1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мрежен инжињер или Графички Дизајнер

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од KalEl, 29 Септември 2017.

  1. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Се дефицитарни, но нема ни некоја побарувачка. Ако споредуваме со графички дизајнер има многу повеќе работа и побарувачка за графички дизајнери.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,499
    2,496
    14 Мај 2008
    Машко
    Веќе кога се мислиш помеѓу две дијаметрално различни професии, Seavus има и трета гранка на академијата - програмирање, која што е 10 пати поперспективна од другиве две заедно.
     
    BEST, artweb, Triology и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    279
    10 Јуни 2011
    Машко
    Заборави да наведеш дека е и едно 100 пати потешка од графички дизајнер и најмалку 20 пати потешка од мрежен...
    Correct me if i'm wrong
     
  4. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Од мрежен? Знаеш колку требаат Devops ама нема жив програмер да прејде на темната страна? Сега со клауд технологиите има се поголема конвергенција и се повеќе требаат мрежаџии со добри познавања на програмирање... Со борина да ги бараш.
     
  5. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    279
    10 Јуни 2011
    Машко
    чекај чекај... сега ти збориш за мрежаџии со добри познавања на програмирање...
    Значи во случајов ти треба комбинација од Програмирање и мрежи...
    тоа брате не да кошта во денешно време богами....
    и нормално е да ги нема таквите :D
    колку години школо е тоа ? :D
     
    Последна промена: 3 oктомври 2017
  6. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,691
    1,139
    16 Јуни 2010
    Машко
    Како студент би сакал да дадам свое мислење, сум бил во слична ситуација.
    На креаторот на темата би му кажал само една работа - избери насока каде ке се осеќаш дека никогаш не знаеш доволно и каде што секогаш ке си спремен за уште повеќе учење.
    Еве ти мој пример:
    Од средно имам учено програмирање и плус по курсеви и секогаш знаев дека работата едноставно не е за мене. Не ми се размислува за некои нон-сенс проблем (без навреда за програмериве туку, :)) а и сум флегма.
    Како уопштев почнав да студирам мрежи, ни јас не знам. Имав доста знаење од хардвер(у споредба со генерацијата што веќина мисли дека отварање на FB fan page е знаење), што од форумов, што вака од поправање и чачкање компјутер, имав разговарано со локалните дечки од кабелската и малце ми требаше да се заинтересирам за темата. Нешто што одма сфатив е дека ова е за мене, имав доста трпение, организициски способности и за првпат сакав да дознаам уште повеќе работи - све контра од искуството со програмирање.
    Понатаму читав книги препорачани на форумов, имав шанса и бев во Семос, добив парцијална CCNA стипендија која не ја искористив бидејќи е useless за прва година студент(али сепак видов дека нешто и знам од темата), и сега у втора првпут слушам мрежи како предмет и сфаќам дека не сум се зафркнал со изборот на смер.
    Мое мислење е дека независно од тоа дали има или нема работа, ако студираш нешто што не го сакаш и не те исполнува, џабе ти е се. Такво мислење имам за пола финки, дојдени се тука само место да заземаат, ниту нешто ги интересира, само се гледа да се пројде полесно. Слушнале а у оваму пари има и ајде ке одиме(како просечен македонец). Чим си стигнал до форумов не си како нив.
     
    Последна промена: 3 oктомври 2017
    На BEST, Kajsibebraat, worker_x и уште 9 други им се допаѓа ова.
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Графичар/дизајнер не се стануе со "завршив курс и сега знам да цртам постер"
    Се станува со љубов и факултет учење.
     
    На BEST и Sukhoi им се допаѓа ова.
  8. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,043
    1,092
    6 Декември 2016
    Машко
    Како јас да го имам пишувано постов.

    Само што јас завршив средно медицинско, програмирање сум чепкал нешто како многу помал по дома, а се занимавав посериозно дури на факултет (информатика). Многу рано во својата „компјутерска кариера“ сфатив дека едноставно програмирањето ми е одбивно и не е за мене. На факултет ми беше буквално мачење, но страшно ми помогна во развивање на логика. После факултет, гледајќи како се одвиваат работиве со вработувања и плати кај програмериве, на неколку пати пробав да седнам, да се заинтересирам и да научам некој јазик, ама џабе кога не ме „влече“. Иако свесен сум дека програмирањето е и платена и барана струка во IT светов, отсекогаш сум бил повеќе „хардвераш“, отсекогаш повеќе ме влечел хардверот или мрежите, но не во смисла на електроника или поправање на делови како нашиот маестро @Daniel86. На неколку пати ми имаат кажано другари или познаници „Па ете, ти си компјутерски образован, сигурно работа имаш да бираш и одлично платена, милион ПРОГРАМЕРСКИ фирми се отворија“. Не сум бе другари ја за тоа... Сега работам како систем/мрежен инженер.
     
