1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Најдобар бренд на DVD±RW драјвови

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Speedy, 18 Јануари 2011.

Најдобар бренд на DVD±RW драјвови

  1. ASUS

    27.3%
  2. BenQ

    1.8%
  3. Lite-On

    1.8%
  4. LG

    20.0%
  5. Plextor

    12.7%
  6. Pioneer

    7.3%
  7. NEC

    5.5%
  8. Samsung

    9.1%
  9. Sony

    5.5%
  10. Philips

    9.1%
  1. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    605
    206
    21 Август 2010
    Машко
    Малку луѓе се во дилема кога станува збор за купување на DVD режачи, бидејќи на повеќето и не им е битен квалитетот на оптичкиот уред кој ке го купат. Но ако сте од оние кои нон стоп прават бек-ап од хард-драјвовите, тогаш битно ви е копијата да биде втисната на ДВД медиумот без грешки и без многу нервози..

    Од оваа анкета сигурно ќе добиете претстава за она што се увезува во нашата земја и ќе ви помогне при пазарањето на DVD оптички уреди..

    Слободно можете да споделите и искуство..
     
  2. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    286
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Порано многу режев цд-иња, сега се чувам на портабилни хардови, така да одамна немам прегорено цд-ром и не сум во дек. А ме интересира што се случи со Тeac, дали сеуште произведуваат цд-роми ? Знам навремето тие беа најдобри, пред 8 години негде купив Teac режач (9000 ден го платив знам тогаш), тој и ден денес си работи и со него сигурно имам изрежано преку 1000 цда. Во меѓувреме имам прегорено 2 самсунг (животен век по 6 месеци им беше), 2 LG (животен век по 1 год им беше), знам pioneer важат за добри иако мојот прегоре за 1 месец, но сепак мислам дека се добри, дека мене ми се погодил некој фабрички лош. Plextor никад не сум пробал (увек се најскапи), а многу луѓе ги сметаат за најдобри, али дефинитивно нареден пат тоа зимам.
     
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    5,756
    10,390
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Teac CD режачи беа добри сѐ до некаде х40 - потоа ги упропастија (механизам од друг производител).

    Исто со Plextor DVD режачи - до некаде х8 беа врвни, после само просечни (а останаа скапи). И по толку години, сѐ уште се мислам дали вредеа 200 марки или евра, шо и да беа, шо ги пукнав за него, иако сѐ уште си работи човекот (режачот :p). Излезе дека ретко го користев и тие пари можеби ќе ги употребев попаметно.

    Слично и Pioneer и Nec (DVD) до таа брзина беа многу добри, а после нешто не слушав многу пофални работи за нив (со овие немам директно искуство). Веројатно сѐ уште се добри, но далеку се од тоа што беа - поединечни модели беа референтни драјвови за својата генерација.

    Lite-On беа познати по програмот kprobe, но не знам колку е тој корисен, освен за ептен манијаци по режење. А и не сум ги користел драјвовите лично.

    Тоа е тоа - денес се смета дека DVD технологијата го има поминато својот врв и никој не се труди да направи нешто поквалитетно или, не дај Боже, да истражува/инвестира во подобрувања на технологијата. Тоа е одамна потрошна стока.

    Од овие што ги има кај нас, а со кои сум се сретнал, со LG сум немал никакви проблеми - си работат коректно, а и малку подобро читаат оштетени DVD-ја од некои други. Optiarc = чести проблеми. Колку што се сеќавам, Optiarc беше заедничка фирма на Sony и Nec (или Samsung). Asus = сум се сретнал, но не можам да кажам нешто ни добро ни лошо за нив. Не ми оставија впечаток.

    М
     
  4. overrated

    overrated
    Intern

    191
    4
    8 Мај 2008
    Машко
    јас имам два LG дома, едниот несака да се отвара па морам со иглица(стар година дена) а другиот работи, ама од време на време има проблеми(не чита добро)
    другар има Plextor и е доста задоволен, освен од цената.
    Optiarc имам во лаптопот и престана да работи, исто за нив сум слушал лоши работи :ua:
     
  5. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,315
    5,191
    24 Март 2009
    Машко
    Овој NEC што го имам моментално е стар 5 години, што мислам дека е солидно за DVD режач. Но пред година дена се расипа и не сакаше да чита и реже обични ЦД дискови, додека со ДВД дисковите немаше гајле, па бидејки јас и тогаш користев значително повеке ДВД одколку обични ЦД дискови и не ми беше многу важно што се расипа. Но во последниве 2 месеци како што гледам почна и ДВД дисковите да ги расипува при режење, па мислам дека дошло време за нов.
    Комшиката :baknezh: има Asus режач и имам пофални зборови за него. Дисковите ги снима прилично брзо и што е најважно без грешки, а сниманите брзо ги вчитува. А и на интернетот имам читано добри зборови од корисниците на Asus. Така да сигурен сум дека и мојот нов режач ке биде Asus.
     
