• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Надворешни PC конектори

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,126
27,391
kalco.ru
Поврзувањето на периферните уреди со компјутерското куќиште за почетниците изгледа премногу комплицирано иако најголем дел од каблите кои треба да се поврзат, можат да влезат само во едно дупче. За да не се чудите што треба да направите кога ќе треба да го поврзете компјутерот, кога истиот ќе си го земете од сервис, еве кои сe конектори и соодветни кабли најчесто се наоѓаат, односно приклучуваат на задниот дел од куќиштето.

USB

Universal Serial Bus или USB конекторите се правоаголни конектори кои се дизајнирани за да овозможат поврзување на екстерни уреди кон компјутерот, како компјутерско глувче, тастатура, надворешен хард диск, дигитална камера, VoIP телефон, печатач и многу други. Заради постоењето на двете различни верзии од оваа порта, многумина се збуните, очекувајќи конекторите за USB 1 и USB 2 портите да бидат различни. Такви разлики не постојат. Постојат повеќе физички различни USB конектори, а нивниот изглед варира во зависност од тоа кои уреди треба да се поврзат со него. Така и постојат USB конектори од тип А, тип B и од тип mini-USB.

Firewire

1ЕЕЕ-1394, iLink или Firewire, сe се тоа имиња за една иста порта која нуди сериски интерфејс на поврзување на различни хардверски додатоци со компјутерот. Достапна е во две верзии, од кои едната е претставена со 6 пински конектор, а другата е претставена со 4 пински конектор. Визуелни разлики помеѓу двете порти постојат, а наједноставно разликата ќе можете да ја направите ако запомните дека помалата Firewire порта е секогаш 4 пинска, додека пак поголемата секогаш 6 пинска.

PS/2

PS/2 портата е една од најзабележливите порти на задниот дел од куќиштето, затоа што сe почесто е обоена во различни бои, па лесно се разликува од останатите порти со кои располага компјутерот. Стандардно, секоја матична плоча располага со две PS/2 порти, кои се буквално идентични, но се обоени во различни бои, за корисникот да не се збуни во која порта му бил приклучен уредот кој го отстранил, и сега повторно сака до го врати. PS/2 е стандардизирана порта за компјутерските тастатури и глувчиња и не се користи за ниедни други екстерни уреди. Денес речиси кај секоја матична плоча едната PS/2 порта е со резеда боја, а другата е со виолетова.

Mini D-Sub

Mini D-Sub или синиот трапезоид кој се наоѓа во подолните делови од куќиштето е конекторот на кој секогаш го приклучуваме кабелот од мониторот, се разбира доколку тој соодветствува со D-Sub конекторот. Секој CRT монитор поседува 15 пински Mini D-Sub конектор, но секој LCD монитор не мора да поседува таков.

DVI порта

DVI портата е таа што се практикува при изработката на LCD мониторите. Претставува минимално заоблен, правоаголен конектор кој се користи за поврзување на мониторите со течен кристал со компјутерското куќиште, поточно со графичката картичка, а инаку сe уште не претставува целосно стандардизирана порта. Постојат многу графички картички кои располагаат со таков конектор, но многу од нив имаат превисоки цени.

S-video

На многумина им е позната и S-video портата, која инаку соодветствува со кружниот 4 пински конектор од кабелот за ваквиот начин на размена видео содржини. Оваа порта најчесто се користи за поврзување на компјутерот со ТВ приемник или било каков друг уред кој располага со соодветен конектор. За жал не сите телевизиски приемници имаат S-video конектор, но кај поновите модели тој не претставува никаков проблем.

Има уште многу други конектори али ове се најважни.
П.С Не се сеќавам од каде ми е текстов али ми се виде корисен за на форумов.:))
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
:))

Зарем има некој што не знае, и што не би се снашол? Неколку кабли во рака се` на се`.. Незнам дали некој воопшто би го утнал ова.. Но ајде.. :))
 

Jano

Intern
8 февруари 2008
281
11
Требало да наришеш како се поврзуваат PS/2 зашто некој може да го утне цртичето :)) и да мора да си земе нова тастатура:D
некој што не види:(
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,126
27,391
kalco.ru
Знам дека е банална работа ова ама си викам ај нека ја краси архивата на форумов...мада овде можат со се кабли да те однесат ама сепак...ќе се најде:bravo:
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Кога веќе си се фатил за порти да пишуваш барем напиши ги сите. Има над дупло повеќе порти, одошто тие излистини во темава.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,630
Мислења
822,050
Членови
28,275
Најнов член
Лени333
На врв Дно