1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мртов пиксел на нов монитор

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од steelseries, 16 Септември 2019.

  1. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Тоа да, али како што бев цел во небо не ни помислив. Сепак не е толку страшно за пикселот колку што ги лажат луѓето, пристигнаа 10+ парчиња. Ете гледам колку се пристигнати. Некој го вратил па Ало, стигнаа пратките.
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,581
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    Од каде знаеш дека не се стигнати пратките? Тоа што на сајтот пишува дека нема залиха, не значи дека не се пристигнати.

    Без потреба самиот правиш квази теории дека некој го вратил, па ти се јавиле да дојдеш да го купиш. Мониторот не ги исполнувал твоите очекувања и наведените спецификации, па соодветно ти ги вратиле средствата. Мислам дека случајот е успешно решен и нема потреба од ширење на дезинформации.

    Они те излажале, а ти со гоустингот си бил искрен. Незнам зошто мислиш дека некој некого треба да лаже за да се врати производ. Законот е тој, ти го имаш правото и нема потреба да имаш причина за враќање на продуктот.
     
    На SaleSk и itstheigyg им се допаѓа ова.
  3. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко

    Дезинформации дека продуктот беше упортребуван или рефурбишд?
    Дека фалеа работи во кутијата?
    Дека испокинати беа најлонските ќеси?

    Па според тоа што сите дадоа предлог да најдам изговор и во право се, за заглавен пиксел не враќаат назад пари, а успат и користен. Немам поента да лажам или да ширам дезинформации, тоа беше моето искуство и мое право е да си го кажам овде.

    Да добра компанија се, не се тинтраш како што можиш со сетек довека да се тинтраш. И нормално си се јавив поштено во гтц кога ќе стигнат мониторите и ми рекоа за недела две. Тука се гледа колку во глобала кај нас ИТ продавниците се легитимни, секој на секого си ги препраќаат продуктите и ги шиткаат. Како што рече Astro, постои QC и се знае дали се со дефект или рефурбишд, кај нас бараат пари ко да е златен.

    Мислам срамота е ваков недоличен коментар.
     
    Ulrezaj, gOJDO и на zdravkovskii им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,581
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    Океј, извини за коментарот.

    Во право си, не ми текна дека може да е рифрб (ама изгледа дека дефинитивно е). Среќа што си го приметил одма дома, друг пат инсистирај да го пуштат во салон и да го приклучат пред да го купиш. И сега што монитор ќе купиш?
     
    На zdravkovskii и steelseries им се допаѓа ова.
  5. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Благодарам за разбирањето.

    Ист сакам, стварно е премиум мониторот, порнич прав.
    Само од каде незнам. Анхоч зависно коа ќе им стигнат на лице место ќе одам во ГТЦ и ќе го разгледам.
     
  6. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    860
    391
    5 Јуни 2007
    Машко
    Денеска кога бев во сервис во Анхоч видов монитор Alienware во огромна кутија им стоеше долу десно од шанкот покрај фотељите. Можеби тој е твојот. Тука имаше друг дечко што има играчница и како што го разбрав земал поголема количина на такви монитори и на нив имало мртви пиксели, и тоа не еден туку два, еден до друг. Мислам дека зборуваше за истиот монитор :)
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    Од Макпетрол или Нексио. Види каде има боље цена. Знам дека го има мониторов и во двете продавници.

    Монитори - Makpetrol - Dell
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    860
    391
    5 Јуни 2007
    Машко
    У макпетрол има боље цена, 18795 мкд.
    DELL Alienware 25” AW2518Hf Monitor ***PROMO***
     
    gOJDO, steelseries и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  9. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Да тој десно беше јас што го вратив, одма покрај рецепционерката. И да малку имаше правоаголна форма пикселот, може повеќе биле. Мене јасно ми стана дека некој вратил па ајде следен чоек можи ќе го задржи. Нека ми го дадат за 14-15к со тој дефект одма го земам.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    9,096
    8,827
    24 Јуни 2009
    Машко
    А што не си праша дали ќе ти го дадат за помала цена заради пикселот?
     
  11. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    рецепционерката беше зафатена на телефон, ширеше љубов со некого.
    Гопсодинот што проверуваше рече оди долу да ти се вратат средствата, и додека зборувавме го викнаа и толку беше. Џабе ако кажев дека е до пикселот немаше да го земат назад, или ќе требаше да се тегачиме.
     
  12. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    @Mao

    Потврдено ми е од вработен дека тој дечко ги нарачал сите. Од Куманово бил.

    После ќе речат поштени. Btw сеуште ме пишело во систем дека сум нарачал монитор.
     
  13. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,619
    5,259
    21 Јануари 2009
    Кој ти го кажа тоа...
    ...рецепционерката?
     
