• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Најдобар entry point за ИТ кариера? Од каде да се почне?

ZeroCool666

Intern
24 ноември 2020
18
3
Здраво, веќе некое време сакам да се пренасочам во ИТ светот ни никако да се решам затоа што немам контекст и малце лутам поради тоа што има премногу гранки што ме интересираат и никако да се одлучам.
Затоа еве решив тука да прашам, кога на некој близок што му мислите добро, би требале да му дадете совет како да почне, што би му кажале?

Не сакам софтвер тестинг затоа што наводно е најлесно и најмногу се барало. Глупо ќе звучи ама имам решавано доста секојдневни проблеми поврзани со компјутери, сум правел успешни хекинтоши, сум оптимизирал windows, како мал куцав програми во basic на комодоре :) сум конфигурирал рутери за работа со аудио опрема. Што значи сакам да верувам дека не сум тотален почетник но кога ги гледам курсевиве што се нудат некако се губам.

Хелп? :)
 

dangthe

Practice makes perfect
5 септември 2008
1,200
1,518
Скопје
ИТ индустријата е премногу опширна со многу гранки - не знам како некој би можел да ти даде ентри поинт. Прашањето е, што поточно те влече од ИТ, гледам дека си правел различни работи од склопување хекинтоши до куцање код. Треба да кажеш каде ти се гледаш, па кога ќе имаме појасна слика што конкретно те интересира од целата индустрија, некој со искуство од таа гранка поточно ќе може да ти даде некаков совет.
 

Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
270
282
Ако те бива за програмирање мислам полесно ќе најдеш нешто, ама гледам на профилот 33 години возраст си, малку касно изгледа.

Сепак ако те влече и си спремен да вложиш барем 2-3 години интензивен труд за обука, може и ќе биде нешто со програмирање.

А овака универзален компјутерџија за инсталација на Windows нема некоја вредност, освен ако те умее социјално да направиш мрежа познанства насекаде па да те викаат за интервенции и нешто како Geek Squad да тераш.
 

Ulrezaj

On your way to fame
20 јуни 2012
400
600
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Имаш навистина огромен избор, дали би те интересирало да изработуваш веб или мобилни апликации ? Или можеби си видел нешто сосема друго што ти фатило око ?

Ако повеќе те влечи на пример web development а воедно имаш око за работи кои изгледаат добро би можел да почнеш со курсови за front-end ( html ,css, js ). Ако повеќе те интересираат бази на податоци почни со курсеви што го опфаќаат овој дел ( пр. Python, Javascript, PHP... ). Опции имаш милион.

Ако те бива за програмирање мислам полесно ќе најдеш нешто, ама гледам на профилот 33 години возраст си, малку касно изгледа.
Ова е многу неточно. Пријател промени професија, од работа во банка на шалтер сега работи како back-end девелопер а почна на 39 години, и одлично му оди. Јас лично почнав на 29 години, а завршив правен факултет и со макотрпно учење и работа сега сум презадоволен од одлуката бидејќи работам на одлично место и имам одлични примања. Така да @ZeroCool666 немој да се разочаруваш воопшто и немој да веруваш на секакви глупости во врска со возраста. Не ти треба да плаќаш никакви академии ( waste of time ), одлучи се прво што сакаш да работиш ( изгледај некое видео на Youtube ) и пиши ми приватна порака па ќе ти дадам насоки што и од каде да учиш.
 

ZeroCool666

Intern
24 ноември 2020
18
3
Фала ти @Ulrezaj, фала @dangthe. @Sancho Sanchez малце дефетистички ми влезе а тоа е најмалце што ми треба :) Да се убијам ако не пошто имам 33, толку, завршил животот за мене? :)

Во принцип највеќе ме интересираат мрежи, и гледав cloud ops академија на seavus. еден другар го учи тоа и мислам дека би ми одело, и би се посветил 2 години да го научам, ама од друга страна ме влече и фриленсинг и remote работа, таа слобода некако ми е предизвик да научам нешто друго што би можел да го работам, Python ми делуе интересно вака на прва ама пак, тоа што ми треба е инсајдерско инфо што е најбарано во професијата и со која професија најбргу може да се работи на џуниор позиција секако.
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,380
10,344
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Фала ти @Ulrezaj, фала @dangthe. @Sancho Sanchez малце дефетистички ми влезе а тоа е најмалце што ми треба :) Да се убијам ако не пошто имам 33, толку, завршил животот за мене? :)

Во принцип највеќе ме интересираат мрежи, и гледав cloud ops академија на seavus. еден другар го учи тоа и мислам дека би ми одело, и би се посветил 2 години да го научам, ама од друга страна ме влече и фриленсинг и remote работа, таа слобода некако ми е предизвик да научам нешто друго што би можел да го работам, Python ми делуе интересно вака на прва ама пак, тоа што ми треба е инсајдерско инфо што е најбарано во професијата и со која професија најбргу може да се работи на џуниор позиција секако.

За што конкретно мрежи? Почекај не се убивај...

Ако е за инсталирање кабли не ти требаат 2 год. ако се посветиш на Cisco обратно го фаќаш возот, јас прво почнав со нив да работам, па фирмата во која што работев тогаш ми плати обуки, специјализации итн.

Сакам да кажам најди нешто што би можел да го работиш па почни од таму. Членовите ти дадоа забелешка затоа што на 33 години се прави обратно, работа па учење т.е. паралелно. Док рецимо со 15 год. бираш смер и после тоа бараш работа.
 

