1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најдобар буџет телефон

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од gokica, 4 Април 2019.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Човекот бара мало телефонче. Ги гледам сите буџет опции ама сите се 5 и кусур инчи, а најновите 6 и кусур. АКо има помало под 5 инчи супер. Ако не, тогаш екранот не е битен.

    Кој би бил најдобар избор во ценовен ранг до кај 8,000 денари.

    Благодарам.
     
  2. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,082
    543
    9 Мај 2012
    Машко
    Половен ајфон SE со 64 гига верзија , а за андроид тешко да најдеш за под 5” освен некои самсунг ј3


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Ајфон половен може да влезе во игра ама сепак прво разгледуваме нов телефон ако може.
     
  4. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,082
    543
    9 Мај 2012
    Машко
    Самсунг ј3 и алкател тие се едвај 5” и со мала рамка


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,545
    20 Јануари 2015
    Машко
    mdeni, gokica, Banjifiko и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    960
    1,473
    13 Јануари 2014
    Машко
    За тие пари ако се гледа само на ново, можда некој Redmi, се останато е апла кинезарија од типот на Blackview и Doogee, од кои јас лично би бегал ко од оган. Redmi веројатно имаат пристојни модели за таа цена, ама јас искрено не ги знам.

    Од друга страна, ако има шанса малку да се протегне буџетот, има Samsung J5 2017 за околу 9,000 денари, кој иако е малку постар како модел, има солидни перформанси и изработка, како и екран од 5.2". Сестра ми користи таков веќе две години и никогаш немала проблем. Исто така, што ме изненади, го нема она очекуваното успорување на Android телефон после година, година и пол. Уште работи како првиот ден.

    Или пак, Xiaomi Mi A2 Lite, што е одличен телефон, ама е 25% над буџетот и има голем екран (5.84").
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    294
    234
    1 Февруари 2017
    Машко
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    А што е со М10 на самсунг ако го занемариме големиот екран?
     
  9. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,963
    4,112
    28 oктомври 2008
    Дома имам и Ј5 2017 и А2 lite и двата се исти по големина. Така да дијагоналата на екранот нешто посебно не менува, посебно кај поевтините (или постари) телефончиња бидејќи имаат поголема рамка.

    (Испратено од Mi A1 Radioactive)
     
    goce03, fuzzjaw и на gokica им се допаѓа ова.
  10. Krk198

    Krk198
    Gaining Experience

    145
    154
    14 Септември 2016
    Машко
    Веќе треба да се гледаат димензиите на уредот, не големината на екранот. Еве мојот Honor 8x со 6.5 инчен екран е ист во големина со iPhone 8 plus со 5.5 инчен.

    J6 од Ледиком е најдобра опција според мене.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,994
    3,976
    18 Септември 2013
    Машко
    +1 за iphone SE, можда и може нов негде да се најде? сепак тој форм фактор никаде нема да го најде, а има најнови апдејти и за тој телефон.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    476
    332
    22 Март 2016
    Машко
    Над буџет е,но е под 5 инча екран...
    Samsung Galaxy A3 (2017) | Ledikom

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,228
    4 Септември 2008
    M20 ако може да се истегне буџетот.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
    Најдобар избор дефинитивно, истиот го мислев.

    Премиум изработка (alu + glass), IP 68 dust/water proof, GG4, AOD, солиден чипсет, одлични камери, компактен.
     
    toshex, gokica и на kristijan_m75 им се допаѓа ова.
  15. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,294
    917
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Јас би малку над буџет за топ телефон за тие пари Mi A2 Lite – Mi Store 5.8" ама 80% screen to boy ratio има.
    Најдобро за големината во живо, на рака да се провери.

    Ми се свиѓа чист андроид телефон, посебно кај буџет варијанта за да се избегне лошата оптимизација кај послаби телефони со custom UI-а.

    Друга варијанта, провери, има доста други буџет уреди кај нас со Android one Android One: Secure, up-to-date and easy to use.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,228
    4 Септември 2008
    2gb рам не.
     
  17. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,054
    647
    28 ноември 2015
    Машко
    Xiaomi a2 lite
    Оперативниот систем и апдејти екстра за таа цена.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Бевме во Ледиком. Морам да кажам дека го делам мислењето на човекот а тоа е Самсунг М10 изгледа најубаво од сите буџет самсунзи. Тенок и лесен како лист на ветрот.

    Овие другите се како цигли кои ги прегазило времето. А3 по спецификации ми прави најмногу мерак ама кога го видовме во живо се разочаравме и двајцата. Јес дека е буџет категорија, а сепак метал, амолед итн. ама грдичок со огромни рамки и дебел како тотлак. И Ј6 не е далеку. Можда ќе земеше некој од овие два ако не го видеше М10. Ама со него заврши прикаската.

    Само што е ептен голем екранот на М10 па ќе разгледаме уште еднаш плус и некои други опции.

    Разгледа и Ајван СЕ ама во ледиком забегале со цената. Половни се 150 евра.
     
    Sharlovski, omegaRED, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,054
    647
    28 ноември 2015
    Машко
    Имаш Headphone Jack
    Имаш 4000 Mah батерија
    Имаш Google one OS нема bloatware јас имам А2 и батерија се пуни за 50 минути.
    Имаш доста добра камера
    Брз е за секојдневна употреба.
    Mi A2 Lite – Mi Store
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Ги имам баш тие, Galaxy A3 (2017) и J5 Prime (2017).

    Во брзина ми изгледаат баш исти, АМА
    - J5 нема blue light filter - лично многу ми значи ова, на некој друг можеби не
    - J5 нема она fast charging или како точно го викаат. A3 полни батерија за 40 минути, J5 за 2 саати.

    И двата доста добро држат батерија инаку, со оглед на тоа како се користат.
     
    На olikomerc и gokica им се допаѓа ова.
  21. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,963
    4,112
    28 oктомври 2008
    J5 Prime 2017 e пониска класа телефон од J5 2017. Има IPS (5.0'') наместо AMOLED (5.2''), има послаб процесор и помала батерија (2500 mAh). J5 2017 има Night mode (bluelight filter). За жал нема quick charge.
    Жена ми го користи Ј5-та, и тоа најинтезивно што се може: разговори, FB, Candy crash и слично, и после скоро две години се уште има преку 6 часа SOT.
     
    На Oliver! и olikomerc им се допаѓа ова.
  22. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Ова ептен ме јаде последниве години, сите што се со подобри перформанси се како скејтборд. :)
    А пусти ајфон - скупо! :D
     
  23. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,963
    4,112
    28 oктомври 2008
    Аман бе... Јас на женска и имам раскинато зашто возеше голф. Па ако и видам и ајфон во рака...ни глава не вртам по неа...:carefree:
     
  24. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Зезам по малку... да имам илјадарка сигурно ќе отиде на гитара, а не телефон :)
     
    На Banjifiko и VerGer им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...