• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Најдобар бојлер кај нас

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.451
4.854
SK
...наместо малтретажата со отворен систем, треба да се стави затворен систем или фотоволтаици. Паталец јбг.
Помалку малтретирање ќе имаш да, но сеуште ќе има моменти како менување антифриз, и елементи кои се расипуваат/сервисираат... Отворен систем со drain back му е мајката, односно би бил кога би имало некој да го работи овде. Прогуглај го малку.
 

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.022
4.861
90000-12000 така нешто не е лошо, па пошто е и голема литража можеш и да поиграш да работи навечер (ваљда) итн.

Ама баталив. Си ставив омекнувач на вода.
 

fis1976

Practice makes perfect
15 март 2016
561
1.100
Скопје
Повеќето од коментарите овде се high end или поскапи решенија, јас да пишам за едно поевтино (поевтино како првична инвестиција) и инстант решение. Зошто не отидов на поскапа варијанта тоа е друга приказна, муабетот е мое искуство со проточна чешма. Не најдов посоодветна тема, ако постои преместете го мислњето.

Отиде бојлерчето во кујна (пак грејач за 8-9 месеци од менување) и реков ќе земам проточна чешма. Изборот падна на MUHLER FWH-3053FW, земена пред десет дена и еве да пишам импресии. Иако пишува дека е 3200W грејачот влече 3500W. Како што знаете на вакви уреди снагата е фиксна така да чим вклучи грејачот потрошувачката е иста и на јак (поладна) и на слаб млаз (пожешка вода). На најјак млаз на топла вода температурата е таман за миење садови а и млазот е довојно јак. На најслаб млаз добивате доволно жешка вода за попарување со тоа што малку и ќе почекате пошто млазот е послаб во споредба со обично бојлерче.

Потрошувачката за овие 10 дена во просек е испод 2KW на ден (1.85W поточно ама еве нека е на округло 2), што би дошло негде околу 30-35 мин. ефективно користење во текот на денот, 85 ден. неделно или околу 340-350 ден месечно (со ддв
:)
). Дали е воопшто и колку е поекономично од обично мало бојлерче од 1500W-2000W не знам пошто немав мерено потрошувачка кога го имав бојлерчето.

Прашавте за туширање дали ќе е ОК? За туширање не сум пробал, не ме собира во умивалникот во кујна, ама за коса миење ќе ја биде :)

Секој дом е приказна за себе и секоја потрошувачка ќе е различна ама ваши искуства и мерења за споредба се добредојдени!
 

Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.279
8.861
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Изборот падна на MUHLER FWH-3053FW
И јас земав некоја MUHLER, не знам точно кој модел и се е така како што опиша, еве една година си работи без проблем, ја отварав да видам дали има бигор на греачот, апсолутно ништо немаше, греачот не е бакар туку некој прохром или инокс појма немам не се разбирам баш. Како и да е супер е за 50 евра.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.407
16.514
но сеуште ќе има моменти како менување антифриз, и елементи кои се расипуваат/сервисираат...
Антифриз еднаш на 7-10 години под услов да е квалитетен (Total или друг познат бренд)
Квалитетен електромоторен вентил, пумпа наменета за соларно и бакарни цевки = минимум 20 години да не чепнеш.
Електрониката ти е „колку пари толку музика“. Ништо фенси не е потребно. Да знае односно да може да се подеси „Делта Т“ (на колку степени разлика да се уклучи пумпата) и да покаже температура на болјер и колектор.

Колектор со селективен абсорбер (во лето топли и на облачно време од UV зрачење) кој има стакло со микро призми.
Свртен на југ. Ако е атестиран и проверен температура на стагнација има 250 степени. Во превод, ако снема струја антифризот во него ќе треба да крене над 250 степени пред да избие на сигурносен вентил (кој е на колектор)

Направив комплетна промена на старите колектори со нови, современи и целосна замена на болјерите и цевките со бакарни (значи се ново)
6 колектори од по 2,5m2 и 4 TING болјери од 120L. Температурата во болјерите оди до 95 степени во јули/август.
Во јануари на сончев ден и надворешни минус температури ги загрева до 55 степени.
Како што кажав претходно, се над 40 степени бара догревање од половина час.


Единствена инвестиција која си ги враќа парите до денар.