Глупав

On your way to fame
20 април 2008
947
587
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Ако најш обука за DevOps да речеме во Endava скоро имаше некоја нивна со бенефит... Со задоволство би сакал да делам Cloud Academy student account...
Сепак би бил поприбран и покултурно би рекол... Не дозволувај да те возат неискусни, или пред се неискусни во изразување (оти и тука си има марифет) затоа не прашувај никогаш секаде или внимавај каде прашуваш што... Послушај го Армак, мој совет... Не дозволувај да дојдат години каде ќе ти дадат шанса да напредуваш во тоа што не ти е пасија..
Social Networking-> Job -> Learning possibilities ( тоа е правецот од 30 нагоре, особено ако си финансиски зависен, а сите сне)... Поздрав што и да одлучиш среќно...
 

Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
270
282
Фала ти @Ulrezaj, фала @dangthe. @Sancho Sanchez малце дефетистички ми влезе а тоа е најмалце што ми треба :) Да се убијам ако не пошто имам 33, толку, завршил животот за мене? :)

Во принцип највеќе ме интересираат мрежи, и гледав cloud ops академија на seavus. еден другар го учи тоа и мислам дека би ми одело, и би се посветил 2 години да го научам, ама од друга страна ме влече и фриленсинг и remote работа, таа слобода некако ми е предизвик да научам нешто друго што би можел да го работам, Python ми делуе интересно вака на прва ама пак, тоа што ми треба е инсајдерско инфо што е најбарано во професијата и со која професија најбргу може да се работи на џуниор позиција секако.

Се гледа дека дефетизмот е веќе во тебе и тоа ти е уште еден проблем на кој треба да си работиш.

Јас ти ги прикажувам и двата исходи на најдиректен и најбрутален начин, можеш да се откажиш затоа што веќе имаш пропуштено 15 години искуство што требаше да го имаш досега, а ако стварно сакаш да програмираш можеш да вложиш неколку години интензивен труд и да ги надминеш 90% програмерите шо ги имат сите цертификати и искуства.

Ако стварно сакаш да станеш солиден програмер за прилично кратко време еве ти мој одговор на слична тема од пред неколку месеци: ФЕИТ vs ФИНКИ

Само што ги погледнав смеровите на електро, и КСИАР е дефинитивно заостанат и без фокус, а КТИ ми изгледа нај ок според предметите што се нудат, е сеа незнам колку ги бива, скоро 20 години сум излезен од факултет.

А сега пошто си прилично амбициозен за знаење ќе ти го дадам одговорот што стварно го бараш, ама е прилично неконвенционален и може да ти биде и преголем залак.

За стварно да ја научиш компјутерската технологија од најниско хардверско па до највисоко софтверско ниво ти ги препорачувам курсевите од типот на nand2tetris.

Во еден таков курс имаш неколку проекти што треба да ги изработиш:
  1. Прво дизајнираш логички кола за едноставни логички функции.
  2. После со тие логички кола дизајнираш процесор и меморија.
  3. Па си дизајнираш машински јазик за твојот процесор.
  4. Па си дизајнираш асемблер за твојот машински јазик.
  5. Па си дизајнираш стак ориентирана виртуелна машина за асемблерот.
  6. Па си дизајнираш објектно ориентиран јазик сосе компајлер.
  7. Па си дизајнираш и оперативен систем.
  8. И на крај си креираш игра што ќе игра на твојот компјутер.
Се разбира сите компоненти што ги креираш тука се ептен примитивни и служат само да го сфатиш концептот и технички што се случува under the hood.

За цел курс да го поминеш ќе ти треба можда цел семестар а може и повеќе само на него да си посветен да работиш.

Ама знаењето што ќе го добиеш вреди барем за половина факултет и ќе имаш неспоредливо подлабоко разбирање на сите опфатени области од било кој друг најдобар студент.

После тој курс сите опфатени предмети ќе ти бидат далеку полесни и поразбирливи на факултетот.

А дури би рекол може и факултетот ќе го завршиш во 2 наместо 4 години :).

После оваков курс можеш да продолжиш со изучување на мрежи и таму би ти препорачал да прескокниш традиционални web 2.0 cloud technologies и одиш дирекно на web 3.0 decentralized technologies (IPFS, blockchains, etc).
 

Ребро

Gaining Experience
18 ноември 2016
52
79
Фала ти @Ulrezaj, фала @dangthe. @Sancho Sanchez малце дефетистички ми влезе а тоа е најмалце што ми треба :) Да се убијам ако не пошто имам 33, толку, завршил животот за мене? :)

Во принцип највеќе ме интересираат мрежи, и гледав cloud ops академија на seavus. еден другар го учи тоа и мислам дека би ми одело, и би се посветил 2 години да го научам, ама од друга страна ме влече и фриленсинг и remote работа, таа слобода некако ми е предизвик да научам нешто друго што би можел да го работам, Python ми делуе интересно вака на прва ама пак, тоа што ми треба е инсајдерско инфо што е најбарано во професијата и со која професија најбргу може да се работи на џуниор позиција секако.
Прво, 33 воопшто не е касно да почнеш посериозно со компјутери.

Второ, треба да го најдеш стилот на курсот што ти одговара.
Например, курс кај што имаш предавања паралелно со примери и вежби кои треба да ги направиш мене најмногу ми одговара.

Имаше добри примери погоре, како например DevOps. Многу е барано и ќе се бара уште повеќе. Не е лесно ама ако се потрудиш, можеш да се стекнеш со основни вештини.
Ако научиш Python уште подобро.

Почни со некој курс кај што би се запознал со AWS екосистемот.
Например:
View: https://www.youtube.com/watch?v=ulprqHHWlng

Изгледај го пробувајќи ги работите. Ако го поминеш, не заглавиш и ти се гледа интересно тогаш можеш да преминеш на некој поконкретен DevOps курс.

Пример:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,174
Мислења
879,577
Членови
30,802
Најнов член
nestorosky_187
На врв Дно