• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Муров Закон

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Гордон Мур е еден од ко - основачите на корпорацијата Intel и автор на Муровиот Закон. Дипломирал на Универзитетот во Калифорнија на одделот за хемија, а докторирал на Хемија и Физика на Калифорнискиот Институт за Технологија.

Во 1965 година, Гордон Мур дал претпоставка дека бројот на транзистори кои можат да бидат поставени на интегрирано електрично коло, се зголемува експоненцијално, двојно повеќе транзистори секоја година. Оваа претпоставка првпат ја изнел во неговата статија “Збивање повеќе елементи на интегрирано електрично коло” во списанието "Електронски Магазин" од 19ти април 1965 година.

Во 1975 година, Гордон Мур го сменил својот став. Според новата претпоставка, бројот на транзистори двојно се зголемува на секои две години. Во меѓувреме се докажало дека двојното зголемување се случува на секои 18 месеци. Иако се знаело дека новото тврдење на Мур е погрешно, сепак тој стоел зад тоа дека удвојувањето се случува на 2 години и тврдел дека тој не предвидел удвојување на 18 месеци. Како и да е, неговите колеги од корпорацијата Intel, детално го разложиле и проучиле зголемувањето на перформансите кај транзисторите и заклучиле дека интегрираните кола ќе ги удвојуваат своите перформанси секои 18 месеци.

Скоро секоја мерка за способностите на дигиталните електронски уреди е поврзан со Муровиот закон: процесирачката брзина, меморискиот капацитет, дури и резолуцијата на дигиталните камери. Сите овие се зголемуваат со експоненцијална брзина. Ова драстично ја зголеми корисноста на дигиталната електроника во скоро секој сегмент од светската економија.

Претпоставката на Мур и артиклот во кој првпат била објавена брзо постанале легенди и како секоја легенда поминале низ голем број на измени низ кажувањата и прекажувањата. Тоа е така бидејќи нејзиниот творец никогаш не дал најпрецизна формулација. Во главно, голем број од претпоставките на Мур се покажале како точни низ годините, меѓутоа медиумите од друга страна се среќавале со различни измешани резултати во своите обиди да прикажат што Мур рекол и уште поважно, што тој мислел.

Во април 2005, Intel понудил $10,000 за да купи оригинален примерок од “Електронскиот Магазин” од 1965 година во кој е објавен Муровиот закон. Британскиот инженер Дејвид Кларк бил првиот кој нашол копија и ја понудил на Intel.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Гордон МУр: "Муровиот Закон е прекршување на Марфиевиот Закон. Се станува подобро и подобро." :bravo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,598
Мислења
821,492
Членови
28,251
Најнов член
Tomaz
На врв Дно