• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Mr. Beast направи real-life Squid Game

toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Не сум ама ич фан на јутуберов пошо цела основа на каналот му е расфрлање со пари, ама дефинитивно иако не е оригинална идејата фактот дека толку интересно го направиле ме натера да го споделам:

View: https://www.youtube.com/watch?v=0e3GPea1Tyg

Стварно забавно видео и дефинитивно само некој шо може да обезбеди огромна награда и да направи толку реалистични сетови може да го изведе!
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,546
29,603
kalco.ru
Буквално, али буквално истото би го правел кога би го имал неговиот кеш. Ќе го соберам цел форум, ќе напраам интересни гиковски игри и кој победи ќе добие Ламбо или остров во Грчка.... забававување на најјако
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,039
Скопје

Го глеав вчера.. Многу добро направено - феномен си е дечкото - немало досега како него. А почна со...

View: https://youtu.be/xWcldHxHFpo?list=TLPQMjcxMTIwMjEu0gHnSFpaOg

Кој да знаел дека вака се собираат 26 М прегледи ...
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Го глеав вчера.. Многу добро направено - феномен си е дечкото - немало досега како него. А почна со...

View: https://youtu.be/xWcldHxHFpo?list=TLPQMjcxMTIwMjEu0gHnSFpaOg

Кој да знаел дека вака се собираат 26 М прегледи ...

Шо знам... концептот ми е као шо беа овие Jackass на времето ама сега има многу поголема публика на јутуб а и повеќе пари. Трескање од земја (фигуративно и буквално) за шо повеќе гледаност. И на крај коа веќе направи пари му кликна дека луѓето сакаат пари па секој концепт му е со давање пари нешо. И нормално дека ќе успее.

Секоја чест за упорноста и истрајноста и веројатно самодовербата дека ќе стигне до тука кај шо е, ама сигурен сум дека многу фактори играат улога ко со се во животот. Би рекол комбинација од карактер, желба, идеја, упорност и среќа.
Мислењето е автоматски споено:

Буквално, али буквално истото би го правел кога би го имал неговиот кеш. Ќе го соберам цел форум, ќе напраам интересни гиковски игри и кој победи ќе добие Ламбо или остров во Грчка.... забававување на најјако

Со остров во Грција веројатно ќе осакатиш некој пошо сигурно си има многу давачки за тоа секоја година хахаха.
 
Баш затоа и му успеа- зошто е дете што се треска од земја - сите други рационално што размислувале и спроведувале свои идеи за развивање на својот Јутјуб канал - не успеале да се конфирмираат на негово ниво. Еве на пример - во последното видео вика - „Ќе изберам еден нов субскрајбер и ќе го наградам со 10К долари !„ Па нема да има субскрајбери ...Нови сметки отвараат браќа само да учествуваат во извлекување..:ROFLMAO:
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
4,450
5,021
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home

Да, ако имаш време изгледај го интервјуто со него, прилично е долго ама вреди да се изгледа. Дечкото е машина, и не секој може да го прави она што он го прави, макар и ги имал сите пари и среќа на светов. 1% се луѓето со таков мајндсет, затоа и завладеа така на Јутјуб. За самиот контент што го произведува воопшто немам високо мислење и не го ни гледам ама во поглед на организација, продукција, вложен труд, визија и све останато можам да кажам само свака част.

View: https://www.youtube.com/watch?v=c8VcUnz3nVc
 
Го иам гледано интервјуто и се слагам со се шо ти кажа.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,139
11,685
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Буквално, али буквално истото би го правел кога би го имал неговиот кеш. Ќе го соберам цел форум, ќе напраам интересни гиковски игри и кој победи ќе добие Ламбо или остров во Грчка.... забававување на најјако
Ајде, собирај пари што чекаш
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,230
5,915
За нас што ќе губиме може по една RTX 3090 како утешна награда?

@Pane24 да организира МК верзија на Squid Games, т.н. PaneGames 2022.