Кај овие системи од клучно значење е колекторите да бидат свртени на југ. Ако се на југо-запад го губиш топлењето во зимо. Ако се на југо-исто губиш ефикасност во лето односно губиш се.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.451
4.854
SK
Сам го правеше/монтираше ова?
Ај ако не ти е тешко постирај листа од компонентите, пошто сигурно си разгледувал/истражувал па чисто да биде како репер за поквалитетни компоненти на пазаров. Колку чинат колекторите/панелите? Имаш некоја сума од чинењето на целиот систем?

4 болјери од 120L? Абе како некој термален бафер ги користиш зиме, или ~480 литри топла вода имате пикови потрошувачка имате дома??
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.407
16.514
Сам го правеше/монтираше ова?
Ај ако не ти е тешко постирај листа од компонентите, пошто сигурно си разгледувал/истражувал па чисто да биде како репер за поквалитетни компоненти на пазаров. Колку чинат колекторите/панелите? Имаш некоја сума од чинењето на целиот систем?

4 болјери од 120L? Абе како некој термален бафер ги користиш зиме, или ~480 литри топла вода имате пикови потрошувачка имате дома??
Таман работа сам да го монтирам сето тоа.

Моите колектори се од фирмата „Зрак“ од Прилеп

Euroterm ги изработува исто така. Колекторите од двете фирми се (а)тестирани според ЕУ стандарди. И двете фирми монтираат низ западна Европа.
Најчесто во Чешка. Овие другиве немаа потреба од колектори затоа што користеа гас скоро за без пари. Како што сите гледаме таа ера за нив е завршена.


Остатокот од системот се состои од очигледни работи како болјери, бакарни цевки, електромоторни вентили и електроника која ги контролира нив и пумпата + експанзиони садови.
Овој зафат си бара професионалци. Не е DIY.
Еднаш наполнет и обезвоздушен, системот си работи автономно без никакви интервенции од страна на корисникот.

Последно кога се распрашувавме за другар ми еден колектор чинеше околу 12.500 ~ 13.000 но ова беше кога цените почнаа да рипаат нагло и непредвидливо. Сега мислам дека се стабилизирани ама не се како што беа.

Јас старите со сегашните ги променив пред 7 години. Аплицирав за субвенции, добив и таа сума ја искористив за купување на клими.

За жал кај мене (нас) немаше простор за поставување на бафер иначе тоа ќе беше идеална комбинација. Бафер од 1200 литри кој ќе ти ја држи водата некаде на и над 40 степени па во лето имаш минимум 3-4 дена топла вода на апсолутно облачен и врнежлив период (како годинава што се случи во неколку наврати) а во зима сето тоа фино лепо поврзано на парно.

И сега, вака како што е, допринесува кон значителна заштеда при топлење. Голем дел од енергијата од парното оди за загревање на санитарна вода.

Од друга страна, колекторите со стаклени цевки популарно наречени „кинески“ развиваат далеку поголеми температури но кај нив рак-рана се гумиците околу цевките (каде што се насадени)
За сето тоа да биде во ред, самите гумици треба да се изработени од силикон или материјал кој е отпорен на UV зрачење (мене не ми е познат таков) а самото стакло отпорно на град.

Квалитетни колектори со цевки се еднакво или поскапи од рамните. Нема бесплатен ручек

*4x120L = 3 спрата + деловен објект (ординации, лабораторија итн.)

Да не се повторувам. Ние, како фамилија, користиме ваков систем 30+ години. Вреди секој денар. Секој што има можност треба и пожелно е да инсталира вакво нешто.
 

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
3.163
1.959
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.407
16.514
колку е големо тоа (ваљда кубик ама плус/минус?)
Физички димензии отприлика 1,9m висина и 1 метар во пречник.

Во реалност бара околу 1,5 метар во ширина заради цевките кои можат да бидат од лева или десна страна и минимум 2,1метри висина заради постољето.
 

Magical

Gaining Experience
15 август 2008
294
335
Имам аристон бојлер од 80 литри, од време на време ми протекува вода на сигурносен вентил, на бојлерот пишива 8 бари, дали можам да ставам сигурносен вентил од 10 бари? Благодарам
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.407
16.514
Имам аристон бојлер од 80 литри, од време на време ми протекува вода на сигурносен вентил, на бојлерот пишива 8 бари, дали можам да ставам сигурносен вентил од 10 бари? Благодарам
не туку да го промениш со квалитетен
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.407
16.514
Ми нудат од 10 и 12 бара као тие ги купувале мајстори, не можам да најдам од 8...
Продолжи да бараш. Не е во тоа поентата. Ако е атестиран на 8 бари тогаш треба да ставиш од 8 бари.