    На architect и SiPy` им се допаѓа ова.
  14. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    204
    170
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    не вервам, обично извршниот директор слегва за тие работи
     
    На SiPy` и Avid им се допаѓа ова.
  15. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Вработен во анхоч, во системот им пишува кој што нарачал адреса и сл. ако приложиш. Рецепционерката флертуваше на телефон додека дремев да заврши со муабет.

    Btw кумановчанецот се направил партал за да ги врати мониторите.
     
  16. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,581
    4,405
    23 Јуни 2015
    Машко
    [​IMG]

    Чекам уште...
     
    На gOJDO, Глупав, mkd и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    Немој ваков муабет за Анхоч ако немаш докази. :)
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,200
    3,176
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Типичен портарски селански муабет.
     
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Еден заглавен/мртов пиксел не се рачуна за дефект ниту за проблем кај обичните панели. Но со оглед на тоа дека твојот монитор има пермиум панел, и еден мртов пиксел е покриен со гаранција. Тоа го пишува на официјалната страна на DELL. Не секогаш проблемот е до продавачот. Може да е дефектна цела серија на панели. Ете, имало повеќе дефектни. А тебе ти ги вратиле парите за да бидеш задоволен, а и затоа што ги почитуваат законите.
    Тоа што си ги излажал дека не си задоволен не е дека си ги преварил, можеби си се преварил самиот себе бидејќи не ги читаш гарантните услови.
    Како и да е, и следен монитор да купиш, може да биде таков.
    Ке ти го пуштат во дуќан, ке работи без проблем, го носиш дома, после 2 часа ете ти мртов пиксел. И ?
    Што потоа?
    Dell Display Pixel Guidelines | Dell Deutschland

    или на кратко:
    What is Premium Panel Guarantee?
    Dell offers a Premium Panel Guarantee that ensures zero "bright pixel" defects on Dell UltraSharp, Professional, and Alienware monitors.

    While defective pixels do not necessarily impair the performance of the monitor, they can be distracting, especially if the pixels are in positions where viewing quality is reduced.

    Unyielding commitment to quality and customer satisfaction has driven Dell to offer a Premium Panel Guarantee as part of the standard limited hardware warranty. Even if one bright pixel is found, a free monitor exchange is guaranteed during the limited hardware warranty period.

    Premium Panel Guarantee is available for Dell UltraSharp, Professional, and Alienware monitors that are sold with systems or as stand-alone units, and is included with the standard 1 year or 3 year limited hardware warranty. Customers who purchase an extended warranty can also take advantage of this coverage during the limited hardware warranty period.

    Но не заборавајте еден многу битен момент!!! Информирајте се за гарантните услови. Едно е светот, друго сме ние! АКо со закон продавачот ја дава гаранцијата, во тој случај производот не подлежи на фабричката гаранција!
    Ова е малку чудно но може да се случи и кај нас.
    Истото го пишува и на сајтот на DELL:
    Note: Availability of specific warranty services may vary across different regions.
     
    На Oktar, gOJDO, Ulrezaj и уште 4 други им се допаѓа ова.
  20. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мислам дека ова важи само за монитори купени од авторизирани партнери/дилери на Dell. Бидејќи Анхоч дава нивна гаранција, а не фабричка.
     
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Не им го ронете бисерот на Anhoch
     
    На gOJDO и TheMarshal им се допаѓа ова.
  22. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Анхоч не дава нивна гаранција. Гаранцијата е од ITD компјутери. И според нивниот гарантен лист 5 мртви се дозвплени и два светли. Така да и да се обратиш во Dell ќе ѕи речи -> get help from Local retailer shop.

    Доказот не секогаш значи нешто. Ете пример Мао не го познавам и дечкото кажа тука дека тој Кумановчанецот зборувал за мониторот што сум го зел. Од сега во мојот ресторан остатокот од гостите ќе го давам на други...

    DELL ќе речи: оди бабе кај твојот сервисер АКА ИТД компјутери.

    Јасно ми е кај живејме, немаме support ниту од една добра фирма во МК.
     
    gOJDO, olikomerc и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  23. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    Јас мислев дека гаранцијата е од Амако. Битно си завршил работа. Разгледај во Setec гледам донеле Самсунг и AOC монитори. Во Нептун имаш нешто од LG Gaming и Acer Predator, ама тапа им е изборот.
     
  24. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Сега баш гледав. Ама искрено незаменлив е билдот на Alienware.

    BTW некој од форумов има Alienware, од каде го зеле и чија гаранција. Датум на производство итн итн. Ќе бидам благодарен за информацијата.
     
  25. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    880
    2,220
    12 oктомври 2014
    Машко
    Мене Асус монитор за еден мртов пиксел ми сменија во рок од 12 саати во Сет.
    И тоа го забележав после година ипол користење.
    Just saying...

    Sent from my SM-G955F using Tapatalk
     
    На drifter и steelseries им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...