1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мртов 3600x

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Ate97, 22 Мај 2020.

  1. Ate97

    Ate97
    Gaining Experience

    40
    63
    29 Април 2017
    Машко
    Software developer
    Здраво дечки пред 2 недели се подновив со нова конфигурација, конкретно ryzen 5 3600x b450 Tomahawk Max Kingston 3200 cl16 2x8gb.

    Но по склопувањето на конфигурацијата наидов на проблеми со тоа што понекогаш не успеваше да се уклучи компјутерот т.е конкретно вентилаторите вртеа но немаше никаков видео оутпут. Според EZ debug led светеше диодата за процесорот. Но по одредено не успеваше никако да се уклучи.

    Го земав цел пц и им го однесов во Анхоч со цел да не го размонтирам целиот и во случај да ми излезат во пресрет ако е напојувањето или пак друга компонента поради тоа што немам услови сам ги испробам сите. Сабајлево ми се јавуваат и ми кажуваат дека процесорот е расипан, пробале со друг процесор и успешно се уклучувал. Моментално на залиха немаат ништо од АМД процесори кои ми се опциите сега?

    Процесорите искрено многу ретко се случува да се фалични quality of control е многу поголем одколку матичните. Истито проблем гледам го имал @Mao како и @gOJDO има отворено тема за сличен ваков проблем.

    Дали да ја вратам и матичната заедно со процесорот со цел да не наидам на проблем истиот да биде испржен од матичната? Моментално ми нудат опција да го вратам процесорот и да ми ги вратат парите исто така и можност да ја вратам и матичната или пак да ми ги сменат деловите за интел процесор( ги одбив за оваа опција). Не ми препорачаа да чекам нови процесори поради состојбата со вирусот бидејќи не се сигурно кога ќе им пристигне нова залиха.
     
    Последна промена: 22 Мај 2020
    На Dejan007 и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јави се во Нексио, прашај дали имаат процесори на лагер и матични. Ако имаат земи си ги парите и купи си од Нексио, Асрок плочите се исто добри нема да згрешиш.
     
    Astraion, MadBuldog, itstheigyg и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    3,210
    3,732
    18 Април 2007
    Користи нови пасуси, очи ми истекоа.
     
    На GreenVlach, champagnepepe, HardCorec и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,340
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Колку што знам проблемите од B450 Tomahawk се надминати со B450 Tomahawk MAX. Нејсе, AMD Ryzen 3000 процесорите изгледа дека се многу порасипливи од други процесори. До сега сум имал релативно многу голем број на случаи каде Ryzen 3000 процесор кој работи по спецификации (без OC и без PBO) рикнал. Неколку случаи се токму овде на форумов.
     
    На GGTT1 и krashot им се допаѓа ова.
  5. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unbeatable

    3,926
    4,147
    1 Септември 2011
    Машко
    Или менувај цела платформа одново,со друга матична и процесор,или зимај си ги парите и разгледај во други фирми.
     
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL

    До процесорите е или до Tomahawk е?
     
  7. Ate97

    Ate97
    Gaining Experience

    40
    63
    29 Април 2017
    Машко
    Software developer
    Искрено многу голем ризик ми е да ја оставам истата матична.
    Сервисерот ми кажа дека ок била процесорот што го ставиле за тестирање супер си работел и дека доста време бил уклучен во матичната. Сега доколку идам на варијанта да земам пример од Сетек процесори бидејќи Нексио немаат на залиха можам да се доведам во ситуација со нов спржен процесор и уште поголеми проблеми со сервисот во Сетек.
     
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,340
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    И до процесорите и до Tomahawk. На Tomahawk (без MAX) особено си умираат, но си умираат и на други матични плочи, на пример Asus B450M-K, ASrock X570M-Pro4 и други. Со ниту едни други процесори не сум имал вакви искуства како со Ryzen 3000. Значи толку многу умрени процесори за толку кратко време и релативно толку малку продадени на број. Практично до сега скоро сите мртви/дефектни процесори кои сум ги сретнал пред ryzen 3000 имале причинтел, т.е. неисправно напајање, несоодветно ладење, струен удар, механичко оштеување и друго. Не сум сретнал процесори кои вака умираат од нигде никаде, без причина.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Мора да има причина. Компјутерски чип кој е исправен не може да рикне без причина и од нигде никаде.
    Мора да има некој проблем со контрола на волтажа, грешки во микрокодови, грешки во 7нм процес на почеток.
     
    SiPy`, Ate97 и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,340
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Секако дека МОРА да има причина. Но таа причина не е од надвор туку од самиот процесор. За разлика кај други процесори во скоро сите случаи кои сум ги сретнал таа причина била од надвор.
     
    На HerMudo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,423
    1,883
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Мене ми има рикнато еден ризен 1600 (не аф) но тоа беше поради лоши волтажи од страна на матичната, после го решија со биос апдејт ама процесорот отиде. Јас попрво би се сомневал во матичната, дека друг процесор бутира не значи дека е ок, ако ја задржиш мери убаво волтажа во ајдл и фул лоад.
     
    На Costigan_Jr и Ate97 им се допаѓа ова.
  12. Ate97

    Ate97
    Gaining Experience

    40
    63
    29 Април 2017
    Машко
    Software developer
    Во биос 1.456v го држеше на лоад при бенчмарк беше околу 4.0 ghz и волтажа околу 1.3v оставено се на дефаулт освен уклучен xmp и пбо температурите беа околу 70ц .
     
  13. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,150
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Друже ако менуваш, менувај се. И други модел на плоча и друг процесор нека ти дадат. Во поглед на такви проблемчики разочаран сум од АМД процесорите. 15 години штракам со интел никад не ми се десило нешто вакво. Прво купување на АМД ми рикна и плоча и процесор, после само плоча, па другата не го читаше нвм-ето, сега и оваа не го чита на x16 слот. Дали е процесор, дали е плоча, дали е нвме, I guess I will Never know xo xo :D

    Инаку, имам теорија дека заменскиот процесор 3600 го пикнаа на флешувана плоча MSI B450 Tomahawk која што исто така се заеба после 3 палење не се упали веќе компјутерот, и у тој процес истата ми го има нешто секснато и процесорот. Ама у анхоч истиот процесор го тестираа на тогаш новокупената со замена и доплата Gigabyte Aorus b450 Pro, и се си работеше супер. И рака на срце се си работеше супер се додека не дојде момент да ставам нвме диск на неа. Кога го ставив дискот, после неколку рестарта во обиди да го прочита матичната, PCIE x16 Слотот рикна и почна да чури. Плочата пред 2 недели ми ја вратија од Анхоч со дијагноза дека не е до нив физички бил оштетен слотот т.е графичката ми била поебана па го запалила слотот.

    Како и да е, у цела таа сага земав плоча од @gOJDO, нова Asus Rog Strix B450 Gaming-F ги пребацив сите харвери на неа, и пак не го читаше nvme-то. Така да оставивме после карантиниве да ја прегледа докторот целата конфигурација да видиме што е расипано, дали матичната или процесорот.

    Лонг стори шорт, никогаш во живот не сум имал толку ебавање со некој компјутер. Пред 2 години земав конфигурација со i7 8700k, Z370 плоча и се си работеше од прва, златен интел. :D
     
    На Luca Toni, GGTT1, zirkach и уште 8 други им се допаѓа ова.
  14. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    185
    248
    18 Септември 2015
    Машко
    Другар мењај плочата. Предлог за плоча: ASUS TUF B450M-PLUS GAMING
    ASUS TUF B450M-PLUS GAMING

    @gOJDO фала богу што се предомислив во 90минута за тоа ѓубре од плоча b450 Tomahawk Max :mario:
     
  15. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,340
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Не е ѓубре матичната плоча, супер е, MAX верзијата е без детски болести. Проблемот е друг, до самите процесори.
     
    StefAngel, gremlin и на GGTT1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...