D
Администратор
Опремата се состои од 8 лаптоп комјутери, компјутерски мрежен систем, дигитални камери, печатачи, метал детектори и друго
Разновидна техничка опрема во вредност од 264 илјади долари е донацијата што амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ, и предаде на министерката Јанкуловска. САД на МВР му ја додели опремата што се состои од технолошки современи средства и помагала. Целата опрема ќе им биде доделена на повеќе организациски единици на македонската полиција. За Одделот за организиран криминал се донирани осум возила од "форд", а дел од современата опрема е наменета за Секторот за односи со јавноста, регионалниот тренинг центар на граничната полиција, а беше донирана и софистицирана форензичка опрема, како и опрема за секторот за антитероризам.
"Во рамки на приоритетно поставените задачи на МВР во борбата против организираниот криминал, илегалната трговија, ја користам оваа прилика да ја потенцирам улогата и заложбите на Владата на Соединетите Американски Држави, која посветува особено внимание на развивање на обуките и обезбедување опрема со цел засилување на капацитетите, модернизација и професионален развој на македонската полиција", истакна министерката Гордана Јанкуловска на вчерашното примопредавање на американската донација.
Министерката истакна дека оваа донација не претставувала само зајакнување на капацитетите на МВР со техничка опрема, туку пред се јасна порака за стратешката определба на Владата на САД - за поддршка на Република Македонија во воспоставувањето ефикасен безбедносен систем, кој ќе одговори на новите предизвици на современиот криминал. "Владата на Соединетите Американски Држави продолжува со своите напори за поддршка на професионалниот развој на полицијата на Република Македонија", изјави амбасадорката Миловановиќ при предавањето на опремата. Таа додаде дека опремата била донирана преку Министерството за Правда и Меѓународната програма за помош и поддршка на криминалистичките полиции, потоа ФБИ, СЕКИ, ЕУКОМ и АТА.
Вечер 30.11.2007 :: Бр. 13663