  6. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,450
    3,309
    11 Декември 2008
    Машко
    Pioneer, Asus, LG, Nec, Samsung, сите се добри :)

    Моментално имам Pioneer и Asus, купени пред околу 2 ипол години, сега веќе никаде не гледам по ценовници Пионир, ако би земал сега Asus или LG.
     
  7. maci

    maci
    On your way to fame

    2,905
    633
    2 Април 2008
    гласав за пионир бидејќи отварал и режел се.но при мала пормена на напон ми има страдано еден од серијата 111.моментално сум на самсунг и до сега сум задоволен.
    би гласал и за него.
     
  8. ки4ма

    ки4ма
    Intern

    234
    17
    21 Февруари 2008
    Машко
    ја нема да гласам зашто го нема optiarc а тоа ми беше изборот. Да беше анкетата кој од наведените никогаш не би го купил полесен ќе ми беше изборот.
    Искрено да ви кажам до пред да купам портабле хард дискови режев по околу 500 двд месечно и режачите ми рикаа во просек по еден годишно. Сега цд немам изрежано многу одамна, и ако режам тоа е за некој друг, така да по мене темата е промашена, зашто ако удрите математика никој никогаш повеќе не би изрежал це де дури и ако има потреба.
     
  9. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,315
    5,191
    24 Март 2009
    Машко
    ^:S грешка си. Како не би режел ако има потреба? :S
     
  10. silent_demon

    silent_demon
    Intern

    45
    2
    1 Јануари 2011
    Јас имам 2 ASUS режечи. Едниот е стар 2 години, а другиот 3 или 4 не сум сигурен. Имам изрежено многу DVD-a на нив и сеуште тераат. Досега немам имано проблем со читање или расипување на DVD.
     
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,006
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Си го додавов филипс во анкетата пошто за него сакав да гласам :)
     
    1 person likes this.
  12. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,020
    1,658
    30 Мај 2010
    Штом си го додал Philips тогаш ќе гласам и јас.
    Порано користев ASUS и може да се каже дека беше добар. Единствена маана му беше тоа што сакаше перфектно чисти и неоштетени цд-а, додека кај Philips тоа не е така.
    Инаку да додадам дека еден мој пријател има DVD-ROM Philips кој што чита без разлика колку е оштетено цд-то. Не знам што е финтата, ама до сега нема цд кое не го чита.
     
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,106
    9,652
    13 Јуни 2009
    Ете опција и за мене.
     
  14. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,319
    1,367
    6 Февруари 2009
    Мислам дека на темава не и е местото во...........................................2011 година. :D

    Шала на страна.

    После инвазијата на нетбуци, а сега и таблети, после првите лаптопи кои оваа година нема воопшто да имаат драјвови, очекувам дека следната година ќе биде последна во која тие ќе доаѓаат фабрички вградувани во лаптопите, а следствено на тоа смртта на двд-драјвовите во компјутерите ќе следи, како што на времето умре флопито.

    Стримингот, клаудот и стиковите се иднината.
     
  15. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,099
    20 Април 2007
    Машко
    По мене едни од најдобрите се Пионер, Плекстор и ЛГ. Далеку од тоа дека другите се лоши, но можам да кажам дека се едно скалило подоле...Многу испреплетени работи се случуваа со договорите и корпорациите кои ги направија големите брендови...Така да се е релативно...:bravo:

    едит: Гледам никаде го нема TEAC. Тикот своевремено беше еден од врвните режачи...Дома го имам се уште и е на SCSI контролер...6 брзински резач и нема никаков проблем...Незнам колку е стар...Гледам во анкетава Асус...Подобро ке беше кој има Асус режач да напише... :LOL:
     
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,106
    9,652
    13 Јуни 2009
    BTW докторе дали да земам еден блу реј за складирање?

    Иако не е темава за оваа работа сепак да те прашам за совет зашто сум со ниет да дополнам некој ХДД како визба за податоци во машинава ама пак си мислам блу реј да не му е мајката. А воопшто не сум се заинтересирал за него откако излезе па немам многу податоци и факти за блу реј - како се покажува и колку е исплатлив да се купува сега. Фала и извинување за офтопик.
     
