TylerMkD
Guru
- 7 ноември 2014
- 3.526
- 6.985
Еве едно мое видување и зошто се одлучив да купам RTX 3060 Ti по овие луди цени. Како прво чекав скоро година дена за upgrade на мојата стара Gigabyte GTX 1060 Xtreme Gaming 6GB, како наводно цениве ќе се стабилизираат. Но цените не само што не се намалуваа, туку напротив и се зголемуваа од ден на ден и неретко не ни можеше да се најде за да се купи. Мојата одлука да купам најмногу се базираше и на фактот дека исто така во овој момент и мојата стара графичка Gigabyte GTX 1060 Xtreme Gaming 6GB има неколку пати зголемена цена на пазарот од тоа што вреди (не бев сигурен колку додека не ја огласив). На времето настаро ја купив за 7к ден. а ја продадов за 24к ден. , и тоа за неполни 24 часа од кога ја огласив. Доколку цените беа реални јас не би и земал според мое мислење повеќе од 3000-3500 ден. (може и тоа е многу). И сега логиката ми беше, можеби и сам си се тешам де, но и при нормални цени сигурно на нашиот пазара RTX 3060 Ti ке се продаваше за околу 500-550 евра а можеби и повеќе. Во таков случај каде старата графичка ми вреди 50 евра, јас ке требаше да додадам сигурно уште 500 евра за нова. Е сега на овие цени каде што на мојата стара графичка и зедов 24к ден. јас додадов уште 36к ден. (неполни 600 евра) за да купам нова RTX 3060 Ti од локална продавница.
Повторно ќе речам, можеби јас си се тешам со ова и мојата одлука да дадам толку пари, но размислувањето мое го опишав погоре и си реков дека нема што повеќе да чекам. Мој заклучок: лошо е ако немаш никаква графичка и сега треба да купиш, но доколку имаш нешто (графичка карта) која може да се продаде по исто така нереална цена, горе доле ќе испадне исто. Според мојата математика сум доплати 50-100 евра повеќе.
Ова сега го гледам Игор. Ајде еве објасни ми ако стара си ја купил за 7к, тогаш новата (која треба да е иста класа) за колку си требало да ја купиш во истиот релативен период кога искочила? За доплатата која ја збориш ти, требало да се земе 3070/3070TI (неколку месеци по launch day) нови, а за старо да не правиме муабет.
Така што тешење ти е дефинитивно...