1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Монтирање на PC на ѕид

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од Rikimaru, 3 Јануари 2020.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    Здраво другари,

    Ќе склопувам нова машина (NAS-Killer) и барам куќиште за тоа. Како трет-свет земја немаме избор на се' и сешто па да порачам куќиште коешто е естетски привлечно, практично у економски достапно. Моментално изборот ми е сведен на ефтини TOWER+PSU 1000 денари куќишта. Се мислев исто така дали да направам отворен билд во test bench (ама не најдов кај нашиве продавачи), а како потенцијална опција ми стои и монтирање на сите делови на ѕид.

    Гледав неколку видеа и слики, читав туторијали и постови од луѓе кои го направиле тоа. Изгледа интересно, средено (каблите како сакаш ги пренасочуваш) и естетски убаво во cyberpunk стил. Неколку cons моментално ми се самата изведба на таков проект (на што ќе го монтирам итн.) и буката којашто би ја предизвикувала таков систем.

    Дали некој од вас има искуство со градење на ваков систем?

    Ппозз..
     
    farkizz, Lokvan и на temelk4 им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,303
    3,607
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Магнети за прашина...
     
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    Не ми е проблем тоа, вертикално ќе бидат деловите монтирани, и мала доза прашина што ќе се залепи по некое време ќе дувниш ќе се исчисти, како што мора да ја чистиш собата од прашина редовно така и ова ќе го поминиш. Секако помалку прашина ќе собира отколку ако лежат деловите во куќиште.
     
  4. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,303
    3,607
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Пробај биди уникатен и креативен на некоја шперплоча , како основа земи пресечи од некое старо куќиште и заштрафи го на шперплочата. Има доста интересни дизајни по јутуб .
    Инаку за на зид би препорачал да е некое со ргб темна боја и да не е ептен дречлива.
     
    На turbiny и Rikimaru им се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,580
    3,574
    12 Јануари 2016
    Машко
    Jaс користам пар машини физички сместени на ѕид. Користам најобични полици од иверица, со обични метални држачи за полици (со доволно носивост). Ништо сложено за изведба, ти треба само бормашина за пар дупки по држач и соодветни типла+штраф (4 пара вкупно). Треба малку пазење и мерење да ги нивелираш држачите на иста висина, не дека е трагедија ако згрешиш малку.
    Додатна стабилност е постигнав со прицврстување на горниот дел од куќиштетото со парче дебела жица од која едниот крај е прицврстен на куќуштето а другиот е заштрафен во ѕид (користени беа типла и штраф со поширока глава, веројатно требаше да додадам и шајбна). Ова последново (прицврстувањето) е веројатно непотребно, но дава додатна сигурност во некои ретки непредвидени ситуации.

    Сиугурен сум дека истата работа може да се направи и многу покомлицирано и „пофенси“ (и дека многумина го документирале тоа на нет). Веројатно и јас ќе комплицирав да не морав тогаш набрзина да ја завршам работата - и нормално, привременото решение остана како трајно. ;)


    офтопик: поинтересен муабет е што хардвер ќе користиш, и со која софтверска платформа ќе идеш, за NAS-от... ама можеби планираш да отвориш одделна тема за тоа (во кој случај обавезно да ставиш линк овде, радо би ја следел таквата дискусија)
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    Јас имав друга замисла. Без куќиште, само сите поединечни делови вертикално заштрафени на една огромна шперплоча која што исто така ќе биде залепена вертикално надолу како слика буквално. И гледано напред ќе биде се како шема од компјутерски систем. Налик ова:

    wall mounted pc - Пошук Google

    За НАС-от ќе користам unRAID, истражував повеќе оперативни како FreeNAS, unRAID, xpenology, меѓутоа unRAID ми се виде како нејлесен и најпрактичен за употреба, бидејќи не е тоа стандарден RAID system и можеш да користиш какви сакаш дискови врзани во серверот. Јас имам 4 екстерни од различна големина коишто ќе ги извадам и сместам во системот. Најголемиот ќе го ставам како Parity за сите помали дискови, а партицијата што ќе остани ќе ја користам исто за дата што значи цел простор ќе го имам на располагање. unRAID има доста силна заедница којашто е спремна да помогне во секој момент а и оперативниот има навремени апдејти и брза поддршка. Ќе снимам медиа центар софтвер исто и ќе му дадам remote access на серверот. Каде и да сум во светот ќе имам свој приватен нетфликс од 20 ТБ.
     
