1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најдобар File Explorer и/или „чистач“ за Андроид?

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од Rikimaru, 25 Март 2020.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,061
    1,286
    26 Март 2016
    Даскал
    Здраво дечки,

    Во самоизолацијава еве ми текна ќе го средувам storage-от на мобилниот (OP 5T) бидејќи уште 2 гига слободни од 64 па зедов ќе отворам File Explorer да видам што се дешава (ОТКАКО избришав сите апликации што не ми требаат, слики, музика и видеа -- коишто се лесно достапни). Е сега, чистка си реков ќе направам да избришам оставнина фајлови од претходни апликации, некои фајлови што не ми требаат поголеми помали. На Windows со замижани очи знам се да направам, исчистам, оптимизирам ама изгубен сум со Андроидов. Шпанско село ми се сите овие фолдери во Internal Storage. Не знам што е безбедно за бришење, каде да ги најдам:
    - фајловите од апликациите претходни и сегашни,
    - каде да најдам backup глупости коишто не ми требаат,
    - системски фајлови и апликации што не требаат,
    - каде да најдам гугл апликации што не ги користам а кои не можат директно да се одинсталираат преку интерфејс него мора да ги искорениш, итн, итн.

    Совети некои за чистење на android storage, софтвер адекватен, туторијал за навигација низ file explorer, итн.? Help please.

    Поздрав, останете безбедни.

    П.С. Најдов безброј текст фајлови, фајлови за иницијализација онака во рандом безимени фолдери што седат. Појма немам што се и сакам да ги манам по уши ама немам мадиња. Не ми се малтретира сега да флешувам и ресетирам Андроид. Инаку, ги користам следниве апликации за навигација и средување на фајлови (моментално).
    90696422_222495932149348_6487233928045264896_n.jpg
     
    Последна промена: 25 Март 2020
  2. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    383
    332
    7 Јули 2013
    Машко
    На маркет files by Google?
     
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,061
    1,286
    26 Март 2016
    Даскал
    Појма немам, не сум го користел, прашувам за тоа и за како да навигирам низ такви програми, бидејќи одреден дел од фајловите може да се модифицираат само ако имам root access.
     
  4. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,699
    2,573
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    На кој Андроид си, 9/10?

    Откога стапнав на Oxygen OS10, престанав да го користам CCleaner оти изгуби смисла.

    1. Од apps останав само со SD Maid (ја купив Про верзијата)



    2. Storage > Other Apps > сортирани ти се автоматски по size, им влегуваш на секоја и Clear Cache

    3. Бутираш во Recovery > Wipe Cache and Data > чистиш само Cache

    * Третото е препорачливо кога системот ќе почне да троши повеќе батерија.
     
    На boro1 и Rikimaru им се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,061
    1,286
    26 Март 2016
    Даскал
    9ka, 10ka ќе пуштале до мај најкасно дека последен телефон што ќе добива А10 поддршка.
     
  6. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,699
    2,573
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Експлорер, користев и уште го имам на тел. Solid Explorer, ама полека почнав да работам со File Manager нa OnePlus оти е system app, а и најмногу заради LockBox и FileDash опциите. Многу добро им е исполиран и UI и функционалноста..
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Avid

    Avid
    Guru

    4,462
    6,689
    21 Јануари 2009
    Тука си во право. Ова е далеку помалтретирачко отколку твојов првобитен план.
     
  8. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,061
    1,286
    26 Март 2016
    Даскал
    Во мовој случај малтретирање е бидејќи појма немам како се прави тука. Малтретирањето лежи во барање и гледање туторијали за таа работа, а пред тоа ќе треба да научам исто така да го рутнам телефонот бидејќи и тоа не знам како се прави. Еден куп малтретирање, имам време ама немам желба за таа работа.

    Оригиналниот план секогаш сум сакал да го изведам бидејќи ми пружа чудно задоволство да се запознаам со секој фолдер, подфолдер и фајл на дискот на моите машини. Лично да ги отворам, видам и избројам. Така добивам чувство на тотална контрола врз она што се снима и чува на мојот систем, исто како што секогаш правам со Win10. Thus, ми треба помош како да го изведам мојот оригинален план бидејќи тоа е крајната цел.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,061
    1,286
    26 Март 2016
    Даскал
    Презадоволен сум од OxygenOS јас. Скоро чист Android со ситни „подобрувања“. Немам новац и желба за Pixel ама ова е најблиску до оригинален андроид бар.
     
    На Astraion му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blagojce

    Blagojce
    Gaining Experience

    888
    67
    26 Декември 2007
    Машко
    Програмер
    Користам Total Commander како фајл експлорер+има LAN plugin преку wifi да се поврзиш со share-уван фолдер од компјутерот и брзо и лесно се префрлаат фајлови од двете страни.
    Користам Total Commander и на компјутер, но не е задолжително да го имаш и на компјутер за да можеш да го поврзиш со телефонот (доволно е share-уван фолдер).
     
    На moongose и Rikimaru им се допаѓа ова.
  11. Vlatchey

    Vlatchey
    Intern

    7
    5
    11 oктомври 2019
    Машко
    Total commander како што рече Blagojce е супер за на PC и Android.

    Чистач.. на F-Droid - LTE Cleaner.

    - Во андроидот во folderot Data , ти се сите пакети за сите инсталирани апликации (сегашни и минати).

    пример: com.adobe.lrmobile - adobe reader..

    E сега, кога правиш uninstall на Х апликации, овие фолдери можно е да си останат, не зафаќаат простор нешто голем али за организација можеш да ги избришеш.

    - Во Internal Memory избриши сите фолдери од апликации кои сами си ги направиле..

    - Google apps можеш да бришеш само со root пристап ако имаш, во спротивно само Disable можеш да им направиш и clear storage/cache преку Apss manager.
    - Ако имаш root пристап, тогаш симни root uninstaller и тоа е тоа

    - Топла сугестија префрли сликите/видеата од DCIM на PC или SD и среди Downloads..

    Ти ја разбирам макава, јас во минатото имав една Xperia без слот за SD card со тотал internal memory 8гб, од кои Facebook фаќаше 700/800mb.
    Морав да рутирам и да бришам bloatware да зачувам 200/300 mb :D

    BTW: сите cleaners чистат кеш меморија.. Едино на PC, CCleaner чисти и регистри така барем тврдат по нетов, али мануелно кога ги проверив регистрите што наводно ги чисти ccleaner .. Сеуште си постоеа.. Така да не верувам многу во тоа.
    F-droid патем е open source маркет кај што Android developers си закачуваат апликации, без реклами, in-app purchases, trackers итн.
     
    Последна промена: 2 Април 2020
    На Avid и Rikimaru им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...