MT_net во последните месеци забележува голем пад на побарувачката на ADSL интернет откако ON_net стана новен нов ADSL конкурент.
Водени од голем број незадоволни МТ_net корисници, поради големата нестабилност и ограниченост на MT ADSL интернетот, голем број од корисниците го одбираа ОN_Net. МТ успеа да задржи дел од своите корисници со долгите договори како и заканите со големи казни од раскинувањето на истите. Со спам пораките за ADSL со секоја телефонска сметка МТ успеа да стекне и нови корисници. Но, незадоволна од големиот напредок на ОN_net, MT започна нов вид на борба, со ограничување на интернет пристапот на избрани ON_net корисници. Меѓу избраните сум и јас. Новата „финта“ се состои во тоа што во точно определен враменски преиод од денот конектирањето на ON_net корисникот му е оневозможено со блокирање на неговиот телефонски број. Во мојот случај имам интернет од 11:25 до 17:25 и од 23:25 до 5:25. Во останатиот дел од денот при конектирањето добивам грешка 678. Со ова МТ сака да се откажам од ОN_net и да преминам на MT_net. Но жалам нема да паднам на таа финта и откако ОN_net во април ќе стане втор фиксен оператор, ќе бидам сведок на крајот на неправедниот борец МТ.