    На BEST, Sukhoi, temelk4 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    650
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    И јас имав ваков проблем. Требаше да бирам меѓу 2 професии, програмирање и нешто што во Македонија е скроз непознато. Едни викаа седни загреј стол има пари у програмирање, а тоа другото не сме Америка бе иди ма сигурно. Еве не програмирам и отидов на несигурно. Ама знам дека идам среќен на работа и истата ме исполнува. А, кога ја сакаш работата се трудиш и даваш се од себе ќе успееш и ќе си дојде парата.
    Никогаш не би работел работа што насабајле ќе бидам у стил леле ич не ми се иде денес на работа.

    Седни размисли што би те правел среќен и што навистина сакаш да работиш. Good luck.
     
    На BEST, Sukhoi, Krkac и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,589
    6,454
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Мило ми е што бар дел од денешнава младина размислува за својата иднина, ама криво ми е што иднината ја гледаат во парите и како највеќе да заработат. Многу погрешен чекор. Можев да се запишам во било кое средно или факултет, досега можев и да специјализирам медицина без проблем и да си го прчам секој месец по семинари во странство, да возам бесни коли и да се праам даса со моето постигнување, само што тогаш тоа не би бил јас, не би ме исполнила таа професија, освен можда младите сестри и докторки. Тие знаат да исполнат човек, или он да ги исполни нив, сеедно.

    Наместо тоа, јас си одбрав насока која мене ми лежи и не гледав дали и колку ќе заработувам, едноставно почнав да го работам тоа што сакам, и потоа бев уште поизненаден кога некои ликови увидоа дека го работам тоа со љубов и нормално кој од нив знаеше да цени, пружаше доволна финансиска стимулација за мојот развој да продолжи, и им благодарам на таквите.

    Денес, немам ни дипломи ни плакети ни ништо, дури ни CV никогаш не сум направил, ги изгубив одамна при некоја генералка дома и искрено немам ни потреба да ги барам, затоа што имам доволно тоалетна хартија и тоа трослојна и миризлива, да не пропаѓа прстот знаете каде, што верувам дека една диплома не би можела да го пружи.

    Нека не биде моево мислење водич за "успех" во животот, секој си ја бира својата судбина, меѓутоа во никој случај не смеете да се фокусирате на струки кои не ви лежат и ви изгледаат примамливо само заради заработувачката. Со тек на време ќе престанете да мислите на парите и ќе сфатите дека всушност вие не го сакате тоа што го работите, секое утро ќе ви почнува со "дал да се умијем ил да се убијем" и ќе се прашувате што сега понатаму, како да идам на работа, како да го гледам оној усран компјутер по цел ден, кој кур ќе се расправа со овој оној, доаѓате дома нервозни, се карате со сите дома, луѓе почнуваат да ве избегнуваат заради вашето лично незадоволство со самите себе. Запрашајте се дали сето тоа ви е потребно во животот. Погрешните одлуки во животот водат до масивно користење на диазепами во државичево наше, што не е ни чудо со оглед на таквото размислување. Истото и мене ми се случувало се додека не решив да ставам линија и расчистам со газди мазди, работни места и разни глупи професии кои сум ги мразел, и да почнам самостојно да си го работам тоа што го сакам, и искрено, воопшто не жалам за тоа, без оглед на приходите дали се високи или ниски, си го имам тој внатрешен духовен мир, и не размислувам премногу за финансиската иднина.

    Фокусирајте се и на повеќе полиња, не мора тоа да биде само едно, никогаш не знаете во што би можеле да се пронајдете доколку не го пробате тоа, ако ништо друго, барем ќе поседувате некакво знаење од повеќе области кое секако ќе ви се најде понатаму во некој момент од животот.

    Колку пати сте слушнале некоја постара личност да ви каже еххх да ги имам тие твои години, многу поинаку би размислувал?

    Поздрав и секое добро. :)
     
    На BEST, Sukhoi, Dave1 и уште 9 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...