  17. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    566
    132
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Кај мене пак математиката е многу проста, додека имаше бели режачи све одеше како подмачкано, кога излегоа црни немав некое убаво искуство ( година дена максимум асусот )
    механизмот не работи, не чита ЦД-а, сега имам нов самсунг ( полош не сум видел, ке сватев да почнеше да не чита цд-иња обични после некое време, но да не чита уште од старт?? )
     
  18. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,264
    2,812
    4 Септември 2008
    Зар некој уште користи ова?
    Толку се ниски цените што веќе самиот уред стана потрошен материјал, повеќе не е ни битно фирма и квалитет. Да го имаш за да инсталираш оперативен систем и толку, је да и тоа може да се избегне.

    Јас би прашал кој е најдобар производител на BR-RW, е тоа е веќе ново што тек сега станува подостапно?
     
    1 person likes this.
  19. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,381
    350
    5 Јули 2009
    @SaleSk јас гласав за Asus и имам Asus 24B1ST, досега имам снимено и наполнето 7 или 8 папки за ЦД-а кои собираат по 50 внатре (mix од DVD-a и CD-a) сосе сите што сум ги снимал за другари и слично одприлика 500 до сега и немам никаков проблем, ова се случува во рок од 7 и нешто месеци а претходно имав Pioneer DvD-RW и тој по година дена одприлика несакаше да снима DvD-a, со TSST имам исто така добро искуство, од инсталирани 30-40 снимачи дали се вратени 1 или 2 на сервис (во гарантен рок), меѓутоа како Asus-от што ми се погодил до сега ниту еден друг немам сретнато:bravo:
     
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,006
    23,445
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ја ќе речам како ќе ви се погоди.Имам еден филипс и еден нонејм ром двата ми се на компјутерот...тој нонејм ми е прек 6 години стар има миљарда цедиња изрежано и сеуште работи како подмачкан....
     
  21. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,381
    350
    5 Јули 2009
    анкетава е малку дискутабилна во поглед на тоа што кога дискутираме за квалитетот на таквите уреди треба да се напомене на каков систем (во поглед на напојување), колку често се употребува истиот , квалитетот и марката/моделот на медиумите што се употребуваат при читање/снимање и слично, јас на пример го употребувам доста често и тоа повеќето на двд-а меѓутоа дали се погодиле 2-3 медиуми кои биле во класа на Princo или некои си нонејм, најчесто употребувам Verbatim DvD-а, и тоа до некаде игра улога, сакам да кажам доколку му направите лоша околина (често снимате, на понеквалитетни медиуми и слично) поголеми се шансите побрзо да се расипе
     
  22. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,020
    1,658
    30 Мај 2010
    Можеби е така, ама јас на Philips-ов дали 30 цд-а имам наснимано Verbatim. Се друго е Princo и еве го веќе година ипол нема гајле (пу, пу да не го урочам :D). Напојување е најобично Delux од 500W.
     
  23. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    161
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Si glasav za ASUS poso od site DVD RW so sum gi imal dosega samo ovoj me nema razocarano.Za Philips i Pioneer slusam samo pofalni zborovi no nemam iskustvo so niv :)
     
  24. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,099
    20 Април 2007
    Машко
    Се е релативно...Во моментот по моите сознанија кои ги црпам од бунарот на гугл се зборува дека флеш мемориите се најдобар медиум за чување на податоците...
    Искрено ја се уште ставам на добри ДВД медиуми, од типот на Maxell, TDK, Verbatim, Memorex... И некој од самите производители пишуваат за трајноста на податоците...
    Многу често се случувало да ми бидат празни Принко ДВД-ја на кој сум снимал само филмови...:D
     
  25. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,315
    5,191
    24 Март 2009
    Машко
    Далеку е тоа од нас. Инаку се сложувам дека судниот ден на oптичките уреди е блиску, но не преблиску. На пример јас скоро секоја недла снимам по одприлика 2 ДВД-а со XviD филмови за да ги гледам на ДВД плеерот, и околу 1-2 ДВД-а на 2-3 месеци со програми. Да имаше мојот ДВД плеер УСБ порта јас ке останев на 1-2 ДВД-а на 2-3 месеци. Како што ЦД-ата беа замена за флопи дисковите, така УСБ драјвовите ке/се бидат замена за ЦД/ДВД дисковите. Останува уште и оперативните системи да ги прават нативно да можат да се инсталираат од УСБ и крајот на режачите е тука.

    BD дисковите/режачите никогаш нема да успеат ни приближно да ја допрат славата на ЦД/ДВД. И тие ке бидат заменети со УСБ во истото или приближно време како и ЦД/ДВД урдите.
     
    1 person likes this.

Сподели

Вчитување...