Нема играње со бојлер. Тие вентили се менуваат и превентивно
 
25 септември 2009
19
20
Проточен бојлер Bosch или Stiebel?
За во купатило ми треба, 15/18 ќе заврши работа? Електронски или хидрауличен? На што друго да внимаваме при купување?

тнх
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
691
628
stiebel (колку се сеќавам тука негде беа со цена со бош)
инсталација треба да имаш како треба
Проточен бојлер Bosch или Stiebel?
За во купатило ми треба, 15/18 ќе заврши работа? Електронски или хидрауличен? На што друго да внимаваме при купување?

тнх
 

Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
402
410
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X + Deepcool Gammaxx 400 V2
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL17
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
stiebel (колку се сеќавам тука негде беа со цена со бош)
инсталација треба да имаш како треба
Зошто тие а не Бош?
И јас сакам да земам и ме интересираат баш прашањата поставени погоре, ако имаш искуство сподели.
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
691
628
пред да земам доста истражував,
штибел откако постојат (~100год) се бафтаат само со бојлери + се произведуваат во Германија

бош го купија сименс делот за проточни и плус пред тоа мислам дека имаа модели, моја меморија кажува дека се инфериорни

1,5 година користам штибел 18,21,24 и немам замерка
Зошто тие а не Бош?
И јас сакам да земам и ме интересираат баш прашањата поставени погоре, ако имаш искуство сподели.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.451
4.854
SK
Не можам да кажам кој е подобар меѓу Сименс и Стибел (ваљда зависи и од моделите што ќе се споредуваат), но можам да кажам дека Симес се прилично добри проточни бојлери судејќи според моето искуство и на неколку пријатели/колеги.
 

Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
402
410
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X + Deepcool Gammaxx 400 V2
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL17
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
Не можам да кажам кој е подобар меѓу Сименс и Стибел (ваљда зависи и од моделите што ќе се споредуваат), но можам да кажам дека Симес се прилично добри проточни бојлери судејќи според моето искуство и на неколку пријатели/колеги.
Колку kW се доволни?
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3.451
4.854
SK
^^ Со температурите на скопската вода, би рекол 18-20кв се сосема доволно. Нормално зависи и од локацијата, некаде ако цевките се поплитко закопани зимно време поладна ќе биде водата на влез во бојлерот. Ако си во зграда, и тоа на повисоко од приземје, тогаш и помалку киловати ќе завршат работа. @Ivicakmk
 

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.022
4.861
А никој ли не уклучува малку логика и кај нови станови и слично кај што има можност да си стави салам бојлер 150 литри Тинг Инокс, па да си стави тајмер од 22 до 07 да си се пали, па да си ја накриви капата малку настрана... Блокови ставаат, струја качуваат, не, не, и не да се размисли за вакво решение. Зборувам како најефтина возможна иницијална инвестиција, инаку секако дека бојлер со топлинска пумпа е решението ама со многу висока иницијална инвестиција.

Какви проточни, какви бакрачи.

И секако омекнувач на вода за цел стан.
 

Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
402
410
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 5800X + Deepcool Gammaxx 400 V2
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL17
Video card
Asus TUF RTX 3070 Ti
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro
Monitor
Dell S2721DGFA / BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
^^ Со температурите на скопската вода, би рекол 18-20кв се сосема доволно. Нормално зависи и од локацијата, некаде ако цевките се поплитко закопани зимно време поладна ќе биде водата на влез во бојлерот. Ако си во зграда, и тоа на повисоко од приземје, тогаш и помалку киловати ќе завршат работа. @Ivicakmk
Се работи за стан во зграда, дали тоа значи дека и 15 би биле доволни?

А никој ли не уклучува малку логика и кај нови станови и слично кај што има можност да си стави салам бојлер 150 литри Тинг Инокс, па да си стави тајмер од 22 до 07 да си се пали, па да си ја накриви капата малку настрана... Блокови ставаат, струја качуваат, не, не, и не да се размисли за вакво решение. Зборувам како најефтина возможна иницијална инвестиција, инаку секако дека бојлер со топлинска пумпа е решението ама со многу висока иницијална инвестиција.

Какви проточни, какви бакрачи.

И секако омекнувач на вода за цел стан.
Кај мене проточен е најдобра опција заради затоа што алтернативата е клаустрофобично wc или да го сместувам некаде надвор од истото што не ми текнува ни на крај памет. Така да не е се црно или бело како што размислуваш.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43.845
Мислења
911.527
Членови
32.578
Огласи
808
Најнов член
Vaskou
На врв Дно