• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Mozilla firefox (tweaks) - подесувања за побрзо пребарување

  • Ја почнал/а темата
  • #1

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
За оние коишто користат Firefox и имаат интернет со брзина поголема од 512 kbit и користат Mozilla Firefox, би им препорачал да ги користат следните измени во Firefox за побрзо сурфање на нет...

Опциите се менуваат со внесување на командата about:config во адресното поле.
Окако ќе внесете about:config, потоа треба да притиснете I'll be carefull ;)

Ајде да смениме некои опции:

За полесно пребарување на опциите, испишете ги бараните зборови (коишто ќе ги наведеме понатаму во текстот ) во Filter Search-от.




1. Firefox фабрички е подесена да чека 25 милисекунди пред да ја прикаже страната којашто ја пребаруваме. Ако го намалиме овој број на 0 би добиле некое минимално забрзување, но сепак приметливо.

Како: Десно во празниот простор од прозорецот притиснете десен клик --> New --> Integer, во новиот прозорец внесете nglayout.initialpaint.delay , и зададете вредност 50
- На овој начин firefox ќе започнува со прикажување на сајтот после 50 милисекунди ( наместо стандардните 250 милисекунди )

2. Кога отвораме нова страна, Firefox по автоматизам ја ре-рендерира ( одново вчитува ) страната по изминати 120 милисекунди.
- Ако ја смениме оваа вредност на 500 милисекунди ( 0,5 мин ) страните ќе бидат подобро рендерирани ( нема да се поместуваат сликите и текстот на секои 120 милисекунди ), односно оваа опција е за поголема прегледност.

Како: Десно во празниот простор од прозорецот притиснете - Десен клик --> New --> Integer, во нотиот прозорец внесете content.notify.interval ,и зададете вредност 500000 ,
за оваа опција да работи, треба да внесеме и друга промена, односно, Десен клик на празниот простор, New --> Boolean , во прозорецот внесете content.notify.ontimer ,и зададете вредност True.

Со овие промени, страните ке се освежуваат на секоја половина секунда и ќе се попрегледни ( лично мене, ова ми е омилен фикс )

3. Ако го користите Search Toolbar-от ( горе десно во Firefox пребарувачот ), и сакате по автоматизам кога ќе внесете некој баран збор да се отвора во нов таб по автоматизам, следниот фикс е за вас:

Како: Десен клик на празниот простор, New --> Boolean , во прозорецот внесете browser.search.openintab , и зададете вредност True.

Со овај фикс се добива во време, односно нема потреба да отворате нов прозорец, па потоа да внесувате клучни зборови во Search Toolbar

4. Овој фикс е сличен на предходниот, но се работи за Bookmarks.
Доколку сакате кога ќе кликнете на некој Bookmark, да се отвори во нов таб, а не во постоечкиот:

Како: Десен клик на празниот простор, New --> Boolean , во прозорецот внесете browser.tabs.loadFolderAndReplace , и зададете вредност False.

Со овој фикс, моменталниот таб кој го користите, нема да биде заменет со Bookmark-от, односно, по автоматизам ќе биде отворен нов таб.

5. Стиснете повеќе таб-ови во барот за таб-ови ( tab bar )

Како: Во Filter внесете browser.tabs.tabMinWidth , фабричката вредност е 100 пиксели, сменете ја по желба, но мора да имате во предвид дека некои табови ке бидат тешки за читање.

Оваа опција е добра ако често имате отворени многу страни во исти момент.

Фиксовите досега набројани беа повеќе за прегледност, или некои мали но досадни опции, следните се за брзината на работа на Firefox, односно мрежни подесувања ( се користи истиот about:config прозорец )

6. За правење повеќе конекции одеднаш, а со тоа и забрзување на отварање на страните:

Во Filter Search-от внесете network.http.max-connections , и сменете ја постоечката вредност којашто е 24 во нова - 32 .

7. Доколку во некоја страна е понатрупана со слики или текст, следниот фикс е добар,
Во Filter внесете network.http.max-connections-per-server , и сменете ја вредноста со 16.

Овој фикс е добар за страни како Facebook, Hi5,... и многу други страни коишто содржат повеќе линкови.

8. Следниот фикс е за брзината за размена на податоци помеѓу firefox и бараната страна
Filter --> network.http.max-persistent-connections-per-server,
сменете ја опцијата во 8

Напомена: Доколку користите proxy, opcijata network.http.max-persistent-connections-per-proxy, исто така треба да ја промените во 8.

Поврзан фикс со горенаведениот е network.http.request.max-start-delay , чијашто вредност е препорачливо да е 0.

9. Следната техника е сеуште екпериментална , но сепак би ја препорачал:
Опцијата network.http.pipelining , сменете ја во True
Опцијата network.http.pipelining.maxrequests , зададете вредност 16

Напомена: За тие коишто користат Proxy, треба да ја сменат и опцијата network.http.proxy.pipelining во True


Тоа е се за сега :D

Во firefox 2, брзината којашто се забележува е огромна, а во Firefox 3 се добиваат некои 50 % брзина, и пребарувањето е попрегледно и полесно. Причината за тоа е, Firefox 3 си има земено малце "слобода", ако може така да се каже, и има интегрирано голем дел од фиксовите, што не беше случај во Firefox 2.


Превземено од Computer World


поз
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,546
Мислења
822,986
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно