1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мртов пиксел на нов монитор

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од steelseries, 16 Септември 2019.

  1. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Само што го купив Alienware 240hz од анхоч. Го пуштам и ете мртов пиксел. Мислење? Да се враќа или како?
     
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,103
    3,023
    2 Септември 2012
    Машко
    Зависи од тебе, инаку гаранцијата не покриваше до 5 мислам. :)
     
  3. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    На гаранцијата пишува повеќе од 1 светол ако има се менува цел панел, а ако се темни тогаш 6 се дозволени. Кај мене е светол пиксел.

    Значи нешто ова? Ќе се множат или не? Имам Benq 5 години стар, тепан малтретиран пушено во соба па нема ич мртви пиксели.

    На интернет срчам сите викаат дека ги враќаат стварно нз шо да се прајт.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    212
    171
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Јас имам Dell UP2716D, веќе година и пол со еден мртов (црвен) пиксел. Најчесто не го забележувам и не се размножи.

    Ама кога плаќаш ново, оти да не добиеш ново ?
     
    На The Geek Boy и steelseries им се допаѓа ова.
  5. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,801
    1,557
    22 oктомври 2012
    Машко
    Однеси им го, објасни им што е работата, и ако не сакаат да ти го заменат, врати им го, и онака го запазуваш рокот за враќање, и од кога ќе ти ги вратат парите, кажи им дека сакаш да го купиш истиот модел, ама друго парче, не тоа што си го вратил, или отиди на друго место, и купи си го пак истиот модел ;)
     
    The Geek Boy, FLEGMA и на Rukfash им се допаѓа ова.
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,170
    8,428
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не научивте и не научивте дека монитор и лаптоп бараш да ти го уклучат во труја. Вадиш пари/картица и викаш палете го на лице место.
     
    На JasSum, The Geek Boy, neW1 и уште 11 други им се допаѓа ова.
  7. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,644
    5,306
    21 Јануари 2009
    Ама и вработените треба да си знаат. Јас задњава година и пол купив телефон и лаптоп од Анхоч. Двата, самиот вработен (се погоди истиот во ГТЦ) инсистираше да ги пуштиме...
     
    На JasSum, The Geek Boy, neW1 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,564
    3,480
    11 Декември 2008
    Машко
    Подобро да го вратиш без да спомнуваш за пикселот, туку ради некоја друга причина (не ми се свиѓа сликата, ми касни на игрици лош инпут лаг итн). Ќе го вклучат во салонот 2 минутки за проверка ќе видат дека работи и ќе ти вратат пари.

    Јас мојот 1 саат го гледав во салон и не бев сигурен дека ми се допаѓа сликата и дека нема bleeding (а по тоа осветлените салони оди па примети го блидингот). Ама среќа се погоди добар.
    А пак телевизори, 3 земав и враќав во нептун, подосаден муштерија немале.
     
    На shifty и Rukfash им се допаѓа ова.
  9. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    397
    221
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Враќај ич не се мисли. Не ти се свиѓа сликата како шо кажаа погоре и тоуку.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,074
    3,409
    7 ноември 2014
    Машко
    И после барај им нов неотваран. :D
     
    На Вајкинг му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,170
    8,428
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па да бе брат. Вадиш кешот и им викаш, еве кеш, сериозен сум, ама нема да ви ги купувам гомната кои вие сакате да ги донесете со 5 евра пониска фабричка цена и тие 5 евра да ги ставите у џеб а јас да платам како за 100% исправен производ. Затоа постои QC - Quality Check во фабрика така? Они знаат дека на тоа што го купуваат има мртви пиксели.

    Ич не ги шмирглам, барам да ми ги отворат сите еден по еден додека не видам некој без видлива фабричка маана, ете ги парите чекаат. Иначе си се заебал гадно, ќе се нервираш и јадосуваш после.
     
    На The Geek Boy, neW1, steelseries и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Edit :

    Не е мртов пиксел. Зелен е, според нетов е заглавен. Најветојатно ќе го враќам.
     
  13. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    212
    171
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    И мојов е црвен, технички „заглавен“. (барем според тоа шо читав тогаш)
    Се зафркавав 1 недела, со разни софтвери, ништо не помогна.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    212
    171
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Мртов пиксел е прилично лесно да промашиш. А кога ќе го видиш дома, да речиме по 2 дена, шо ќе им кажиш тогаш во продавница? :D
     
  15. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    191
    85
    22 oктомври 2016
    Се мачам на видео игри
    Абе незнам шо му се думаш толку,оди земи однеси го речи му го нејкам ке ти вратат парите чао пријатно
     
  16. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,052
    1,211
    9 Јуни 2015
    Машко
    освен мртвиот пиксел, кој е впечатокот од мониторот? контраст, агли на гледање, итн ?
     
  17. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Мора очите да ти се на центар за да има убава слика, BTW мониторов е порнич, сФе е како подмачкано, контраст одличен.
     
    На Вајкинг му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,074
    3,409
    7 ноември 2014
    Машко
    А ако на фактурата пишува Анхоч, Скопје, Северна Македонија?!
     
  19. krema

    krema
    Professor

    9,098
    8,833
    24 Јуни 2009
    Машко
    До сега 100 пати ќе отидеше во дуќан и ќе го вратеше мониторот.
     
  20. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    150
    280
    1 ноември 2015
    Машко
    Враќај го ја ќе им го купам на Анхоч, ги немаат веќе на лагер. :D

    Иначе како што кажаа членовите, било каква причина можеш да наведеш враќаат без проблем. Јави се објасни причина и врати им го во дирекција, веднаш прават поврат на средства.

    Поздрав.
     
  21. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Мора дирекција да одам?
     
  22. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    994
    1,523
    13 Јануари 2014
    Машко
    Не мораш, ако не си од Скопје оди во салонот кај што си го купил. Најбрзо е во дирекција, другиве салони мора да го препратат до сервис да проверат дали е се океј пред да ти ги вратат парите.
     
    SiPy`, Вајкинг и на steelseries им се допаѓа ова.
  23. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    300 Денари такси GG.
     
  24. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    681
    406
    20 Декември 2015
    Машко
    Анхоч го прифатија мониторот назад. Причина Ghosting ова она.

    Ако сака некој нека им звони нека праша дали го има за купивање да видиме што ќе речат.

    Btw, мониторот беше отворан од предходно. Најлонските ќеси беа испокинати и една ќеса за stand недостасуваше + CD немаше во Кутијата.

    До некаде сум разочаран од што ме излажаа дека им дошле 10+ монитори на залиха.
     
    На gOJDO и zdravkovskii им се допаѓа ова.
  25. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    951
    516
    14 Јануари 2009
    Затоа ги почитувам Нептун, задожително ги приклучуваат уредите пред извесен период купив тв потпишав изјава дека се согласувам да го отворат пред мене обратно не важи гаранцијата ако има оштетување од транспорт или при монтажа.
    Требало да го провериш на лице место, али веќе бидни најдобро како што те советуваја погоре врати го, си платил за ново во ред е да е исправен не да те боде во очи тој мртов пиксел :)
     

Сподели

Вчитување...