- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
World-Wide Web Consortium (W3C) - непрофитната организација којa е одговорна за стандардите на интернет ја најави првата работна прототип верзија која ќе го наследи сегашниот HTML стандард.
Наречена е НTML 5 и содржи значајни промени во својата структура. Во новата верзија промените генерално се однесуваат на интернет мрежата, која би требало да се претвори во една подобрена глобална мултимедијална платформа. Идејата за HTML 5 датира од 2004 година, кога таа беше предложена од Web Hypertext Application Technology Working Group (WHATWG).
HTML 5 ќе донесе нови веб-базирани апликации за реализација на динамичка двојна содржина на страниците, подобри начини за вградување на видео и плус уште многу опции и тагови за едитирање, комуникација, складирање на податоци и подобро управување со грешките. Старите верзии на стандардот и понатаму ќе продолжат да бидат подржани од броусерите за извесно време, а можеби тоа би било и засекогаш.
Повеќе за стандардот може да прочитате на W3C и WHATWG.
Извор: Makpcworld