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    За хардвер горе долу се одлучив,

    Ryzen 3 2200G (доаѓа со VEGA графичка)
    16 гб најефтин рам
    матична со 6 сата порти најефтина
    најефтино наслабо напојување.
    Најефтино ССД за кеш
    Flash 16gb за системот

    Како и да гледаш за цената што ќе ја платам: околу 15к ден. ќе добијам систем којшто е доста доста појак и од најефтиниот НАС со 4 bays. Ќе можат повеќе корисници да стримаат медиа истовремено (за што и го правам системот), бидејќи сите дома сакаат да гледаат по нешто. Оди стримај на NAS да те видам со 4 users којшто има 1 гб рам и преслаб процесор.
     
    На temelk4 и Lokvan им се допаѓа ова.
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,580
    3,574
    12 Јануари 2016
    Машко
    Кул, слично размислуваме пошто и јас сакав/сакам едната машина да поставам на таков панел (веројатно од иверка пошто имам парчиња, но и шпер-плоча може да се употреби). Посебно пошто повеќе парчиња хардвер ќе имам потреба да ги лоцирам на исто место а rack или нешто во тој стил - не доаѓа во предвид.

    Инаку јас размислував за поиздолжен правоаголен облик за подлогата каде сите компоненти се поставени во една долга „лента“. Потоа со странични ѕидови и со плексиглас поклопец (а може и иверка/шпер) да се постигне нешто како големо „куќиште“ во кое може на двата краеви по должината, да има по пар поголеми вентилатори кои ќе го движат воздухот (со мал број обртаи за помалку бука и поголема трајност).
    За штрафење би препочарал спејсери, за да ја одвоиш матичната плоча (и другото) од подлогата - за вентилација и ладење од двете страни на електрониката.


    oфф: Озбилно силен хардвер (можеби и overkill), веројатно планираш да користиш ZFS?
    FreeNAS е бесплатен, unRAID колку кошта лиценцата? Хардверот провери дали ти е компатибилен? unRAID го фалат за „незамарање“ ама ваквите работи некако не идат баш без навлегување во деталите. Јас лично веројатно ќе одам со Openmediavault и некој поедноставен хардвер (проект за во иднина).
    Ти со таков хардвер веројатно ќе сакаш и со виртуелизација да се забављаш, обрати внимание и на тој аспект. На крај што и да направиш сам, секако ќе имаш подобар NAS за парите во однос на комерцијално достапен уред. Со среќа и да ги напишеш искуствата. :)
     
    Последна промена: 3 Јануари 2020
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    Lifetime лиценца за unRAID basic (до 6 дискови) е 59 долари. Таква планирам да земам. unRAID не работи нативно на ZFS, меѓутоа има плагин. Разговарам со корисници и на unRAID и FreeNAS. Можеш моментално да добиеш помош на неколку големи дискорд сервери каде што сервер инженери комуницираат:

    Join the serverbuilds.net Discord Server!
    Join the Data Hoarding/Homelab Discord Server!

    Админите на овие сервери се софтвер инженери со долги години искуство во своето поле и отворени се за помош и поддршка во кое било време од денот. Хардверот е таман многумина имаат на Ryzen платформа направено unRAID систем. Со дисковите немаат проблем никаков.

    Не сметам дека е оверкил бидејќи на насот ќе терам апликации ќе се енкодира, декодира итн итн.
     
  10. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,580
    3,574
    12 Јануари 2016
    Машко
    Убаво штом детално си ги разгледал работите и си се решил, инаку се разбира дека за различни (или за исти) потреби - има различни решенија.
     
  11. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    393
    253
    26 Март 2016
    Машко
    Немам многу искуство во градење сервери, меѓутоа имам желба да научам и како подобро отколку на своја рака да направаш еден. И да излезат проблеми така уште повеќе ќе научиш.
     
  12. turbiny

    turbiny
    Gaining Experience

    180
    88
    20 Декември 2016
    Машко
  13. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,059
    1,175
    11 Март 2011
    Монтиран мал компјутер (нет-топ) позади телевизор, после некое време имаше темна трака на ѕидот каде што е издувот. Евентуално и тоа да имаш предвид.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. hebocig
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,426
  2. Miroslav Ilic
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    350
  3. martinmilcev
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    493
  4. Draynor
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    591
  5. aleksuperior
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    356
Вчитување...

Сподели

Вчитување...