- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ?
На продажба компјутери купени со ваучери
Антонија Поповска
Студентите во четврта година што имаат право на ваучери за компјутери веќе почнаа да размислуваат како да добијат пари во готово од владиниот подарок. Деновиве тие се почесто измислуваат шеми и прават договори како да ги искористат вредносните бонови, а притоа и тие да бидат во ќар како и оние што немаат компјутери.
Најчеста зделка е студентот со ваучер да купи компјутер и поевтино да му го продаде на негов колега што нема право на овој вредносен бон. На скопските факултети и вчера имаше турканици за ваучери.
Студентите стравуваат дека нема да има за сите, зашто на списоците што се истакнати на факултетите поголем е бројот на студенти одошто факултетите поседуваат вакви бонови. И по весниците веќе почнаа да се објавуваат огласи за продажба или откуп на ваучери. „Продавам компјутер купен со ваучер, цена 110 евра“. „Откупувам вредносни купони за компјутери“. Ова се само дел од нив. - Имам компјутер „Пентиум 4“, со моќна графичка картичка и со сите други потребни делови. Со ваучерот нема да имам можност да купам делови што ми требаат. Затоа, сега се договарам да земам нов со ваучерот и да му го продадам на колегата за 100 евра. Така и двајцата ќе бидеме во ќар - вели Дарко Ангеловски, студент на Правниот факултет. Тој, заедно со други студенти, искоментира дека компјутери им биле потребни уште кога биле прва година, а не сега кога се на крајот со студиите.
Од Министерството за финансии, од каде што надлежните на факултетите ги подигаа ваучерите, велат дека не можат да се спречат препродажбите. - На ваучерот стојат бројот на индексот и матичниот број на студентот, така што не е можно некој друг да го искористи. Со него тој набавува персонален компјутер или лаптоп и со тоа ја губи сопственоста над ваучерот. Но, не можеме да спречиме понатамошна препродажба - објаснија од Министерството. Оттаму порачаа ваквите случаи да се пријавуваат во Министерството за внатрешни работи. Ваучери вчера им се делеа на студентите на Филолошкиот, Филозофскиот, како и на Економскиот факултет. И на Правниот факултет имаше турканици, иако на соопштението што е истакнато на огласните табли стои дека тие ќе почнат да се делат од утре.
Во истото соопштение стојат имињата на 106 студенти што имаат право на ваучер, иако од Сојузот на студенти на овој факултет тврдат дека околу 1.300 студенти годинава првпат се запишале во завршна година. И за четириесетина студенти на Економскиот факултет, според списоците, нема ваучери. Од Ректоратот при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пред извесно време рекоа дека ако нема доволно ваучери за сите на кои им следуваат, тие ќе се делат според постигнатиот успех.
Време 06/11/07