1. Гледаш во спецификациите колку ампери влече бојлерот, потоа гледаш колку е максимумот на каблажата во бањата каде сакаш да го инсталираш бојлерот. Но генерално, ако специфично не е нагласено дека има ожичување за такви моќни потрошувачи: најверојатно ожичувањето нема да може да издржи толку ампери. Во тој случај ќе треба да менуваш струјна инсталација до бојлерот.Две прашања:
1. Живеам во зграда што ми треба од аспект на електрика за да монтирам проточен?
2. Како се носат проточниве со скопскава тврда вода?
2. Има разни искуства, моето за сега е so far so good, 3-та година со Siemens DH 24100. Но помалку од 10 години, тоа не е репрезентативно искуство. Треба повеќе. Како што кажаа погоре модели со бакарни цевки се подобар избор од модели со пластични цевки - причината е во тоа кога ќе затреба да се чисти бигорот/каменецот, бакарните цевки наводно имаат повеќе шанси без оштетување да ја издржат процедурата на чистење. Негативната страна е што моделите со бакарни цевки имаат механичка контрола на температура на водата, или мене ако ме прашаш тоа е предност. Секој со своите потреби и размислувања.
Нема проблеми за полнење када. Ја полни. :hay:Дечки, како се однесува проточниот бојлер кога 1-2 во неделата треба да наполниш 160х70цм када? Дали ќе потроши помалку струја од класичниот за таков подвиг или повеќе?
Сериозно, тоа за трошењето зависи од неколку работи. Класичните бојлери, ако не ги искористиш кога ќе ја загрееш водата - потоа водата се лади (пошто изолацијата на казаните за вода и не е ништо посебно). Кога водата се лади имаш финансиски загуби. Е сега ако водата ја искористиш веднаш после загревање, тогаш немаш такви загуби. Но за такво користење треба пазење, чекање да се загрее водата, итн. Со проточен бојлер ако сакаш да бидеш економичен, едноставно само ќе почекаш да дојде евтината тарифа на струја.