AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба Центарот за истражување и професионална обука од областа на информатичко-комуникациските технологии на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.
Груевски обраќајќи се пред присутните рече дека во Центарот за истражување и професионална обука од областа на информатичко-комуникациските технологии ќе се образува кадар кој е дефицитарен во државава.
Центарот, додаде тој, е уште еден прилог во активностите на Владата во чии активности посебно се посветува внимание на образованието и развојот на информатичкиот сектор.
- Од образованието на младите ќе зависи капацитетот на нашата држава да одговори на невработеноста, сиромаштијата и сите други предизвици што ги тангираат граѓаните на нашата држава, рече премиерот во својот поздравен говор пред студентите.
Во Центарот ќе се изучуваат компјутерски науки и компјутерско инжињерство, насоки и кадар кој е дефицитарен во државава.
- Осумте лаборатории, што ги пуштаме во употреба денеска не претставуваат голема инвестиција, меѓутоа се многу значајни за Универзитетот, бидејќи претставуваат уште едно вложување од сопствените средства во низата инвестиции од 2005 година па наваму. Инвестициите во осумте лаборатории на Центарот претставуваат инвестиции во третиот столб на универзитетот, што е карактеристика на универзитетите од новата (трета) генерација, рече ректорот Алајдин Абази.
Тој истакна дека Универзитетот на Југоисточна Европа, како мултикултурна институција со 8.000 студенти, 300 професори и асистенти, 100 доктори на науки и повеќе од 100 магистри, школувани во важни светски центри, со 2000 дипломирани, каде 65 отсто се вработени, 20 отсто ги продолжуваат студиите во РМ и надвор од неа, веќе е препознатлива во земјава, регионот и надвор од него.
Извор: Влада на РМ