- Ја почнал/а темата
- #1
Alexandar
Gaining Experience
- 21 мај 2007
- 2,514
- 90
На срамежливиот тинејџер од Нов Зеланд, во виртуелниот свет познат како Акил, кој провалил во 1,3 милиони компјутери и направил штета во износ од 20,4 милиони долари, му прети казна од пет години затвор, пренесе ПЦ ПРО.
Полицијата, после опсежна истрага, утврдила дека Овен Тор Вокер (18) бил водич на група хакери кои нападнале повеќе од милион компјутери. Превземајќи ја контролата над компјутерите, групата хакери познати како Еј-тим , формирала мрежа на таканаречени зомби компјутери, кои ги користеле како би краделе информации за банкови сметки, кредитни картички, манупилирање со берзата, рушење на интернет страници, ставање спам пораки.
Полицијата тврди дека Овен уште во школо почнал да се занимава со сајберкриминал. Тој, наводно, направил вирус кој ниту антивирусните програми не можеле да го препознаат, а помагал во доаѓање до информации за корисниците, лозинките и броеви на сметки кои покасно ги користел за измами.
Тој програмот го продавал и на други хакери, тврди полицијата.
Новозеландската полиција го привела Овен уште во ноември, по пријава од ФБИ, која години наназад трагала за Акил. Според сознанијата на ФБИ, Акил бил лидер на Еј-тимот. Сепак, после повеќе часовни испитувања, Овен е пуштен од притвор, а против него до тогаш не била поднесена пријава, бидејќи за делата за кои што е осомничен ги напрвил додека бил малолетен.
Пријава не е подигната бидејќи момчето дошол до инспекторите на ФБИ и им објаснил како функционира Еј-тимот, рекол шефот на новозеландската полиција Мартин Клеинтејс.
Ова апсење е објавено во склоп на меѓународната полициска акција во која се приведени осум хакери одговорни за кражба на доверливи податоци.
Овен боледува од Аспергеров синдром, невробиолошки пореметувања што може да резултира со недостаток во друштвените вештини. Меѓутоа, иако болните имаат и нормална интелигенција, некои од нив појавуваат таленти за одредени знаења.
Извор: Нет Прес