Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

МТ НЕТ понуда АДСЛ со компјутер

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mr.Alien

Гостин
Пакетот на МТ НЕТ АДСЛ + компјутер сеуште се склучува на две години, по цена од 1.061,оо денар месечно (со ДДВ). По истекот на тие две години, компјутерот треба да се врати, или да се доплати од 0,оо до 6.200,оо денари за да се задржи компјутерот во трајна сопственост.
Ова сите го знаеме, не е никаква новост. Но ајде што компјутерот е катастрофа (се onboard, застарени делови останати на лагер во една наша позната фирма), туку и само 256 МВ RАМ.
Ако анализираме, од 1.061 денар 589,оо одат за АДСЛ, а 472,оо за компјутерот. За 24 месеци за компјутерот се издвојуваат вкупно 11.328,оо денари, што отприлика е цената на вградените компоненти.
Оваа понуда беше во пакет со LG 1718 LCD монитор. Со оглед дека самиот монитор чини 10.200,оо денари малопродажна цена, испаѓа дека или мониторот или компјутерот се гратис....се додека не се сетиме на доплатата по истекот на двете години. Значи, се што добиеш си плаќаш.
Еден мој пријател, кој не можев да го разубедам, потврдоглав и од мене кога ќе науми нешто, реши да го земе тој пакет. Нема компјутер, сака да научи, го интересира само Интернет и уште понешто ситно и смета дека оваа понуда е добра за него.
Одиме во МТ НЕТ, и кога таму - обајснување:
"знаете, немаме веќе од LCD мониторите, пакетите одат со стандарден (CRT) монитор. Но и таквата понуда ви е исклучително поволна." Ајде бе!
Се јавуваме во МТ НЕТ, и оттаму слично објаснување, и констатација дека компјутерот објективно вредел околу 700 Евра. Лупна жената и остана жива!!!
Добро бре луѓе, зарем мислат дека народов е глуп? Зарем мислат дека ама никој не се разбира во компјутерите?
Ми пукна филмот и и истресов на типката се во врска со цените, (не)квалитетот на конфигурацијата со констатација дека нудат ср**е и сл.
А во излогот на секој нивни салон, конфигурацијата е со LCD монитор.
СРАМОТА!!!!!
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Таргет им се обични корисници кои многу малце се разбираат од компјутери, на кои не им треба повеќе од 256МБ рам. Примамлива понуда. Знам доста луѓе што потпишале ваков договор...
 
M

Mr.Alien

Гостин
Таргет им се обични корисници кои многу малце се разбираат од компјутери, на кои не им треба повеќе од 256МБ рам. Примамлива понуда. Знам доста луѓе што потпишале ваков договор...
Тоа е во ред, но сепак 256 РАМ...ајде некако. Поентата ми е во самата понуда, промовирањето на истата. ЛЦД монитор, а кога човек ќе се реши и отиде да купи, му даваат бесмислени објасненија. И го убедуваат во "квалитетот" на конфигурацијата и реалната цена. Можеби делови внатре реално вредат за парите, но не и за сумата за која типката од телефонскиот инфо центар проба да ми продава м*да за бубрези. Настрана што сите делови се веќе застарена технологија. Што ако се деси квар на матичната?
Сето ова ме изнервира. А и пријателот се откажа.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Многу јасно. Да знаеш само колку ќариле до сега МТ од луѓе што не се запознаени и информирани... па па па. Бај д веј претпоставувам знаеш како бираат и купуваат компјутер луѓето што не се разбираат - на изглед :) така да ЛЦД мониторот е многу примамлив за нив.
Ако им се зезне некој дел, на пример матична, ќе му стават дел. Компјутерските фирми и онака ќе нема што да им прават на тие делови. СЕТ сеуште не може да се оттараси од Soltek плочите и ако веќе не ги увезува добри 2 години, ако не и повеќе...
 

marjan ku

Баниран/a
10 септември 2007
25
0
sepak iako ima laga i kompjuterot ne e bas dobar sepak vo momentov mislam deka adsl na mt .net e najdobra ponuda vo makedonija.retko se slucuva da paga za razlika od on.net kade sto nonstop paga internetot.denovive i kaj tele kabel ima problemi vo reonite kisela voda,aerodrom,lisice i taftalige.za novata ponuda na mt.net mozam da kazam deka e odlicna.eden moj komsija go stavi pred nedela i sega zasega odlicno ide baska dobi i kompjuter sto sepak i ne e tolku loso za onie koi pred toa nemale.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не е спорна супериорноста на МТ НЕТ во поглед на брзината и стабилноста. За конфигурацијата веќе казав - ме иритира кампањата и бош муабетите по телефон, и фрлањето вода во очи на потенцијаните муштерии. Знам дека ова е пазар, јака конкуренција, не се избираат средства, но некои морални и етички норми сепак мораат да постојат.:tazhen:
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Од Македонски Телекомуникации објавија за неполн месец промоција на новата услуга MAX adsl, склучени се над 4.000 нови договори за Интернет.
 

DF-1

Intern
13 септември 2007
98
2
Check this out:

Tелефонски разговор:
Добар ден, се јавуваме од МТ НЕТ, за да Ви ги промовираме новите АДСЛ пакети. Кажете ни дали користите интернет ?
Да.
Дали е тоа кабелски или ?
WADSL.
Благодарам, пријатно..



Добро бе луѓе, кај правите телефонска кампања, вознемирувате народ, па уште и не им ја кажувате понудата... Што мислевте, дека Интернет сервисот е монополизиран ? Ште чуле ли за уште некоја фирма која нуди интернет освен вас ? Сте помислиле на овие работи пред да почнете телефонска кампања ? Па што има врска, барем довршете ја понудата, можеби ако е доволно добра, ќе успеете да ме натерате да го сменам провајдерот... (а баш во моментот немав интернет 3 часа, а 24/7 центарот на Он.нет (02 / 3099 - 999) ме остави буквално 20 минути да ја слушам Always look on the bright side of life ... колку оператори имате, Он.нет? Еден ? Но тоа е друга приказна). Па ако сте се јавиле да промовирате, барем извршете го тоа. Или, штедите на телефонски импулси, од сопствената компанија ? 1.2 денари / минута, сигурно не е малку, за 2 милиона луѓе на кои сте се решиле да им се јавите, без претходна (најверојатно никаква) анализа кому се јавувате...
МТ НЕТ... Имате технологија ... Имате предност ... Ама немате стратегија ... Уште една аматерска приказна ... Тажно.
 

DF-1

Intern
13 септември 2007
98
2
Успешна компанија (читај: профитабилна) се гради врз основа на квалитетна услуга, а не врз искривување на вистината, неконкурентност, одложување, а за жал понекогаш и измама.

Отвореното неисполнување / избегнување на должностите на компанијата Е аматеризам.

Добрата репутација се гради врз основа на квалитетна услуга, а добрата репутација привлекува повеќе клиенти повеќе од било која реклама.
 

drownz

Master
8 март 2007
1.454
202
Куманово
iwmnetwork.com
МТ е успешна компанија. Услугата е квалитетна, цените се друго. Искрививање на вистината нема, се ти е сервирано, се што треба е да обрнеш повеќе внимание.

Немаат никаква должност спрема тебе исто како и ти што немаш кон нив. Не си обврзан да користиш/плаќаш нивни услуги.

За измамите постои државен орган. Act!
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
314
157
Дека не знаат квалитетно да си ја реализираат кампањата, не знаат. Во времето кога бев корисник на нивниот ADSL (немаше друг) се случи 2 пати да ми се јават и да ми нудат да станам претплатник на нивниот ADSL. И во двата случаи ги насочив најпрво да си ја проверат базата на претплатници па потоа да вознемируваат на телефони.

@drown
Дека МТ е успешна компанија, е. Само не заборавај дека тој успех не е постигнат како резултат на нивен развој во пазарната економија, туку наследена монополска ситуација која што сеуште ја имаат во телефонијата.
 

drownz

Master
8 март 2007
1.454
202
Куманово
iwmnetwork.com
Дека МТ е успешна компанија, е. Само не заборавај дека тој успех не е постигнат како резултат на нивен развој во пазарната економија, туку наследена монополска ситуација која што сеуште ја имаат во телефонијата.

Баш возам часови за кола. Нешто што инструкторот го кажа: "Вози според условите на сообраќајот, не според правилата." .)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
49.239
Мислења
1.008.118
Членови
36.674
Најнов член
Zl4tk0
На врв Дно