• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

МТнет со прекин на 15.02 од 2 до 7 часот

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Соопштение за јавност

14.02.2008
Врз основа на одобрените инвестиции во интернет мрежата, од страна на Одборот на директори на АД Македонски телекомуникации, а со цел дополнителни подобрувања на квалитетот на услугите, ги информираме сите корисници на интернет услуги дека на 15 февруари, 2008 година, започнува првата фаза од планираните активности за обновување на интернет мрежата.

Поради преземањето на вакви сложени и обемни активности, во петок 15 февруари во раните утрински часови (од 2 до 7 часот ) следува прекин на сите интернет услуги.

За време на тој период корисниците нема да можат да ги користат интернет услугите на АД Македонски телекомуникации.
За сите дополнителни прашања, на располагање ќе биде тим од технички експерти, а сите наши корисници можат да се обратат и на бесплатниот телефонски број 171, при Контакт центарот на АД Македонски телекомуникации.

Извор: MT.net.mk
 

bons

Gaining Experience
9 април 2007
242
70
Ги жалам момците што ќе работат трета смена тој ден во МТ, ќе имаат работа преку глава :D
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ова значи дека имаме уште 1 саат и пол интернет вечерва? :isplashen:
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ова значи дека имаме уште 1 саат и пол интернет вечерва? :isplashen:
Па така некако, ја планирам да си легнам за едно пола саат. Но гледај на светлата страна барем ќе средат нешто во интернетот.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Па така некако, ја планирам да си легнам за едно пола саат. Но гледај на светлата страна барем ќе средат нешто во интернетот.
А бе тоа е добро. Лошо е што ми требаше интернет уште барем 2 часа, али ќе се потрудам да завршам работа за преостанатово време. :sadwalk:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,872
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно