас ќе ги интегрирам сам.
  • Мислење за административните глупости кои мора да се поминат

Ви благодарам за секое споделено искуство од некој кој веќе go работи ова или е упатен во овие работи!
 

Skipper8

Intern
4 јануари 2021
7
7
Сличен проблем имам и јас, ама сакам да отворам компанија надвор (офшор) баш ради тие причини (и да не плаќам 5000 евра за отварање ДООЕЛ кај нас).


Можиш да отвориш гранка од твојата компанија во друга земја (пример Англија или Америка), и да имаш претставништво таму. Е сега прашање е дали сакаш да водиш евиденција на две места за даноци и документација. За кај нас не можам многу од многу да ти поможам, оти почнав да истражвам и баталив ко видов дека casys системот е заглавен во 2008ма година.
 

Senshi

Intern
2 јануари 2015
55
24
Најдобра опција ти е можеби и најефтина компанија во Кипар или Бугарија поврзана со Stripe.
Во Кипар и регистрацијата на компанија и банкарска сметка би можел да добиеш онлајн и немаш данок(ако седиштето на фирмата
ти е надвор од Кипар и не работиш со Кипарски фирми).
За Бугарија имаш данок а блиску е значи може да завршиш се.
Со свете овие опции би можел да отвориш бизнис пејпал акаунти така да и таму можеш да примаш пари.
 

digingbil

Intern
5 ноември 2013
12
15
Благодарам за одговорот.

Сепак си мислам, до кога ќе мораме да се потпираме на вакви Итар Пејо-вски итроштини и заврзлами?

Отвори сметка ваму, фирма онаму, картичка од Словенија, PayPal на Марс.. за да можеш да продадеш парче софтвер како најнормален човек!

Која вукојебина сме човече ццц...

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 

Volkswagen

Gaining Experience
12 септември 2008
227
74
PayPal од она што кажуваат, не сакал со нас да си фаќа работа, не дека не молеле овие од Владата. Не сме им биле интересен пазар.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,460
1,255
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@digingbil провери со овие, мислам дека го имаат баш она што го бараш, праќаш фактури, директ плаќаат од систем, продаваш софтвер.. избор на клиентот на кој начин му одговара да ти плати...
Бонус - ем наш производ е, македонски од Марјан од Emit Knowledge
 

digingbil

Intern
5 ноември 2013
12
15
@digingbil провери со овие, мислам дека го имаат баш она што го бараш, праќаш фактури, директ плаќаат од систем, продаваш софтвер.. избор на клиентот на кој начин му одговара да ти плати...
Бонус - ем наш производ е, македонски од Марјан од Emit Knowledge
Благодарам, баш ќе проверам за што се работи.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,460
1,255
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,990
Мислења
869,717
Членови
30,321
Најнов член
vasei12
На врв Дно