Главна награда 100 биткоини, утешни награди од ригови до графички. За првите 10 што ќе испаднат да има казна - конзоли да добијат!
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,444
4,885
Ethermine
www.facebook.com
@Pane24 да организира МК верзија на Squid Games, т.н. PaneGames 2022.

Главна награда 100 биткоини, утешни награди од ригови до графички. За првите 10 што ќе испаднат да има казна - конзоли да добијат!
Ма и за 1000 денари ке се испотепаат а не па за 100 биткоина.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
4,450
5,021
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,491
1,934
Баш затоа и му успеа- зошто е дете што се треска од земја - сите други рационално што размислувале и спроведувале свои идеи за развивање на својот Јутјуб канал - не успеале да се конфирмираат на негово ниво. Еве на пример - во последното видео вика - „Ќе изберам еден нов субскрајбер и ќе го наградам со 10К долари !„ Па нема да има субскрајбери ...Нови сметки отвараат браќа само да учествуваат во извлекување..:ROFLMAO:
Во секое видео рандом сабскрајбер добива 10к.

Инаку се гледа од коментариве на темава дека @toshex поим нема што збори за mr beast.

Не се расфра со пари за да добие он нешто, земи изгледај му ги видеата и види каде ги дава парите и на колку луѓе помогнал и може ќе ти е јасно зошто е популарен. Парите што ги дава не ни може со реклами да ги заработи.

И тоа се само видеата каде што дава пари, има и каде што се прават работи за околината, пример:

View: https://www.youtube.com/watch?v=cV2gBU6hKfY

Team trees собра повеќе пари за садење дрва него било која организација пред него ЗАЕДНО.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,444
4,885
Ethermine
www.facebook.com
Не го гледам воопшто , ниту знаам кој е. Изгледав накратко едно видео од него , дечкото е полн со енергија и самодоверба. Нека му е со среќа.
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,039
Скопје
Во секое видео рандом сабскрајбер добива 10к.

Инаку се гледа од коментариве на темава дека @toshex поим нема што збори за mr beast.

Не се расфра со пари за да добие он нешто, земи изгледај му ги видеата и види каде ги дава парите и на колку луѓе помогнал и може ќе ти е јасно зошто е популарен. Парите што ги дава не ни може со реклами да ги за
Добро како така - „неможе со реклами да ги заработи парите„ - кога во последното видео со Сквид гејмс кажа дека 2.5 или 3М долари му се од спонзор!
Тоше не го знае - он не се ни фалеше дека го знае - а во право си - помага како никој - многу донации имало од него за детски болници и тоа е за голем Респект !
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,491
1,934
Добро како така - „неможе со реклами да ги заработи парите„ - кога во последното видео со Сквид гејмс кажа дека 2.5 или 3М долари му се од спонзор!
Тоше не го знае - он не се ни фалеше дека го знае - а во право си - помага како никој - многу донации имало од него за детски болници и тоа е за голем Респект !
Сакав да кажам дека парите му се дадени за таа цел, не за личен профит да направи.

Инаку за помагање на многу начини помогнал, со давање куќи на луѓе, коли на луѓе што не можат да си купат или им требаат, многу продавници одржа во живот во текот на пандемијата, има организација која се грижи за бездомници, им даваат храна, облека, живеалишта итн.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Јас само кажав дека добива назад популарност и уште повеќе пари (на некој начин) кои пак ги вложува во наредно видео. Тоа му е моделот.

Да не добиваше сабскрајбери или пари за да продолжи да го прави ова ќе престанеше некаде, мора да е одржливо.
 
joBs0

Gaining Experience
13 септември 2019
70
72
Зарем мислите дека он ги вложува тие пари?!

Прво со големи напори успеа да дојде до првите 500к-1М(како сите другите), без да се расфрла со пари секако.

Кога почна да се расфрла со пари, секад имаше по некој спонзор, де honey, де некоја нова игрица, овој никад не ни даваше свои пари, така да прв избор му беше да си најде спонзор за видеото, во почетоците спонзорите му даваа по 50к-100к макс, овој тие пари ги вложуваше одма, прв избор му беше донации во каналот на PewDiePie, и twitch.

Најголемата публика ја исцрпи секако од PewDiePie, после тоа од најголемите стримери во денешницата, каде им даваше големи суми на пари како "донации", ама тој тие пари ги конвертираше во нови субс, и маркетинг од самите стримери, некои од тие стримери се нинџа, твуе, шроуд и така натака, едни од најголемите во денешно време.

Ова му беше во кратки црти неговата филозофија и рецепт за успех, сега смени тактика, нема веќе потреба од гореспоменатите сега фура на своја рака пројекти, заработи голема сума на пари...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,546
29,603
kalco.ru
Јас само кажав дека добива назад популарност и уште повеќе пари (на некој начин) кои пак ги вложува во наредно видео. Тоа му е моделот.

Да не добиваше сабскрајбери или пари за да продолжи да го прави ова ќе престанеше некаде, мора да е одржливо.
Па не рече баш така во првиот пост. Имаше став дека креирањето на забавни игри преку кои им помага на многу луѓе и огромниот број донации е РАСфрлање на пари.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Цитирам „цела основа на каналот му е расфрлање со пари“ - значи содржината ја прави со расфрлање на пари што е факт. Има пари, наоѓа начини да ги даде на други во секвенца на настани кои ќе привлечат гледаност на јутуб. Огромниот број донации како шо ти викаш не го ни спомнав никаде. Значи од една реченица креирате цел наратив, кој го неам кажано - место да прашате кое е моето мислење и ако не е изразено да побарате (ако сакам) да го споделам и појаснам мојот комплетен став околу се ова.

Пример: зема ламборгини и не го дава на некој туку наоѓа инвентивен начин да го даде со тоа шо он ќе ќари интересно видео. Зема пола милион долари и не ги донира туку креира популарно видео во кое најдобриот ќе ги ќари. Значи прави пари, и сите ги расфрла во следното видео во кое прави пари и така натака. Мора да е одржливо ко шо кажав во спротивно би дошол до момент каде веќе нема да има пари за да ги расфрла на што и да сака следно - било тоа донации, или видео или слично.

Ако ви треба во иднина појаснувања за нешто шо е напишано а не сте разбрале во кој контекст е напишано прашајте ќе ви објаснам. Најлоша и најнеточна репрезентација е коа избрзувате со заклучоци. Вака само ми ставате зборови во уста, и од зрно песок пробувате да дедуцирате како би изгледал замок од песок на моите ставови и мислења.

Подобра дискусија е секогаш да се праша „кој е твојот став за ова и ова“ место да се тргнува со „јас гледам дека твојот став е ваков и ваков и е лош став“.

(едитирано со појаснувања)

----------------------------------

Тука ќе се надоврзам со една интересна полемика и филозофија за тоа дали алтруизам кој е промовиран е стварно алтруизам. Многу длабока тема за дискусија е реално. Пошо имаше некој кој беше кажал дека да ставиш во спотлајт некој на кој му треба помош за од тоа да направиш публицитет најчесто не е од алтруистички побуди... ама кој знае може целта е пак дека такви моменти носат до повеќе приходи кои пак може ќе завршат во уште повеќе донации...

Интересно време е ова во кое живееме. Контрадикторно само по себе. Како и да е ние можеме само да дискутираме, не дека имаме влијание врз ова или она. Се шо може како резултат на дискусииве ко шо гледам е да се тригерира некој а тоа е нешто шо треба да научиме да го надминеме - онакво тригернување без потреба.

Тркалото си врти, човеков си прави видеа кои се забавни и во кои многумина добиваат пари... и така натака :)))

---------------

Најјако е шо џабе пишувам коа сите имаат во себе единствено доволно attention span за да прочитаат преку сила една две реченици. А не ми се пишуваат сто реплики така шо кој сфати сфати кои се моите гледишта кој не, може слободно да ме хејта.
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,546
29,603
kalco.ru
Донирање во никој случај не е расфрчање со пари пробај да ги резонираш тие две ствари.
Ставот во твојот прв пост и овој што сега го пишуваш немаат врска, или го пишувале двајца различни луѓе или коментарите на членовите успеале да ти го сменат ставот. Ако е второто тоа е за пофалба, форумите служат да помогнат и на паметните луѓе што имаат погрешен став да го исправат или за глупите да се инатат.
Паметен дечко си и ја смени перцепцијата за расфрлање на пари, само сакаш да се инатиш пошто тоа ти е забавно вероватно.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,230
5,915
Зарем мислите дека он ги вложува тие пари?!

Прво со големи напори успеа да дојде до првите 500к-1М(како сите другите), без да се расфрла со пари секако.

Кога почна да се расфрла со пари, секад имаше по некој спонзор, де honey, де некоја нова игрица, овој никад не ни даваше свои пари, така да прв избор му беше да си најде спонзор за видеото, во почетоците спонзорите му даваа по 50к-100к макс, овој тие пари ги вложуваше одма, прв избор му беше донации во каналот на PewDiePie, и twitch.

Најголемата публика ја исцрпи секако од PewDiePie, после тоа од најголемите стримери во денешницата, каде им даваше големи суми на пари како "донации", ама тој тие пари ги конвертираше во нови субс, и маркетинг од самите стримери, некои од тие стримери се нинџа, твуе, шроуд и така натака, едни од најголемите во денешно време.

Ова му беше во кратки црти неговата филозофија и рецепт за успех, сега смени тактика, нема веќе потреба од гореспоменатите сега фура на своја рака пројекти, заработи голема сума на пари...

Апсолутно си контрадикторен во ова што го збориш. Гледам истото и кај Лајнус проектот е, зарем не разбирате како работат бизниси?
Ако Mr. Beast има спонзор, тие пари се слеваат во компанијата. Потоа, тој може да одлучи да ги реинвестира во компанијата, да ги користи за видеа или пак да си ги извади како заработка.

Така што, без разлика дали имал спонзор или не, тие пари технички се НЕГОВИ. Значи он се расфрла со негови пари, кои ги добива од различни извори.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Донирање во никој случај не е расфрчање со пари пробај да ги резонираш тие две ствари.
Ставот во твојот прв пост и овој што сега го пишуваш немаат врска, или го пишувале двајца различни луѓе или коментарите на членовите успеале да ти го сменат ставот. Ако е второто тоа е за пофалба, форумите служат да помогнат и на паметните луѓе што имаат погрешен став да го исправат или за глупите да се инатат.
Паметен дечко си и ја смени перцепцијата за расфрлање на пари, само сакаш да се инатиш пошто тоа ти е забавно вероватно.

7 души пишуваат :) Фала многу шо ме правиш подобар човек шо друго да кажам, ако тоа е заклучокот до кој доаѓаш.

Јас сметам дека ти само си нашол став кај шо не ни било наменето да се прикаже некој став, и сеа тврдиш дека ставот се променил. Сеедно пак ќе кажам немаш ни 2% слика за мене ко шо ни јас ама ич неам слика за тебе каков си и што си и што се твоите ставови и соништа и така натака се тоа. Не се знаеме немаме дискутирано толку така шо глупо е да претпоставуваме и да си мислиме дека знаеме. Само не сакам да тврдиш дека уопште имаш појма и да прикажуваш неточна слика за мене.

Ете пример може сум ужасно глуп ама ти заради 4 интеракции на форумов со мене сеа викаш дека сум паметен. Малце арогантно е да скршнуваш од тема на дискусија и да сеа анализираме Тоше шо сакал да каже, шо кажал, како го кажал и така натака.

Која е целта на тоа?

-------

Да се вратам на тема - расфрлање со пари е пошо има пари и ги расфрла. Дел од тие пари завршуваат во донации некаде, дел кај разни луѓе... ама основата односно крајната цел на се тоа е за да он собира популарност пред било шо друго - за да може да продолжи во иднина да го прави истото. Никаде не кажувам дали е добар или лош човек, дали има добри или лоши намери. Може од старт целта на каналот е да собира толку пари шо ќе има за да помага на сите шо може, а може е едноставно да се обогати. Тоа не го знаеме и нема да го знаеме никогаш.

Зборам само дека суштината на како работи тој механизам е дека ги расфрла парите, или ете со друг термин - ги реинвестира до цент - назад во машината.

Ете во последното видео, и тие видеата за како е правено кажуваат дека 2 милиони долари се потрошени за да го направи сетот да биде што е можно пореалистичен.

Можело да го направи и за 500 долари (да ги собере сите на една полјана и да играат) ама немало да изгледа толку кул. Немало да биде толку забавно. Можело, и можел тие 2 милиони место да ги фрли на „шминка“ да ги донира или да си ги чува - ама не ги.

Зошто - затоа шо вака видеото ќе биде многу покул и ќе биде многу попопуларно. Затоа шо вака ќе може да промовира и други канали кои му помогнале во изведбата на се ова, да се гради поголема мрежа и така натака - ЕДНА ГОЛЕМА МАШИНА која мора да тера и не само тоа мора да расте.

Се ова е до некаде калкулирано и пресметано да биде најдобро подмачкана машина шо може. Дали е добар човек - од кај знам, можеби може не. Битно знам дека персоната која ја презентира на интернет е топ дечко и така. Подалеку од тоа колку е забавно видеото на крај на денот повеќето не ги ни интересира.
 
Последна промена:

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,433
3,195
Ресен
Од влакно ортома постовите едно време Локван го имаше приматот ама Тошекс го надмина.

Не ми лути ама последно ептен ти се долги постовите за работи кои се не толку важни. Наместо да потрошиш толку време на пишување, преориентирај го на пократок пост :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,702
6,493
Мелмак
Од влакно ортома постовите едно време Локван го имаше приматот ама Тошекс го надмина.

Не ми лути ама последно ептен ти се долги постовите за работи кои се не толку важни. Наместо да потрошиш толку време на пишување, преориентирај го на пократок пост :)
⬇⬇⬇⬇
Најјако е шо џабе пишувам коа сите имаат во себе единствено доволно attention span за да прочитаат преку сила една две реченици. А не ми се пишуваат сто реплики така шо кој сфати сфати кои се моите гледишта кој не, може слободно да ме хејта.

Не се лутам, точно е дека пишувам долго, и го правам тоа пошо стварно се трудам да објаснам пошо коа ќе напишам една реченица ко во првиот пост ќе се појави некој рандом @Fatal1ty_ и ќе тврди дека некој став сум произнесол. А коа пишувам долго никој не чита и така - заебан сум секако.

Само да престанам да пишувам воопшто е решение на проблемов.

ЕДИТ: или да игнорирам коа некој ќе проба да образложи моја кратка реченица шо значела и да не се објаснувам... ама тешко е да игнорирам коа некој шо има многу влијание на форумот како Фејталити доаѓа и вика - еве го твојот став и тој е погрешен. Пошо после ќе си мислат поновите членови дека у право е фејталити и ќе донесуваат слични заклучоци за се шо ќе напишам и ни тоа нема да го читаат. Значи пак сум заебан секако нема да ме читаат.

Отворен сум на идеи за како да го решам проблемов ако имаш @Sharlovski слободно пиши ми :) Отворете и тема ако сакате во офтопик.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,186
Мислења
879,738
Членови
30,813
Најнов член
viktor7
На врв Дно